Извини друже шо се мешам во муабетот,ама шо
КРЕАТИВНО има во ова?
Секој од страна да го гледа ова ќе се скини од смеење....
Викаш заебанции,закачки,кревање атмосфера пред дерби...
Па во последните 16,17 години истата песна е...
Пароли,песни од типот
СТОПАНСКА БАНКА,ТАТ,СКОПЈЕ СЕ ГРАДИ СО ВАШИ ПАРИ,па после станува уште подобро
,кореографии од проектот на Грујо(читај пералница за пари)
СКОПЈЕ 2014(цела Македонија го осуди ова нерационално трошење на пари,народни пари)Комити дркаа на споменици.....
Зошто?зошто некој решил да пери пари,народот да плаќа...е па не се криви другите градови шо власта кради пари,а се прикриваат сите
со некои квази патриотски проекти и сеќавања на некои ликови од минатото....
Да одиме понатаму-Битола село...Немој не ме радуј....
Град со најголема историја во урбаното живеење,уште од времето на Османлиите,кога во Битола се организирале балови,кога се слушале звуци на клавири,во грото од Македонија(која години подовна се насели масовно во метрополата)се слушаа кавали од овчари....
Не за џабе странците ја ценат Битола,нејзината историја,култура,архитектура....
Клипови со трактори,кореографии со магариња...па во Битола луѓето немаат кренато потешко од филџан со кафе...е сеа некој ако се поистовети со некои професии кои се практикуваат и се извор на живот во Мралино,Припор,и другите населби кои се припоија кон метрополата и сега продаваат муда за бубрези не е наш проблем...
Е сега шо централната власт овие 20 години по секоја цена реши да ги маргинализира другите градови,вклучувајќи ја и Битола ,за сметка на метрополата е друга песна....
Тоа шо Битола нема аеродром,Мекдоналдс и други задоволства е заслуга на државата,тоа шо се испозатворија сите јаки фирми во Битола,шо политичарите му ебаа матер на градот,шо градот падна на економски план е друга работа...
Овде е виша политика...се знае колку е сатот....
И да не го тупам...
Навистина не ми е рационално,група како Комити,со еден куп луѓе интелектуалци во своите редови,со дечки шо се одлично потковани во навивањето да форсираат упорно години наназад ваква
КАМПАЊА....
Толку многу работи има да се смислат против Чкембари,овие упорно на ова се фаќаат....ШУРА ТИ ЛИ СИ? демек нема Скопјанки мажени во Битола?
И шо демек некој се вреѓа во Битола од овие работи?Вистински Битолчанец(не некој шо до пред некоја години живеел на село,а за жал има и такви,почнаа да се котат)не се замараат со ова....
Не знам за другите земји,ама мислам дека ние сме
ПРЕСЕДАН ВО СВЕТОТ НА НАВИВАЊЕТО...
Разбирам да се пецкаат групите,да има ниски удари и слично,едните украле транс,победиле во некој фајт, и слично...да има провокации,пароли.....ама ова го има само кај нас...
Ај сега БББ да вадат кореографии дека Загреб е побогат град од Сплит....
или има повеќе споменици....
Шо ако има во Скопје аеродром,трговски центри,Мекдоналдс
?
Шо има ова врска со навивањето?со фудбалот?
Навистина глупо делува.....
Дај ако не да се префрлиме како навивачки групи во политичките партии целосно(и така грото од навивачките лидери се партиски обоени
)....
Па едните да ја величаат власта зошто во Скопје има се,а другите да плукаат зошто во Битола нема Мекдоналдс,и грото пари од Министерството за образование се префрлаа во скопските факултети.....
,зошто Битола не дава толку партиски пари како Скопје во ФК Пелистер.....
П.С.
И јас студирав во Скопје,и сега шо?Треба да се срамам нешто?