Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

денес бугарите протестираат
граѓани од сите гтрадови на БГ ќе се соберат во Софија да го искажат незадоволството од високите сметки за парно, струја и вода
0000179805-article.jpg


http://www.dnes.bg/stranata/2013/02/10/nova-vylna-na-protest-tozi-pyt-sreshtu-toplofikaciia.179805
 
Уште во април минатата година лепотанот од регулаторна најави дека кај нас ќе се воведува „ бугарски модел “.
http://www.sitel.com.mk/do-septemvri-kje-se-znae-dali-i-kolku-kje-se-plakja-za-isklucheno-parno-0

Не знам какви се околностите и општите услови во Република Бугарија околу енергетиката и кои се причините за овие протести.
Но кај нас ги знам: Ние плаќаме најскапа струја и најскапо парно за да се: (1) Се овозможи вклучување на ТЕ - ТО, со астрономски цени, во електроенергетскиот систем
(2) за да финансираат астрономските профити на Топлификација,
( 3) за да се одплатауваат на долговите направени околу она што се нарекува: „ Прва и најголема приватна енергетска инвестиција “ - ТЕ - ТО.
Не знам дали и во Бугарија има вакви промашени мегаломански инвестиции. Но во секој случај нашите симпатии и подршка се кон Бугарскиот Народ
 
Во цела Бугарија протести против монполите ЧЕЗ EVN EON и Топлофикација.
Од Софија:

Од Пловдив:

evn_koli.jpg


Кво чекате вие, да стане кВч 1 денар?
 
Во цела Бугарија протести против монполите ЧЕЗ EVN EON и Топлофикација.
Од Софија:
Кво чекате вие, да стане кВч 1 денар?
Ние одамна ги направивме протестите АМАН. Почнувајќи од 14 август 2012., вкупно 18 недели Скопје и цела Македонија ечеше - лопови, лопови, лопови.
Сега АМАН има дадено предлог за измена на Законот за енергетика - утре на 11. 02 Собранието ќе го разгледува.
Сега чекаме Insha’Allah
 
Во Дневник е објавен напис за Топлификација сега преименувана во Балкан енерџи:
Накратко:
Во понеделник или вторник, ќе испраќаат нови сметки кои ќе бидат максимум за 5% пониски
Исклучените и понатаму ќе добиваат сметки.
Уставниот суд наводно калкулирал кога ќе ги разгледа иницијативите
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=D8BB688D36122044B28FA6994EB7F6CB
 
Во мојата зграда стигнаа новите фактури.
За „ приклучените “има намалување од повеќе од 10% - наместо 6200 им дојде 5500
За мене како „ исклучен “ нема намалување туку покачување, Порано1250 денари, сега добив 1251 денар
Ова е мој поздрав до вработените на Топлификација:
http://www.youtube.com/watch?v=b2eO2q-Qhag
 
Денес ја добив сметката-фактура за греење за месец Јануари 2013 со напомена дека се она што е изготвено е пресметковно согласно Тарифникот за продажба на топлинска енергија
И дека при наредното читање ќе се изврши „порамнување„ на потрошувачката...согласно „реално„ потрошените количини...
Сумата е нешто „намалена„ споредено со таа за Декември 2012година и сега изнесува 4.113,00 денари

Грејна површина 69,90 метра/квадратни
Пресметка на аванс............................3.486,00 ден.
Пресметка на мерач............................7.080,00 ден.
пс
Ако арно ги разбрав...нив им должам уште баеги пари..оти авансот им е очигледно „мал„...оти според нив односно според „мерачот„ нивен...сега јас треба да им до-платам сума 7.080,00...наместо 4.413,00 денари
Во тој случај ЈАС ....сакам да си најдам друг начин на греење..ОВА е ПОГОЛЕМА СУМА и е очебиен ГРАБЕЖ .....одколку тој досега ...од „старите„ арамии прикажан.
АКО ....државата не превземе нешто ПРОТИВ и овие незаситни за пари пијавици...треба да се бојкотират ИЗБОРИТЕ...како „ишарет„ до надлежните ....дека овде и одново нешто очигледно им чкрипи!?
:eek:
 
КАДЕ е СЕГА прашувам ....ПРАВНАТА ДРЖАВА на Република Македонија односно Анти Монополската Агенција нејзина...за да ги сузбие навестените „игри без граници„ на досегашниот ем ЕДИНСТВЕН ем и „голем„ снабдувач со топлинска енергија !?
Она што (им) го стори Америка , на своите МОНОПОЛИ ...
Ги ПОДЕЛИ ...наместо еден створија по ДВА „субјекта„.... за иста дејност...
НО.... со посебни менаџменти и сметки....
И само КОНКУРЕНЦИЈАТА која од тоа про-излегува .... која ете во случајов и со државен акт се направи ...добија само граѓаните -КОРИСНИЦИ на нивните услуги...
Евидентниот КВАЛИТЕТ ....и неспорно далеку пониска ЦЕНА ...од оваа која ја имамје кај нас сега...и која е обратно пропорционална со животниот стандард.... сега и овде кај нас.
А кај нас „субјектите„ ....си се исти и се налик на своите „претци„....
МОНОПОЛИТЕ во Македонија...познати секому...кои дури и судската власт ја „впрегнале„ како нивен личен извршител...во нивните планови за пљачкосување на населението во Македонија
:eek:
 
Во Вечер има напис воглавно за мислењето на Народниот правобранител но и на неколку граѓани околу случувањата со Топлификација - Стравот не попушта...
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=174A39A586C6A7439C41BF60326CB627

Еве една реченица која се однесува на исклучените:
Големо незадоволство изразуваат и семејствата кои се исклучиле од мрежата на Топлификација. Тие според Правилникот за топлинска енергија се приморани да плаќаат одредена цена, иако не користат услуга. За оваа спорна одредба треба да пресече Уставниот суд, а додека се чека неговата реакција Народниот правобранител се обратил до Регулаторната комисија за енергетика и посочил дека треба да се променат постоечките прописи и правила. Одговорот од регулаторот бил дека фиксниот надоместок поранешните корисници го плаќаат поради ангажираната моќност на мерните места.
- И покрај доставените укажувања и информации, состојбата остана непроменета и спорните правила за снабдување со топлинска енергија се уште се на сила - се наведува во извештајот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom