Туристички информации

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
ако резервирам хотелска соба во некој град преку booking.com како ќе го најдам хотелот кога ќе стигнам во градот?
 
Мислам дека со оглед на тоа дека сме 2013 година, а не 1923, мислам дека нема да имаш проблем.
Мапи, информативни табли, GPS, конверзација со луѓе?
 
ако резервирам хотелска соба во некој град преку booking.com како ќе го најдам хотелот кога ќе стигнам во градот?
Скроз исто како и да би го резервирал хотелот преку телефон или пак преку агенција.
Ебате беља, ебате...После му се смееме на Американците. :rolleyes:
 
Да си прашам нешто. Со дечково ги имаме прошетано околниве земји. Епа сега барам препорака за некое друго место за летување или престој од десетина дена. Значи, да не биде Грција/Хрватска/Црна Гора/Турција/Бугарија/Албанија, ама па и да не биде нешто што би чинело по 2000 евра од личност, ако воопшто постои такво место. Затоа прашувам уште од сега, бидејќи авионскиве карти се поевтини ако си резервираш месеци однапред.
 
Кој тајминг би ти одговарал?
Моја препорака е Lido di Jesolo во Италија... Со виз фаќаш авион до Венеција.
Потоа со автобус одиш од аеродром до Јесоло кој е оддалечен 50тина километри .

Тука можеш да букираш хотел за престојување.

Колку би чинело едно такво патување за ударен термин од 2-ри до 9-ти Август?
Односно 7 дена со 6 ноќевања.

Авионски карти Скопје - Венеција некаде 200 евра.
Автобуски карти или пак евентуално фери од Венеција по мое не би требало да одат над 50 евра за двајцата.
Хотел, мене ме бендиса овој кој чини 636 евра со вклучен појадок за двајцата.
Инаку добри опции ти се исто така и Хотел Треви кој чини 548 евра, Хотел Гамринус 570 евра, Хотел Роса 660 евра итн, итн.

Сите хотели се со полупансион односно вклучен дорулек, голем дел од нив имаат сопствени плажи и се блиску до морето, така што немаш останати трошоци за превоз.
Италија е релативно скапа, но може да се изменаџира да се помине поефтинко ако се откажите од секојдневните вечери по ресторани и ако си купувате од продавница и готвите за ручек или пак од некои трафичиња за брза храна.

По мое со уште 500 евра ќе може да се претера тие 7 дена навистина супер. Тука еден ден прошетка до Венеција со фери низ каналите и некоја романтична вечера би додал нека биде уште 100 евра и ќе дојдиме до сума од 600 евра за трошоци.

Сега еве моја математика

200 за карти
600 за хотел
50 за автобус
600 за останати трошоци
50 за кондоми и лубриканти

И може да се заокружи некоја сума од 1500 евра за двајцата за 7 дневен одмор во Италија.
Ако инсистирате за 10 дена тогаш плус 400-500 евра на оваа сума.

Излегува уште поефтино ако не е во шпиц на сезона истово.
 
Си бил ли ти таму? Ја колку што знам се околу венеција е мочуриште, со се самата Венеција, крајбрежјето кога одиш на север е целото кал, како во Дојран.
 
Dali ima nekoe patuvanje preku nekoja asalna agencija mesecov ili naredniov mesec. Nikako agenciive da soberat 45 patnici za Istanbul, Viena, Venecija, Praga.Samo Bansko odat, i na morinja Albanija, Grcija. Dali znajte nekoja agencija asalna, sho ima prirodonaucni patuvanja vo nekoja evropska metropola na 3, 4 dena so organizirana grupa.
 
Немам појдено лично, мои пријатели беа таму пред 10тина години преку агенција некоја наша и беа задоволни. Лани јас правев некои планови за таму, ама не излезе ништо.
Хотелот каде што биле сместени имал приватна плажа и сопствен базент и колку што прочитав на нет голем дел од хотелите го имаат тоа.
За Венеција знам дека во лето не е препорачливо да се оди оти смрди по тоа каналите, но овде сепак ресурсите се сместени директно покрај брегот и не верувам дека има проблем со застојана вода.

Имаше порано по агенциите понуди за Јесоло и Римини, па не би било лошо некој што бил веќе да фрли некое светло и кажи каква е водата.
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 07:44 ---

Сега за 8 Март ќе има организирано патувања во дел од овие градови.
 
Сум била два пати во Италија, двата пати по неколку дена. Значи Римини и Лидо ди Јесоло се две различни работи. Венеција е трета работа.
Римини е типично младалачко, туристичко местенце а плажата е со плаво знаменце веќе години наназад, што значи чиста и уредена по сите прописи. Ноќен живот лудница.
Ова не е случај со Лидо ди Јесоло, барем јас така го доживеав. Плажата е огромна, песочна, со ептен ситен песок и целата е со лежалки. Проблем барем за мене беше што после пладне е речиси невозможно да се избањаш бидејќи водата е тиња во буквална смисла. Плус тоа одиш едно 100 метри и се плитко до колена. Мене искрено не ми се бендиса. А ванпансионските услуги релативно скапи (ова се зборувам во ек на сезоната од 15 јули). Јас искрено не би одела на летување таму пак. На шетање,да, но не на летување.
Иако бев во средина јули, јас кога бев во Венеција првиот пат врнеше. Таман стигнавме до Риалто и накиснавме до кожа, изгреа сонце. Така да ја видовме Венеција во сите светла :) и е прекрасна секако. Со гондола не се возев така да незнам дали мириса по каналите, тие што се возеа викаа дека мириса. :sick: Инаку за шетање Венеција ите како ја препорачувам, треба да се види еднаш во животот. Можеби не преку лето, има мнооооогу туристи, не можеш ништо на раат да видиш само те туркаат од сите страни, можеби пролет е подобра опција.
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 09:13 ---
Да си прашам нешто. Со дечково ги имаме прошетано околниве земји. Епа сега барам препорака за некое друго место за летување или престој од десетина дена. Значи, да не биде Грција/Хрватска/Црна Гора/Турција/Бугарија/Албанија, ама па и да не биде нешто што би чинело по 2000 евра од личност, ако воопшто постои такво место. Затоа прашувам уште од сега, бидејќи авионскиве карти се поевтини ако си резервираш месеци однапред.

Шпанија. Според мене подобра опција од Италија поради некоколку причини.
1. Поефтина
Во секој поглед. И ванпансионски услуги и смештај. Во Шпанија (иако викаат дека и Мајорка не е екстремно скапа, не сум била и не знам, затоа тука зборувам за Лорет и Барса) имаш маркети каде можеш да купиш што ќе ти душа посака по цени блиски до нашите. (на пример да речеме маалку поскапо). Пансионската услуга или смештајот во Лорет е релатвно ефтин. За 400 евра за 2 со доручек и вечера имаш 10 дена во хотел со 3*. Првиот пат кога бев бев во Фламенго и Фриголо(хотел на самата плажа во Лорет) би ти го препорачала. Сум била и во Хаваи, малку поексклузивен (и поскап) и подалеку од плажа. Но воглавно пак би се одлучила за овој првиов бидејќи е ептен во центар и се ти е блиску, плажа, дискотеки, шеталиште...

2. Според мене Лорет има повеќе да понуди од Лидо ди Јесоло, во секоја смисла од дневна до ноќна шема.

3. Од Лорет имаш излети и излети колку ти душа сака. До Барса, Фламенго, Аква парк, ПортАвентура, Гауди парк, Аквариумот во Барса..... многу

4. Плажата во Лорет според мене е мноооогу подобра од Лидо ди Јесоло.

Искрено не знам колку би фатил аранжман но сигурно нема да биде по 2000 евра од човек. Јас кога бев, бев со автобус и потрошив 700евра за 14 дена со полн пансион (доручек, ручек, вечера) и сите поминати излети што ти ги наброив погоре. Значи не штедев. Сега со авион стварно не знам колку би коштале картите. Релацијата би била Скопје-Милано со визз и Милано-Барса со рајан. Не верувам дека цената ќе биде астрономска со тоа што рајан лани до барса повратна карта од милано имаше за 25 евра ;) Понекогаш поефтино се фаќа од Солун. Има директен лет до Барса и речиси никогаш не е поскап од 100 евра.

Ако си авантуристички настроена секогаш добар избор е 14 дневната тура со автобус Италија-Франција-Шпанија. Така се ќе видиш, Лидо ди Јесоло, Монако, Монте Карло, Ница, Кан, Барса, Лорет. Нормално мрцварење е сместувањето во хотел за една вечер само но се исплати. Во Лорет имаш 7 или 8 вечери. Оваа тура лани со Нехар кошташе 315 евра од човек со тоа што во Италија и Франција имаш спиење со доручек а во Шпанија полн пансион.
Тоа е сеа за сеа што ми текнува вака посабајлечки, ако ми текне некоја друга дестинација ќе ти пишам.;)

П.С. Кај отиде за меден месец? :)
 
Немам појдено лично, мои пријатели беа таму пред 10тина години преку агенција некоја наша и беа задоволни. Лани јас правев некои планови за таму, ама не излезе ништо.
Хотелот каде што биле сместени имал приватна плажа и сопствен базент и колку што прочитав на нет голем дел од хотелите го имаат тоа.
За Венеција знам дека во лето не е препорачливо да се оди оти смрди по тоа каналите, но овде сепак ресурсите се сместени директно покрај брегот и не верувам дека има проблем со застојана вода.

Имаше порано по агенциите понуди за Јесоло и Римини, па не би било лошо некој што бил веќе да фрли некое светло и кажи каква е водата.
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 07:44 ---

Сега за 8 Март ќе има организирано патувања во дел од овие градови.
Ќе има за осми Март ама еднодневно, и плус за жени е осми Март (воглавно) ;)
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 11:55 ---
Немам појдено лично, мои пријатели беа таму пред 10тина години преку агенција некоја наша и беа задоволни. Лани јас правев некои планови за таму, ама не излезе ништо.
Хотелот каде што биле сместени имал приватна плажа и сопствен базент и колку што прочитав на нет голем дел од хотелите го имаат тоа.
За Венеција знам дека во лето не е препорачливо да се оди оти смрди по тоа каналите, но овде сепак ресурсите се сместени директно покрај брегот и не верувам дека има проблем со застојана вода.

Имаше порано по агенциите понуди за Јесоло и Римини, па не би било лошо некој што бил веќе да фрли некое светло и кажи каква е водата.
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 07:44 ---

Сега за 8 Март ќе има организирано патувања во дел од овие градови.
И плус нема да соберат 45 души нашите неспособни туристички агенции бидејќи не се договараат меѓусебно.
 
Фала на сите.

Ако си авантуристички настроена секогаш добар избор е 14 дневната тура со автобус Италија-Франција-Шпанија. Така се ќе видиш, Лидо ди Јесоло, Монако, Монте Карло, Ница, Кан, Барса, Лорет. Нормално мрцварење е сместувањето во хотел за една вечер само но се исплати. Во Лорет имаш 7 или 8 вечери. Оваа тура лани со Нехар кошташе 315 евра од човек со тоа што во Италија и Франција имаш спиење со доручек а во Шпанија полн пансион.
Тоа е сеа за сеа што ми текнува вака посабајлечки, ако ми текне некоја друга дестинација ќе ти пишам.;)

Ова звучи привлечно ама јас бев на апсолвентска екскурзија и ги видов сите овие места пред нецели две години. Можеби за неколку години, и дечкото да ги види :)

П.С. Кај отиде за меден месец? :)

Египет. Хургада :)

За Шпанија имам некои прашања, ај на профил ќе ти ги пишам.
 
И како? Мислам од безбедносни причини. Јас сум била во Египет и ептен ми се допадна, би идела пак, но не знам како се со ова немириве нон стоп што ги има. Како поминавте вие?
 
Ние поминавме супер, најубав одмор во животов.
Од безбедносни причини - ниту едно загрозување на безбедност не осетивме. А бевме и во Каиро, и во Луксор, не само во Хургада, ама и таму ништо немаше што би не исплашило.
Е сега еднаш бевме во центарот на Хургада и ни го допреа таксито, контрола имаше, униформирани луѓе со митролези. Јас се здрвив ама веднаш не пуштија, плус тој едниот му мафнал на дечко ми, таков целиот насмеан.
На интернет читав дека и трудни жени оделе на одмор таму, чисто информативно.

Ако имаш некое прашање слободно прашај ме, свежи ми се уште сеќавањата :)
 
dali ima avtobus od makedonija do skandinavija (oslo)?
i kolku povratna karta?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom