Принцип на учење

  • Креатор на темата Креатор на темата Michael Myers
  • Време на започнување Време на започнување
џабе ти е друже едноставно толку ти фаќа главата

секој со среќата.
 
Точно. Она е последна генерација со таа апсурна програма на заокружување(учиш 150 прашања на памет, на испит ти се паѓаат 60 и положуваш)
Сега е сменето кон потешко, баш ради тоа што секој втор на кој не му идеше математика се запишуеше на правен. Бројот на дипломирани студенти согласно новиот метод значително ќе се редуцира.
Oд кога ова вака? :D На кои факултети е вака сеа?
 
Еве ви рецепт од мене.

Ќе завршиш факултет нема да најдеш работа. Па и не си многу за жалење оти си завршил кгф, замисли да си завршил електро, финки, пмф, архитектура, медицина и они немаат работа, но учат дупло повеќе од тебе и имаат дупло поголеми неделни активности. Ако ова не те демотивира, читај понатаму.

Најдобар метод за учење е 45 минути учење, 15 минути пауза.

Дај му на мозокот инстант храна, а тоа е шеќерот, чоколада, чај со шеќер, кафе и слично.

Џабе ти е учење ако не повторуваш, тоа што си го учел денес, повтори го утре.

Не се учи „набрзина“ туку организирано и со концепт, барем вие на правен знаете се кога ви се полага па организирај си го времето. Само така ќе ти остане нешто во главата.

Најдобро е материјалот да ти е научен 5 дена пред испит, за да може во меѓувреме да ти легне материјалот.

Не мора да земеш 10, не мора да положиш се во едно сесија, битно е шо ќе научиш и не се трауматизирај, луѓе умираат, гајле ти е ако паднеш на испит.
 
Прва година сум на правен факултет, и од првиов семестар само еден испит положив. Незнам што да правам, како да учам..? Цело време учев, повторував, и на испитите ништо не знаев целосно, имам само мали познавња од тоа што го учев со месеци. Може некој да предложи начин на учење... да не ми се безвеза париве што ќе ги уплаќам за казнена сесија...
Па не е баш тешко. Само си филозофираш нешто по твое, без разлика дали усно или писмено одговараш. А ти веќе кога си стасал до испит би требало лесно да ги положиш испитите, оти веќе ги имаш основните познавања и според тоа можеш да пишуваш цели страници филозофии според тебе, тоа што ти го мислиш. Јас до сега Економика, Историја на право, Социологија на право ги положив со 10.. уште чекам резултати од вовед во право. Значи идниот пат битно пишувај цели страници, што ќе ти текне во врска со прашањето, тоа.. Исто, јас по социологија кога одговарав усно, и зборував од тоа што сум го прочитал по историја... :)
--- надополнето: 8 февруари 2013 во 15:23 ---
Точно. Она е последна генерација со таа апсурна програма на заокружување(учиш 150 прашања на памет, на испит ти се паѓаат 60 и положуваш)
Сега е сменето кон потешко, баш ради тоа што секој втор на кој не му идеше математика се запишуеше на правен. Бројот на дипломирани студенти согласно новиот метод значително ќе се редуцира.
Па искрено јас незнам каква е таа старата програма, али оваа сега е прелесна. Па јас повеќе учев во средно а имав послаби оценки. Сега испитите ги спремав по 1 ден, и до сега сите испити положени ми се со 10. Многу е лесно, не го очекував ова на правен факултет.
 
@ Boom Boom Ciao
Просто не ми се верува.... Мора барем да слушаш предавања?
Не одам често на предавања, ама веќе кога сум отишол нормално дека слушам. И јас пред да почнат испитите си праев филмови дека нема да ги положам испитите, дека сите зборуваат како биле тешки и што ти знам, а колоквиумите ги положив со мал број поени, колку да се речи дека положив.. И многу е едноставно, на пр. ти дава прашање за Шеријатско право, и јас си пишувам за исламот, за арапската култура, па неколку редови напишав и за албанците и нивниот живот кај нас :D :X3: ... си пишував работи кои се малку или не се поврзани со прашањето и воопшто со предметот Историја на право, и на крај 10-ка ми стави :) Сличен е начинот на одговарање по сите предмети. Вака се добиваат повисоки оценки, отколку со заокружување.. според мене.
 
Па искрено јас незнам каква е таа старата програма, али оваа сега е прелесна. Па јас повеќе учев во средно а имав послаби оценки. Сега испитите ги спремав по 1 ден, и до сега сите испити положени ми се со 10. Многу е лесно, не го очекував ова на правен факултет.

Ако тебе ти иде учењето, не значи дека факултетот е лесен:) Субјективна ствар е тоа... Факт е дека сега со новиот метод е потешко од порано.
И чекај, тие 4 предмети од прва година/прв семестар се боза, ќе те видам понатака;)
 
Ако тебе ти иде учењето, не значи дека факултетот е лесен:) Субјективна ствар е тоа... Факт е дека сега со новиот метод е потешко од порано.
И чекај, тие 4 предмети од прва година/прв семестар се боза, ќе те видам понатака;)
А па ти од каде знаеш како било порано, кога не си студирал по таа програма? :)
Мене лично ми е полесно вака, зошто можеш да пишуваш било што поврзано со прашањата и секако да имаш прелазна оценка. А со заокружување мора да учиш на памет, што е многу полоша варијанта за мене, затоа и на колоквиумите имав поени едвај за да фатам услов за испит.
 
Moжда дека учиш кампањски и сега ти испарило се.
Јас си учам недели и недели уназад, книгите освен шо ми се потцртани со маркер убавезно од страните цртам нешто шо ме асоцира на делот шо е битен да го научам и после ко ќе повторувам секогаш ми текнува според сликата шо сум ја нацртала.
И за крај на денот пред колоквиум/испит ништо не оставам за учење претежно само го листам учебникот и ги гледам сликите и така се потсетувам на материјалот.
 
За на час cornell notes
За материјалот од книга SQ3R
За тоа што сакаш да ти остане во сеќавање Anki.

Камо среќа мене некој да ми ги кажеше овие кога јас почнував на факс :/
 
Boom Boom Ciao
Си положил колоквиуми само колку да фатиш услов, ретко идеш на предавања = немаш некои поени за активност и на крај пак си положил се со 10ки !?!?!?
Некако не ми се верува...
 
Boom Boom Ciao
Си положил колоквиуми само колку да фатиш услов, ретко идеш на предавања = немаш некои поени за активност и на крај пак си положил се со 10ки !?!?!?
Некако не ми се верува...
Зошто би те лажел?
п.с. Вовед во право со 7 -ка, може да го преполагам во мартовската казнена сесија, иако ми е положен..?
 
Еве ти мој „ рецепт ’ има три етапи:

1. Најнапред еднаш го читаш материјалот „ како роман “, не се трудиш да запаметиш. Оваа етапа има за цел да те запознае со содржината на материјалот.
2. Во втората етапа уште еднаш го читаш материјалот но се трудиш се да ти биде јасно, да најдеш смисол и логички врски меѓу самиот материјал и други дисциплини што си ги учел порано. Ова е главна фаза на учењето и трае најдолго.
3. Третата етапа е етапа за меморирање. Повторно го читаш материјалот и се трудиш да запомниш што се зборува во која лекција. Јас во оваа фаза правев во тетратка кратки забелешки. Во таа лекција, па по ред, пишуваа тоа, па тоа па тоа.... И пред самиот испит уште еднаш ги читав овие кратки забелешки
Ете тоа е мојот “рецепт“
Добар рецепт. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom