Принцип на учење

  • Креатор на темата Креатор на темата Michael Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Локација
Скопје
Прва година сум на правен факултет, и од првиов семестар само еден испит положив. Незнам што да правам, како да учам..? Цело време учев, повторував, и на испитите ништо не знаев целосно, имам само мали познавња од тоа што го учев со месеци. Може некој да предложи начин на учење... да не ми се безвеза париве што ќе ги уплаќам за казнена сесија...
 
Само едно: Насочи си го мозокот на учење и не мисли на ништо друго во позадина. Потруди се.
Седни и повторувај си го тоа што си го научил се додека не си сигурен во себе дека го знаеш доволно за на испит.
 
Ај не ме заебавај -_- , дружи се со луѓе имате таму прашања болоњски ситем, уствари не ни треба да учиш само да ги научиш прашањата...
 
Седни отвори книга и прочитај го материјалот прво. Земи еден маркер поцртај се што е важно за лекцијата или главата која ја учиш. При читање почни да ги цепкаш работите за да можеш да ги разбереш, која е смислата на тоа, зашто професорот тоа го напишал и што сака да каже.
Почни да читаш на глас или во себе неколку пати. Затвори книга, почни да го раскажуваш наученото, ако некаде запнеш значи не си научил добро, врати се на тој дел. Пак почни да раскажуваш или земи пишувај на лист. Ако успееш да раскажеш/напишеш едно 80% слично на тоа во книгата ондак си научил добро.
Ако можеш учи во мир ако не пушти си класично музиче. Прави паузи меѓу учење, шетни да те фати воздух, размрдај се, изеди нешто благо или кафе и пак на учење.
 
Ај не ме заебавај -_- , дружи се со луѓе имате таму прашања болоњски ситем, уствари не ни треба да учиш само да ги научиш прашањата...
Колоквиумите ги положив сите, испитите не.
 
Колоквиумите ги положив сите, испитите не.

Девојками е на правен 3 испити положи со тоа прашањата и есеите .. али, муабетот е кога има да учи од книга, првин ја подвлекува целата што е најбитно со маркери , и послем зима прави планче од истите, па зима си ги одговара од планчето само потсетувајќи се од книга... али ебаве книгите библии .. ако не ти иде префрли се и крај. Ако си буџован иди на приватен и потсмевај и се на рајата ..
 
Еве ти мој „ рецепт ’ има три етапи:

1. Најнапред еднаш го читаш материјалот „ како роман “, не се трудиш да запаметиш. Оваа етапа има за цел да те запознае со содржината на материјалот.
2. Во втората етапа уште еднаш го читаш материјалот но се трудиш се да ти биде јасно, да најдеш смисол и логички врски меѓу самиот материјал и други дисциплини што си ги учел порано. Ова е главна фаза на учењето и трае најдолго.
3. Третата етапа е етапа за меморирање. Повторно го читаш материјалот и се трудиш да запомниш што се зборува во која лекција. Јас во оваа фаза правев во тетратка кратки забелешки. Во таа лекција, па по ред, пишуваа тоа, па тоа па тоа.... И пред самиот испит уште еднаш ги читав овие кратки забелешки
Ете тоа е мојот “рецепт“
 
Обично блокадата иди ако немаш пред себе јасна слика за материјалот. Пример делчето кога го гледаш го владееш, но кога се во прашање сите делчиња, не ти иди слика за истите. Потребно ти е подобро поврзување на материјалот. Јас конкретно подвлекувам или со маркер, или со пенкало, зависи кога како, и кај некои зборови кроз текстот кои се потребни и клучни ги заокружувам, онака в очи да ми бодат кога ги гледам и како такви ги меморирам. Еве на пример конкретно една страна да земам, настанување на јавен долг, од страна со стерлка пишувам како прашања во стилот-Што е јавен долг, што опфаќа, поширока дефиниција за истиот и слични кратки прашања кои ги содржи таа страна, со цел уште кога ќе и се испулам на странта и ги гледам прашањата ми иди како двојно меморирање, некогаш и прашањата малечки од страна помагаат. Што значи, потенцираните зборови, подебелото подвлекување на некои реченици, странични потсетници поврзани околу истите. Последните 2 дена обично трошам добар дел од времето, разгледувајќи на содржината која сум ја учел понабрзо, и обидувајќи се да запомнам во таа и таа тема, ги имам таа лекција, таа лекција и таа. Во таа лекција то делче и то, на некој начин ги меморирам и поврзувам како една приказна.
 
исклучи телефон, телевизор, компјутер, затвори се сам в соба и мозокот приклучи го само за материјалот што го читаш. најпрво читај си како весник да читаш, можеш уште еднаш така и после веќе потруди се и со малку разбирање.
доволни се 2-3 пати да го прочиташ цел материјал како весник да си читаш и 60/70 % ќе ти остане во глава. ова е препорака од професор
 
Девојками е на правен 3 испити положи со тоа прашањата и есеите .. али, муабетот е кога има да учи од книга, првин ја подвлекува целата што е најбитно со маркери , и послем зима прави планче од истите, па зима си ги одговара од планчето само потсетувајќи се од книга... али ебаве книгите библии .. ако не ти иде префрли се и крај. Ако си буџован иди на приватен и потсмевај и се на рајата ..

Девојка ти е според старата програма. Сеге е сменето, нема више заокружување туку професорот те испрашува усно, евентуално писмено но не на заокружување.
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 19:04 ---
Зависи за кој факултет.
За правен?

Читај новини, форуму, фејсбук статуси и на испитот еци - пеци - пец.

Гарантирана 7ка.

Неспорно...
Јустинијан е ФОН
 
Девојка ти е според старата програма. Сеге е сменето, нема више заокружување туку професорот те испрашува усно, евентуално писмено но не на заокружување.

Ваљда, сега е апсолвент, тоа е цела генерација. Инаку офтопик, многу оверрејтед факултет, негледам зошто е толку лесна програмата кога има огромоен број на студенти, и со тоа добиваме огромен број кадри кои воопшто и не се потребни во нашата економија ...
 
Ваљда сега е апсолвент, тоа е цела генерација. Инаку офтопик, многу оверрејтед факултет, негледам зошто е толку лесна програмата кога има огромоен број на студенти, и со тоа добиваме огромен број кадри кои воопшто и не се потребни во нашата економија ...

Точно. Она е последна генерација со таа апсурна програма на заокружување(учиш 150 прашања на памет, на испит ти се паѓаат 60 и положуваш)
Сега е сменето кон потешко, баш ради тоа што секој втор на кој не му идеше математика се запишуеше на правен. Бројот на дипломирани студенти согласно новиот метод значително ќе се редуцира.
 
Се е во ред тие горните постови што читам ама се е џабе ако нема мотивација и интерес кон тоа што сака да станува како професија,занает или наречете како сакате,а не само да оди било кој факултет за да стекнува некаква амбиција башка и тоа болна амбиција и џабе фрлени пари за таква професија што не го интересира и затоа не им се учи или не им оди интерес ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom