Бабановски: Во Македонија има опасни терористички организации и никој не презема ништо!
Разговаравме со поранешниот началник на третиот Сектор во СДБ, подоцна универзитетски професор на Факултетот за безбедност, Иван Бабановски кој денес е мета на лустраторите. Тој беше отворен во поглед на секое прашање и без влакна на јазикот кога требаше да се зборуваат работи од витален интерес за нашата држава.
Бабановски предупедува дека во Струшко постои радикална исламска терористичка организација, именувана како УНИКОН, која опстојува на тој простор од 1994-тата година, а никој не превзема конкретни мерки за нејзино растурање. Тој открива дека се сечат дрва од „Караџица“ кои подоцна се продаваат, а со парите се исплаќаат припадниците на албанските војски кои ја чекаат својата плата.
Тој исто така говори за последиците од огромните количини испуштен радиоактивен отпад при бомбардирањето на Србија. „Во Косово, па и во северна Македонија се бележи подем на случаи на карциномни заболувања за дури 300%“, вели тој… прочитајте го интервјуто.
Што точно се случуваше во 2001-ва година и дали така наречениот „воен конфликт“ има некаква поврзаност со светските воени сили кои предходно го срушија режимот на Милошевиќ?
2001-ва се’ уште трае, а сигурно ќе има 2013-та… во 2001-ва, во Македонија дојде една мала шака на терористи, кои ние ги познававме и можевме да расчистиме со нив за 24 часа. Штабот на Ахмети, Гзим Острени, Фазли Велиу и друштвото околу нив се наоѓаше во Призрен. Меѓутоа, командантите и овие нивни бригади (111-та, 112-та, 113-та бригада) беа проверени злосторници и терористи од единиците на УЧК кои беа подржувани и вооружувани од НАТО структури за да се порази режимот на Слободан Милошевиќ. Како да не можеше да се тргне Милошевиќ со многу поелегантни мерки, со што ќе немаше потреба од оние 78 бомбардирање на СР Југославија, во кое најмногу настрадаа Косово и Македонија. За време на тие 78 жестоко уништување на една суверена држава, каде најмногу страдаше цивилното население, не воените и политичките структури на Југославија. Само ќе ги споменам: санаториумот во Сурдулица кој беше ракетиран и беа убиени стотици луѓе, стари и болни ; возот кај Гардилица, во кој не се вози политичка елита; ракетирањето во кое загинаа 200 албански бегалци, жени и деца, кои бегаа од местата каде се водеа жестоки борби помеѓу војската на СР Југославија и од друга страна, УЧК. Значи, тие се се акти во кои пропагандистите на НАТО го створија познатиот термин – колатерална штета. Во таа колатерална штета спаѓаа и мировниците од контигентот на италијанската војска, кои беа во КФОР, распоредени на простори каде најмногу беше употребувано оружјето со осиромашен ураниум. Тоа и Германците го почувствуваа, како и Шпанците. Американците си се распоредија на места каде беше сигурно.
Кој е одговорен за нуклеарниот отпад кој беше испуштен на територија на Србија и Косово?
Претседателот на САД е еден обичен пион, кој ги остварува желбите на оние што владеат од сенка, тајните друштва. Така беше случајот и кога го донесоа Роналд Реган како Претседател, кој веќе беше болен од Алцхајмерова болест. Веднаш откако го инагурираа, донесоа документ со кој му беа ограничени сите функции, освен оние, протоколарни функции, посети на држави итн. Му дадоа да потпише еден декрет во кој, дотогашните 260 милијарди долари кои се користија за потребите на еко-системите, се зголемија на 660 милијарди долари. Се знае кој распологаше и кој ги потроши тие пари, сигурно не обичниот американски граѓанин. Меѓутоа, со тие пари беа изработени касетните бомби, графитните бомби и муницијата наречена „топ ган“ која се користеше кај А-10 авионите. Таа муниција служеше за пробивање на фортификациски утврдувања или за уништување на жива сила. Тие артилерски куршуми беа полнети со нуклеарен отпад употребен за нуклеарна енергија, кој е многу поопасен, поотровен, порадиоактивен од нормалниот ураниум, од кого има еден изотоп помалку и поради тоа е многу непревидлив со својата радијација и токсичност. На територија на Србија беа употребени 30.000 такви куршуми, или 30 тони, додека на територија на Косово и Метохија, која е десет пати помала од онаа на Србија, беа употребени 50 илјади куршуми, т.е. 50 тони. Значи се ослободи од 80 тони радиоактивен отпад, а знаеме колку е скапо депонирањето на нуклеарниот отпад. Куршумот пред да удри на земјиното тло, на околу 50cm од земјата, се распрснува и од неговата структура се добиваат аеросоли, ситни честички, кои при струење на воздухот од 1м/с (тоа е речиси кога нема ветер), можат да бидат распространети на простор во радиус од 50 километри. Ако знаеме дека голем број на овие куршуми се испукани на просторот кај Качаник, ако знаеме дека има струење на воздухот поради клисурата, јасно ви е дека голем дел од тие честички завршиле и во Скопје. Значи, нашите големи пријатели, за кои во неколку војни сме гинеле, за нивни интереси, не’ имаат нарането со радиоактивен отпад за наредните илјадници години. Затоа и во Косово, па и во северна Македонија се бележи подем на случаи на карциномни заболувања за дури 300% од тоа што било нормално пред војната во 1999-та година.
Како реагирате на тоа настаните од 2001-ва година да се декларираат како „воен конфликт“?
Јас реков дека 2001 беше војна, извршена агресија во Македонија од туѓа територија со помош од меѓународната заедница. Вие слушате луѓе со научни титули и професорски звања говорат глупости јавно пред маса од два милиони луѓе, пред светот дека во Македонија во 2001 година бил воен конфликт. Воен конфликт е еден судир, завршува за еден-два часа и тоа е тоа. Тоа во 2001 не беше воен конфликт, дали тоа им се допаѓа на гласнодршците, затоа што ако тоа го кажат ќе им пропадне коалицијата, која е неморална, неодржлива. Во историјата не се случило терористите, дојдени од планина, да влезат во власта само затоа што владеачката партија на македонскиот ентитет, сака да бидат на власт, да ја имаат моќта, да се богати, на сметка на јадот, на бедата и на гнетот на македонскиот ентитет. Тие говорат дека тоа било конфликт.
Постојат ли денес вистински политички аналитичари во Македонија?
Актуелните аналитичари што настапуваат во медиумите се наратори, бидејќи раскажуваат. Не може да се биде аналитичар доколку не оставиле едно дело зад себе. Оној Албанецот, тој „кусиот“ вели „Јас сум многу скапо платен аналитичар“, јас во мојот живот знам дека сум наплатил во „Сведок“ и во „Погледни“, кои ми платиле хонорар од 1500 денари за четири, пет страници и тоа не новинарски, туку обемен проект. А претходно споменатиот аналитичар за единствена школа, за која може да покаже документ е „Коце металец“. Не ја потценувам, но во мое време тие беа ученици во стопанство и знаеш колку се учеше таму. Е тој Ким Мехмети вели дека е многу скапо платен аналитичар. Но тој е слуга на дневна политика. Јас ни на една дневна политика не сум бил слуга. Комунистите сакаа да ме исклучуваат од партија, а од дете сум бил во партија. Студентите ме одбранија, им реков „никогаш нема да ги изневерам“. Но на сите тие што ми го правеа тоа, на сите им вратив. Ме ставија во машина за мелење, јас им реков ќе излезам и ќе имате проблем со мене после.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 23:55 ---
Какво е вашето мислење за петкратното убиство во Смилковци?
Јас веќе реков дека ова се работи за терористички акт, кој не им беше јасен и не можеа да го препознаат само оние кои немаат информации. Јас имав информации дека поради нашето учество во Авганистан, дека сме ние таргет држава и дека структурите на Ал Каеда, кои не се примитивни терористи, туку школувана база… За таа организација мораме да кажеме дека не се тоа примитивни терористи. Не се лунатици, туку тоа е една школувана база. Инаку јас сум од тие школувани луѓе кои говори , убеден сум и тврдам дека акцијата од 11 септември 2001 година не е акција на Ал-Каеда. Ал-Каеда е само еден од партиципиентите во еден голем заговор против граѓаните на САД. Пред големиот христијански празник Воскресение Христово, имавме информации дека се подготвува една акција која треба да ни внесе страв и огорченост кај христијанското, односно немуслиманското население. Затоа беше планирано на велики четврток. Оваа акција по нецела година подоцна дојде до тоа што беше планирано. Планирањето започна од православните цркви за време на Божиќ. Кога има голема присутност на верници и кога се очекуваше дека ќе има голем број на жртви.
Пред да знам некои поединости од ова монструозно терористичко дело, реков дека ова е терористички акт и е дело на радикални исламисти, им се допаѓало тоа на нашите партнери во власта, Албанците, или не. Целта беше да се заплашат македонските граѓани од сите ентитети. И до ден денес ме чуди зошто ова дело не беше осудено од припадниците на исламската верска заедница. Поради начинот и термиот сметам дека тоа е дело на радикалните исламисти. Смилковци е резултат на организирана терористичка акција со исламски предзнак со цел да се заплашат граѓаните на Македонија. Да се стави до знаење дека на овие простори делуваат структури на радикалниот ислам и дека имаме остатоци од Ал-Каеда.
Ние во Скопје сме го имале Осама Бин Ладен, кој претстојувал во еден наш репрезентативен хотел и со еден од неговите синови бил лекуван од еден мој пријател. Меѓутоа ние на наша територија, Македонија имавме три кампа за обука на припадници на Ал-Каеда. Имавме манифестирање на акции и активности од фирма на невладини организации кои беа насочени против македонскиот народен бит и беа насочени против припадниците на христијанските конфесии. Ќе го споменам случајот Кале, заговарањето на градење Бурмали џамија на плоштад во Скопје, за која се залагаа припадници на „разбуди се“ и кога јас на денот на убиството на Осама Бин Ладен говорев на Канал 5 телевизија и кога ги споменав со име и презиме овие луѓе од „разбуди се“ (02.05.2011) тие ми се заканија дека ќе ме тужат. Денес, година ипол подоцна тужбата се уште не е напишана, а нема ни да биде напишана, бидејќи тоа што го говорев и говорам е чиста вистина.
Смилковци е порака до сите дека ние сме тука, а тоа што вие не сте организирани да не видите и спречите, тоа е ваш проблем. Проблем на специјализираните служби, од кој јас произлегувам. Цел живот имам поминато во нив. Од оперативец до раководител на служба за државна безбедност, па потоа по потреба, бидејќи им пречев на политичарите и во тој систем бев префрлен на факултет за безбедност. Таму со студентите направив белја. Станав голем пријател со моите студенти. И пак им правеа проблеми на политичарите. Почнав да пишувам книги. Ја објавив книгата „Југославија како век на специјална војна“(1982) каде што го објавив планот за растурање на Југославија кој до денеска се анализираше. Беше сочинет во септември (1976) во Брисел од страна на НАТО и можам да ви кажам дека вие младите ќе доживеете последна битка во тој план меѓу Тирана и Приштина. Заради примат на некоја си голема албанска државност. Бидејќи луѓето од Приштина живееја во една послободна држава како што беше Југославија. Направија голем број на политички и економски културни пријателства. Тие и се обогатија затоа што ја превзедоа целата улога на турската мафија во продажба на наркотици на просторот на Балканот и Европа. Тие инкасираа милијарди, не се задоволуваат од милиони.
На наши простори добивме јасна порака дека имаме непожелни гости, радикали, кои од Босна преку војната во Косово беа присутни во нашата војна овде. Во една прилика кога требаше да се даде одлука да се руши дивоградбата, џамија на Амди Бајрам во Шуто Оризари, Буџаку му се јави на тогашниот министер за внатрешни работи Хари Костов и му кажа дека ако полицијата интервенира во рушење на џамијата, во Шутка ќе има крв до коленици бидејќи таму се присутни 150 вооружени до „заби“ муџахедини. Тоа е вистина бидејќи ние имаме една муџахедини единица која и ден денеска функционира на територија на Липково. Единица која ни ја претставија безбедносните служби на Хрватска, иако нашите тоа го негираат. Ако некој е болен и ако има заразна болест треба да се издвои за да болеста не се шири. Ние сите работи ги ставаме под черга, а под черга кога има многу ѓубре се производуваат гадинки, па мора да употребиш дезинфекција, па дератизација.
Во сето ова говорење не го споменав атентатот извршев врз првиот претседател на Демократска Република Македонија на Киро Глигоров на 03.10.1995. И околу тој атентат има многу, многу загатки, како и многу луѓе кои требаше да бидат репресирани. Не затоа што се директни учесници, туку затоа што овозможиле да една организирана група успее да ја отсвари својата цел и да го убие претседателот на државата. Јас сум голем пријател со Киро Глигоров. Кога му реков зашто не ги прашате вашите пријатели од ЦИА кој сакаше да ве убие, ми реше дека три пати ги прашал. Два пати службено, еднаш приватно. Но не му одговориле. Јас на тоа му реков дека му одговориле, а одговорот е дека нема да ви одговорат дека тие се обиделе да ве убијат. Атентаторите го постигнаа тоа што го сакаа, вие бевте политички мртов. Тој не смееше да испушти глас затоа што беше исплашен. Но, место да повлече потег да ги уапси Љубомир Фрчовски, Слободан Богоевски, Павле Трајанов, тој ги поштеди. Не велам дека мораше да бидат уапсени, ама требаше да одговараат за тоа што му се случи бидејќи тоа беше нивни пропуст. Најстрашно за нас во Македонија е тоа што ние не успеавме да ги откриеме ниту извршителите на атентатот, камо ли да говориме за нарачателите, а тоа е најважно. Се’ уште таа структура егзистира во нашата држава, произведува најразлични политички хаотични состојби, а ние не ја чувствуваме или ја чувствуваме но нема волја со неа да се занимаваме. Ние ако го негуваме од страна на владеачката структура организираниот криминал, ние му даваме инфузија на тероризмот, бидејќи тероризмот без организиран криминал не може да постои.
Има некои шпекулации дека приведените не се оние вистински убијци…
Ќе слушнете такви шпекулации, не сакам да ги коментирам. Од првиот миг се знаеше кои се во прашање, затоа што тие регистарски таблички на тој Мерцедес ни беа познати. Ние ги бркавме уште од настаните кај Љуботен, за што и се суди Тарчуловски. Тоа е една криминална група која ја нарушува безбедносната состојба во Македонија.
Напишавте во книгата дека парите од исламската мафија завршуваат во џеповите и касите на оџите…
Ние го имавме тој случај овде. Вахабитите кога дојдоа, ставија раце на најпрофитните џамии, каде што се слеваа најголеми пари. Тогаш оџите скокнаа. Јас им зборувам цело време – зошто јавно не им објасните на припадниците на исламот дека Ал Каеда до денеска убила 38 пати повеќе муслимани од сите други конфесии, заедно со тие 3000 што ги убија во светски трговски центар. Секој ден гинат во Иран, а ќе умрат само двајца Американци… па и не е голема штета. Тероризмот и организираниот криминал се сијамски близнаци, само со тоа што тероризмот е вишната на шлагот на тортата. Кога Буш мораше, не дека сакаше, туку мораше да превземе акција против терористите, бидејќи вечерта вечераше со еден од учесниците во терористичкиот акт во светскиот трговски центар. Што тој направи… им дозволи на безбедносните структури да влезат во контрола на финансиските токови, тие се крвоток за терористичката дејност. Сега има школо за шехиди на Косово, ги плаќаат 3000 долари, значи тој што ќе се јави и ќе се разнесе во името на Алахот оди во рај, а неговите добиваат 3000 долари… толку чини животот на еден шехид. Тие пари треба да се дадат… ние сега после војната имаме стотина убиства кои никој не ги кажува поради тоа што голем број припадници на ОНА и на АНА не беа исплатени од нивните команданти, а загинаа. На многу луѓе им ветија по 2000 марки за учество во војната… некои погинаа и командантот си ги зеде парите во џеб. Семејството вели нашиот човек загинал, треба да се плати… тие и сега ги плаќаат семејствата на загинатите Онанисти. Владата тајно му даде на еден оџа во Танушевци да ја исече шумата. Му даде 400 метри во должина и 100 метри во ширина да ги исече дрвата, па да ги продаде, а со тие пари да ги исплати тие… што се во униформи во Танушевци и во Липково. Но тоа му било малку, па тој исекол 2 километри во должина и 500 метри во ширина и си прави тезги во име на шумското стопанство „Караџица“. Прави пари и ги плаќа терористите кои работат против Македонија.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 23:57 ---
Значи се’ уште на територија на Македонија има вооружени лица?
Точно, кога директорот Жарко Караџа прати единаесет луѓе да го затворат тој пат према Косово што се краде шума. Тие ги собраа единаесетте луѓе, ги држеа таму 12 часа, по што преку преговори се договорија да ги ослободат. Потоа кога пратија пак луѓе да однесат документ да потпише за тоа што ја исекол шумата, повторно ги затворија и им кажаа „Овде не функционира Македонија, овде сме ние! Ако дојдете уште еднаш, нема да се вратите кај вашите“. Им земаа изјави дека нема да смеат да кажат што им се случило… ете тое е решение во Македонија. Карпалак кој го направи? Карпалак е после потпишување на Рамковниот договор. Зошто никој не одговара за командна одговорност? Сите тие луѓе што го направија Карпалак секојдневно не плукаат во Собрание. Тие го организираа тоа со калашниковите… нели е тоа тероризам? Ако ти доаѓаш во Парламент со калашникови и со бомби полни коли, ги фатија ли тука, одговараше ли некој?
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 23:58 ---
Ќе најдат Македонец со пиштол без дозвола и одма му поднесуваат кривична пријава за илегално поседување на огнено оружје, пиштол со пет куршуми… не може да си ја убие фамилијата ако му дојдат душманите за да ги спаси од мака и од срам. Тоа е нашата вистина, нашиот секојдневен тероризам. Вака фигуративно го сфаќам и ова наше живеење, оваа наша социјална беда во која се наоѓа нашиот народ. Тоа е рамно на тероризам. Ние кои веќе сме возрасни мора да направиме нешто овој наш народ да почне да живее достојно.