Незапирливо е соединувањето на Албанците, изјави во Тирана албанскиот премиер Сали Бериша, што во некои регионални медиуми е проследено како нова најава за проектот голема Албанија. За таквата идеја се расправало, имено и во текот на неодманешното одбележување на сто годишнината од основањето на албанската држава, пишува порталот „Слободнадалмација.хр“.
Чисто колку за политички поени, зарем не памтите дека и Љупчо Георгиевски ќе нправеше конгрес во Солун
Американскиот проект за создавање голема Албанија всушност со дипломатски и воени средства полека се реализира долги години. Постои историја на американското ангажирање во регионот, но кога станува збор за овој проект, треба да се потсетиме на неколку клучни точки. Тоа е американско-НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година, откако НАТО на Косово распореди 50.000 добро вооружени војници.
Полека од целокупниот арсенал во тонажа САД учествува со некои 25-27%, остатокот е од Германија,Турција, Англија и Шпанија.
А базата не е таму поради Србите туку е таму поради Косоварите(не се албанци мислам) бидејќи Косово може сега само да се брани но на западот му е страв косово да не се претвори во Сомалија така што би се изрезилил западот-ете затоа е таму таа база(имаат во Бугарија три или четири НАТО бази во Албанија мислам во Грција)
Тука е Охридскиот рамковен догово, проект на САД, со кој е започнат процес на политичко реформирање на Македонија низ уставни промени и усвојување на низа нови закони кои им осигураа значително повеќе права на македонските Албанци.
СТОП.
Рамковниот договор го договараа нашите политичари-не САД, што се однесува за глупите тези "пуштете ги тие 150 души од арачиново или ќе ве бомбардираме" потсетете се дека главна логистика на НАТО му бевме ние и они веќе имаа војска и на крај краеви НИЕ побаравме НАТО да се инволвира.
Третата клучна точка е американската поддршка за независноста на Црна Гора и Косово, со што ослабува Србија. Извршена е нејзина декомпозиција и со тоа е воспоставена регионална рамнотежа
Грешка, каде е таа рамнотежа кога Косово е блокирано од Србија а Босна е при можен распад.
.
Американската политика со овој дипломатски-воен ангажман го подготви проектот голема Албанија, вели Јадранка Половиќ, политолог од Хрватска.
Призренската лига е тоа.
Таа укажува на значењето на Косово како дел на југоистокот на Европа.
Да беше така во Букурешт Косово ќе добиеше покана а не Македонија но ете наместо да се средиме енергетски па и Коридор 8 ние фрливме поламилијарда узалуд.
.
Имено, југоистокот на Европа е најкраток пат помеѓу западна Европа и нафтата и плинот на богатото подрачје на средна Азија и каспискиот басен и како таков станува дел на „новата голема геополитичка игра“, односно простор на кој ривализираат интересите на САД, Русија и Турција, вели Половиќ.
Од бугарија, преку Македонија до драч и понатаму во Европа-ова е Лекција која НАТО ја научи имено НАТО има многу органи за кои не се знае а еден од нив е одделот за оперативна енергетска стабилност па сватија што се случи кога русија го сопре гасот и затоа дури Сами платија една мини студија за Коридор 8 од кој сите ќе ќариме, замислете и железничко поврзување,нафта,Гас и Електрична енергија-тоа ќе биде Шамар и нокаут врз последниот моќен инструмент на Руската Надворешна политика т.е злоупотреба на гасот за надворешнополитички цели.
Што се однесува до Албанија очигледно е дека
нема територијални претензии кон Р.Македонија напротив имаме одлична соработка и многу договори кои се реализираат(па и струја им даваме чат-пат оти уште немат) да имаа они претензии ќе се покажеше во 2001 Албанија не гии поддржуваше терористите а пак Косоварите не ги ни сакаше т.е бегалците кои НИЕ ги храневме поубаво од што просечен наш граѓанин се храни а ни вратија Косоварите со војна(што нашите не ја спречија превентивно).
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 17:14 ---
, da ne spomnan deka uste ne sme ramnopravni, ke se samoubies
Знаеш што е преамбула на устав??
Прочитај ја па ќе ти стане јасно дека Македонија е Држава на....(прочитај понатаму).
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 17:15 ---
Смирено малку-Избриши го мислењето.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 17:17 ---
Си слушнал дали во светов постои друга држава во која едно малцинство речиси командува со истата и се им е малку?!
Грешка брат-Грујо му чучна в скут на Ахмети за фотелја(оформи влада)-затоа амнестираа нешто што ни Бог не го простува нешто што ни ѓаволот не би го направил.