Па то бе срце што зборам јас 5 поста уназад. Знаеш што е уште по ТРОГАТЕЛНО ? Значи на мојот спрат се само турци, единствено јас и девојка ми ( кои сме заедно у соба ) нема други македонци , прво немаш со кого да си напраиш муабет и да те разбере заебанција они не разбираат, тешко да го изреметиш а да не се степа со тебе , второ што галамат нон - стоп , значи не се запишани сеуште на факултет затоа што моментално " учат " македонски во Кампус 4 ( можеби си и за тоа информиран ). Се слагам со тебе , 5000 многу се башка без јадење , едино топ е што можам да трошам колку ми душа сака без никој ништо да ми рече. Друго нешто, потпишуваш договор на определено време и дотогаш неможеш да се отселиш , а ако евентуално се отселиш , треба да си го плаќаш сместувањето како да си во вилата. И за крај, тука сум веќе 3 години и знам и какви се и штипјаните и сместувањето така да ова ми беше прва варијанта кога дојдов тука во септември. Сите штипјаните ( да не се увреди некој ве молам ! ) кај и да сум бил се гадови значи ако му закасниш 5 дена со кирија или со сметки замараат па и од кога ќе му платиш ќе ти доаѓа дома и ќе те замара. Не велам дека во Скопје е поинаку , ама овдека незнам кој им е проблемот, а и најтрогателно е што мислат дека ако си од Скопје или било кој друг град од Македонија имаш џеб до петици па пробуваат да ти земат што повеќе пари а на мене тоа ми се има случено неколку пати, a што се однесува од понашањето , ако не си нивни ( штипјанец ) не ни праат асален муабет со тебе, туку со дрскост. Потполно се слагам со твојот пост знај.