Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.528
- Поени од реакции
- 36.789
Темата е пренесување и разменување на искуства за квалитет на млеко од различни млекари и неговата прикладост за правење (ферментирање) на кефир.
Нема да пишувам и елаборирам што е кефир и зошто е здрав, тоа е друга тема и на нетов има мноштво информации на дофат на едно пребарување. Само накратко ќе напишам дека кефир е ферментиран млечен пијалок, богат со пробиотици, сличен на јогурт но со покомплексна структура и многу поедноставен за спремање во домашни услови (5мин на ден е целата работа). Споредба со комерцијален јогурт (освен по вкус) не е можна, затоа што комерцијалните јогурти и кефири се конзервираат и пастеризираат со што нивната пробиотска корисност не може ни да се стави во иста реченица со пробиотската корисност на домашниот кефир.
Кефир треба да се прави исклучиво од свежо млеко.
Причината за ова не е само затоа што свежото млеко е поздраво, туку затоа што во трајното млеко има презервативи па дури и антибиотици (во нашите закони нема забрана за ова), кои лошо влијаат на културата (конгломерат од над 37 видови на квасци и бактерии) а со тоа и на ферментацијата па резултатот е лош кефир или дури и оштетена култура (маја).
Во контекст на сето ова еве неколку мои искуства со комерцијално достапните свежи млека во нашите продавници.
- Свежо млеко од Здравје Радово, пакување во кесе:
Дефинитивно најдобар избор, од него се прави одличен кефир и трајноста му е само неколку дена што зборува за минимум интервенции окулу конзервирањето (не би требало да има конзерванси). Лошата вест е што од јануари 2013-та Здравје Радово веќе не го продава ова млеко и премина на тетрапак пакување. Цената беше одлична, во Стокомак го продаваа за само 31ден. по литар додека по другите супермаркети беше 33-34ден.
- Свежо млеко од Здравје Радово, тетрапак пакување:
Добар кефир. Лошото е што рокот на траење се покачи на 2 недели што зборува за појака конзервација, што извесно значи и поголемо присуство на конзерванси. Цената рипна на 39ден. во сите продавници. Сакав да го бојкотирам, зошто покачување од 25% само заради амбалажа е глупост... Не опстојав во бојкотот зошто изборот на свежо млеко е исклучително мал и ограничен.
- Свежо млеко од Млекара Бучим, пакување во кесе:
Добар кефир, но многу тешко се наоѓа и не секогаш го има - јас го најдов само во една помала пиљара во Карпош4. Второ цената од некои 39ден. за млеко во кесе е во горна граница на цени што се во рамки на нормала.
- Свежо млеко Шарпланинско/Тетовско, не знам дали е истата млекара (ретко кулувам и не се сеќавам на амбалажите) ама го има во тетрапак пакување во КАМ маркет за 33-34ден. и во Карфур пакувано во кесе за 30ден.
Лош кефир. Разводнет и безвкусен. Проверено повеќепати кога не сум имал време/волја да барам друго млеко... сугурен сум дека го разводнуваат до бескрај.
- Битолска млекара ја избегнувам, така ме советуваше човекот што ми ја даде стартер културата (мајата) а и кога ќе видам „свежо млеко„ со голем рок на траење јасно ми е дека таму мора да има голема количина конзерванси. Цената од 42ден е највисока од понудата на свежо млеко. Неколку пати го имам пробано заради радозналост и кефирот што се добива не е ништо посебно, ни премногу лош ни премногу добар. Гледано од аспект на цената, дефинитивно нејнеисплатлив избор заедно со Шарпланинско/Тетовско свежо млеко.
Ова се моите искуства, сите други се добредојдени да ги пренесат сопствените искуства или да посочат други брендови на свежо млеко од други млекари што не ги покрив во темава.
Друга работа е, ако некој што го чита ова знае некој што произведува млеко или лично чува крави/овци/кози, а е спремен да врши достава на свежо млеко во Нерези/Карпош 3, нека пише на темава или една ПП порака до мене. (ако не има повеќемина заинтересирани можеби ќе биде поисплатливо за разнесувачки тури)
Во обзир доаѓа било какво свежо млеко: кравјо, овчо, козјо...