кои се македонските муслимани-?
Истите кои се пишат албанци и нивните деца почнуваат да ги запишуваат во албански паралелки само заради уцени од албанците (а немаат албанска крв ни 1%)...Уствари што да очекувам од лица кои пред 300 години си ја сменале религијата за удобности зошто да не си ја сменат сега и нација ...
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 00:15 ---
Jaс познавам ...и сега почнаја да се пишат албанци...Во чисто торбешко село(нема албанци) од вкупно 5 паралелки во 1во одд 3 се на албански јазик а 2 на македонски.
сигруно и8маат придобивки сега од албанциве
може добиваат по 2-3 вречи брашно
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 01:15 ---
Нешто како што одредени сакаат да го сменат името за повеќе поволности во ЕУ? Сепак не сите од нив ја смениле верата од таа причина, некои за да се заштитат од качачките банди (иронично сега се мажат и женат со албанците) а некои под присила.
или ги мажат керките и сестрите за нив поради пари и поубав живот
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 01:17 ---
само да се надоврзам,после реканскиот крај Тиквешијата е втор по големина регион каде се исламизирале најмногу македонци,демек да си го зачувале богатството,некаде имав отворено и тема, имаше податоци дека во 1920 биле 28,000 муслимани македонци и 30000 христијани, од тие 28,000 само 5% го знаеле турскиот значи биле турци а дригите овие жправите турци ги викале ДИСЛЕЗИ.........кој знае турски ке му стане јасно што се..........потоа се иселиле ви Измир и Дијарбакир, и сега изгледа среќно си живеат со курдите,воа мала дигресија
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 01:49 ---
еве на вики што има за нив
Македонци-муслимани, Торбеши — етнички Македонци по народност со исламска вероисповед, говорат на македонски јазик и се познати под повеќе различни имиња.
Бројноста на Македонците-муслимани во Македонија се движи од 40.000 до 100.000 луѓе. Највеќе се населени во Долна Река (поранешната Општина Ростуше), Торбешијата (Скопско), повеќе села во Струшко (поранешната Општина Лабуништа), Општина Центар Жупа и поширокиот Дебарски регион, Тетовскиот регион каде спаѓаат селата Јеловјане и Урвич, Општина Пласница, Општина Долнени, Битолско (во повеќе села од поранешната Општина Бистрица), селото Велешко итн.
Македонците со исламска вероисповед се исто така мнозинство и во македонските етнички територии надвор од границите на Република Македонија, особено во областите Гора (во Косово и Албанија) и Голо Брдо (во Албанија).
Во некои случаи за оваа категорија луѓе се користат термините Торбеши, Горанци, Помаци, Аповци или Потури.
Терминот „Торбеши“ има негативна и погрдна конотација. Има неколку теории за настанокот на името од кои најпознати се дека поради маките од Турците овие луѓе ја ставиле главата во торба (и преминале во исламот) и дека ја продале својата христијанска вера за торба сирење. Ова мислење категорично е невистинито и неприфатено од нивна страна, бидејќи верата не се продава ниту купува, туку поради нивното постојано патување на гурбет и со торба на рамо за да печалат пари за опстанок.
Покрај името Торбеши кое е општоприфатено (но сепак погрешно и погрдно) за Македонците-муслимани во разни краишта постојат разни имиња. За Македонците-муслимани во Кичевско се користи името Аповци (од турскиот збор „апо“ што значи браќа), а во некои краишта во источна Македонија се користи и името Потури кое пред сè има погрда конотација.
Поради тоа што овие луѓе се Македонци, нивните здруженија и организации постојано апелираат да се престане со употребата на разните имиња (кои често имаат погрдно значење) и за нив да се користи само името Македонци бидејќи тоа и се.
Според регионите во кои живеат македонски муслимани (т.е. етнички Македонски со исламска вероисповед) се нарекуваат со различни имиња. Главна карактеристика за сите нив е што го зборуваат македонскиот јазик во дијалектна форма според регионот во кој живеат. Но сепак поради различноста на регионите во кои живеат секоја група има задржано свои специфични етнолошки карактеристики. Според тоа македонските муслимани можат да се поделат на следниве категории:
Торбеши (Македонци-муслимани) кои главно живеат во регионот Торбешија во Скопската котлина и Реканската облат по долината на Радика
Горанци кои главно живеат во областа Гора
Помаци во Пиринска Македонија и Грција
Првите податоци за исламизирањето во Македонија датираат некаде од средината на XV век. Отпрвин примањето на исламот било доброволно и најчесто во ислам преминувале оние луѓе кои имале големи имоти и кои биле побогати со цел да ги зачуваат своите имоти и богатства од одземање од страна на Турците. Еден дел од Македонците христијани го примиле исламот со цел да ја задржат земјата и имотот, за и понатаму братски во задруги да ја обработуваат со своите роднини кои останале христијани. Со примањето на исламот на побогатите Македонци, Турците отпрвин сметале дека тоа ќе послужи за пример на останатото население во Македонија да ја прими исламската вера.
Подоцна откако доброволното примање на исламот земало многу мали размери, Турците започнале и со насилна исламизација на македонското население која се остварувала или преку директно исламизирање или преку принуда најчесто со киднапирање на женски членови на семејствата, ослободување од плаќање на даноци итн. Македонците-муслимани иако ја смениле својата вера, тие низ вековите не го примиле турскиот јазик и го задржале македонскиот јазик, а останале и македонските обичаи и традиции (прослава на Ѓурѓовден, посета и дарување во христијанска црква кога се има болно дете, а во некои куќи на Македонци-муслимани сѐ уште се чуваат православни икони итн.).
Исламот според негова концепција е вера на мирољубивост и толеранција, и според Куранскиот текст тој не смее да се наметне со сила и притисок, изборот да некој стане муслиман или не е прашање и волја на самата единка, затоа сметаме дека секоја констатација која тврди дека исламот вршел принудување ја сметаме за клевета и злонамера или неоснована. Бидејќи самиот факт дека тие и ден-денес зборуваат македонски јазик е непобитен факт дека Турците не вршеле притисок за примање на верата, ако се примаше верата со присила тогаш ќе се примеше и јазикот.
Во поново време (особено во текот на 90-тите години на ХХ век и во денешницата) Македонците со исламска вероисповед се предемет на напади на големонационалистичките апетити и проганди особено од страна на Албанците, а во помала мера и на Бошњаците, Турците и Србите. Во последно време се поголеми и пожестоки се притисоците и на Бугарите, особено во областите Гора и Голо Брдо, врз тие македонски муслимани со цел да се претстават како „етнички Бугари“. Во косовскиот дел на Гора постои здружение на Бугари-мохамедани (муслимани). Во најново време во Република Македонија, се забележуваат тенденции за одделување на Македонците-муслимани од македонската национална целост и конституирање во посебна етничка група. Оваа тенденција е поддржувана и пропагирана од страна на пратеникот и бизнисмен Фијат Цаноски и неговата политичка партија ПЕИ.
Организациите на Македонците-муслимани жестоко реагираат (особено г-дин Исмаил Бојда) преку повеќе написи во весниците и јавноста поради притисоците вршени од страна на Албанците во западна Македонија да се попишуваат како Албанци, заведувањето со албански имиња и презимиња во матичните книги во повеќе општини, насилното воведување на албански јазик во училиштата итн. Исто така во јавноста сè почесто и погласно остро се реагира на сепаратистичките и однародувачките тенденции на овој дел од македонскиот народ кои се поддржуваат од пратеникот Фијат Цаноски и неговата партија ПЕИ.
Исто така организациите на Македонците со исламска вероисповед реагираат на тоа дека под разни околности Македонците-муслимани на пописите се попишуваат како Турци или Албанци и бараат поголема грижа на државата за овие луѓе. Светскиот Македонски Конгрес (СМК) на последното собрание (одржано во Скопје, 2006 година), достави барања до државата за поголема грижа кон овие луѓе и усвои програма за помош и поддршка на Македонците-муслимани.
Македонските муслимани од Гора (Горанци) во Косово официјално побараа да бидат вклучени во новиот предлог за уредувањето на Косово како посебна македонска национална заедница, со загарнитирани најмногу 9, а најмалку 3 пратенички места, со овозможено образование на мајчин македонски јазик и давање на културна автономија на областа Гора.
Хасан Џило, професор, теолог и преведувач на Куранот
Нијази Лиманоски, етнолог и борец за националното обединување на Македонците без разлика на верската припадност
Исмаил Бојда, водач на организација на Македонците-муслимани, борец за националното обединување на Македонците и борец против притисоците врз Македонците-муслимани
Саме Лимани - Жарноски, поет
Фијат Цаноски, политичар и бизнисмен, актуелен пратеник во Собранието на РМ
Велија Рамковски, политичар и бизнисмен
Латиф Пајкоски, политичар и поранешен пратеник во Собранието на РМ
Бајрам Требишки, книжевник
Ариф Рамадани,исламски правен теолог, извонреден преведувач од Арапски на Македонски јазик со преведено и напишано од над досега 60 книги.
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 01:53 ---
темава ја заживеав на барање на омар
се надевам дека ке сака да продискутира сега без да ме избегнува