Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.838
Каjгано, не можам да заспиjам од некои се над собава, а абер немаат да ja прекинат журката. Jас разбирам дека сме во студентски и се, ама некоj треба утре од 8 на предавајуе да оди. Барем да престанеа да лупаат, цела соба се треси. Нека, во последно време почнав да верувам во карма. I love that bitch.
Па за то е студентскиот за да не спијаш :icon_lol: Така ако лесно се спијало не е то то. Ненаспан да појдиш на предавање, да ти тежи малку глата, па и замисли да роска надвор, студените капки ќе се одбиваат од тебе како да се исто наелектризирани.
Ами ај замисли си друга работа, ти да се обидуваш да заспијаш, а до тебе на креветот цимерот да ,,онади" некоја која ја забрал од студентска.
Секогаш има и полошо, мене ова ми се има случено. Иако имав слушалки на мене кои тивко свиреа некое приспивно музиче, бум бум беше погласно од се.
И на крај ја испрати, па по неколку минути откако се врати му текна дека доби воспаление таму долу,па ме разбуди од кревет небаре јас бев длабоко заспан, па низ собите во ниедно време не сме барале ракија за дезинфекција.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Па за то е студентскиот за да не спијаш :icon_lol: Така ако лесно се спијало не е то то. Ненаспан да појдиш на предавање, да ти тежи малку глата, па и замисли да роска надвор, студените капки ќе се одбиваат од тебе како да се исто наелектризирани.
Ами ај замисли си друга работа, ти да се обидуваш да заспијаш, а до тебе на креветот цимерот да ,,онади" некоја која ја забрал од студентска.
Секогаш има и полошо, мене ова ми се има случено. Иако имав слушалки на мене кои тивко свиреа некое приспивно музиче, бум бум беше погласно од се.
И на крај ја испрати, па по неколку минути откако се врати му текна дека доби воспаление таму долу,па ме разбуди од кревет небаре јас бев длабоко заспан, па низ собите во ниедно време не сме барале ракија за дезинфекција.
Дарко, ти си? :icon_lol:

Se zezam, lol. Abe sto pati sum isol nenaspien na predavanja, t.e. se sekavam ednas otidov naspien :D Ama se nerviram oti ne mozam da zaspijam, kolku od niv, tolku od samiot sebesi, posto cel januari pred 5 si nemav legnato :)
I, najdovte rakija? :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.838
Дарко, ти си? :D

Se zezam, lol. Abe sto pati sum isol nenaspien na predavanja, t.e. se sekavam ednas otidov naspien :-D Ama se nerviram oti ne mozam da zaspijam, kolku od niv, tolku od samiot sebesi, posto cel januari pred 5 si nemav legnato :)
I, najdovte rakija? :-D
Најдовме едвај. Но најбитна беше поуката која ја извлече цимерчето. Непозната женска од студентска забава оди во комбинација со заштита. И така после таа ноќ редовно си чуваше на полица над главата по едно кутивче. Дотогаш не даваше пари за такви чуда.:D
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
draga kajgano jas retko ti pisuvam ama iskreno moram da ti kazam deka mi falat dnevno politickite temi koi veke gi nema a eve izbori se blizat greota sme bare troa da ni dozvolis da si se pokarame oti ako se najme na ulica od kavgata ke na praime tepacka ,kaj nas i nam nisto drugo ne ni ostana osven toa da se karame rasspravame i bez porota da sudime iskreno pozz forumov e super ama od koga ja isklucivte politikata vo mkd ne e veke toa sto bese
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Драга Кајгана,

Одморов ми е при крај. Димитри од Белорусија ми викаше дека 2 месеци е долг одмор, дека ќе ми биде досадно, а мене ми останаа недовршени работи, луѓе кои сеуште не сум ги видел. Уште 4 дена, што попрво да се направи. Мислам дека почнува и мрза да ме фаќа, ќе ми треба барем недела дена да се навикнам на бродски живот. Битно денес се истрчав на ракомет, што значи дека у теретана веднаш ќе влезам у форма и ќе почнам да топам масните наслаги од кујната на мајка ми :)

Инаку пред прв пат да идам на брод размислував дали ќе успеам да стигнам до 10.000 постови, ама бидејќи ми одлагаа одење стигнав. Овојпат си размислував дали ќе успеам да стигнам до 2.000 допаѓања, ама со неколку фини постови и тоа направив :) Ќе ми недостасува кајганисувањто додека сум на брод.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Понеделник, сив доволно колку што треба да биде.
Цел список намирници за на пазар. Чизкејк во најава. Со полномасно сирење, малини или карамел. Ме инспирираше Коста, морам да го направам. Дури мислам дека и го сонував чизкејкот?! Ја сонував и професорката ми, како ме кани на предавања, ме претставува на студентите, а јас со некој неопислив срам пробувам да бидам природна, да останам приземна.
Нешто ќе се случи.
Ок. Се’ можам да дочекам, ако треба да ме удри јако. Не е за лошо. Напротив. Новите слушалки се покажаа ем поефтини ем поубави од старите. Некако, среќата кога ти е наклонета, ништо не е важно. Се лутев деновиве оправдано. Што поради чувството на недоволна почит кон мене, моето време и план, толку и поради туѓите несовесни постоења, што нема да се сменат, никогаш. Си реков - може и да е резигнација, да се предавам лесно кога сфаќам дека планетарниот концепт е гранде колосал, и јас немам никаква реакција врз него освен што вибрирам од негативизам и после ми е мачно, јадам од Мекдоналдс, се расправам со мајка ми и не ми е убаво. Просто, балансот е таков и ние сме несовршени ќофтиња што се пржат во големава вселена.
Најдов рецепти за тортиљи со лук и пармезан, одлична finger food занимација се за неслучајни гости, па сега нешто си организирам. Втора смена на работа, од таму пут под ноге - во мрачните ходници на МТВ. Ќе се чита поезија, ќе се јадат медењаци. Некои и ќе ме мразат. Сеедно. Имам порака и ќе ја пренесам.

Животот е миг. Не би го поминала со грч во срцето.

Повелете линк за вечерната седенка:

http://svirachinja.blog.mk/2013/02/03/a ... kanal-103/
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Што се жалат бе сите од тоа прво предавање семестаров? Мене првото предавање топ ми беше, не ни отидов :)
Туку денес драга нешто сум ептен вредна. И‘ измив садови на мајка ми, алиштата ги ставив да се сушат, сега ручек ќе правам... не, не треба мама деновиве да земе плата, никако :icon_lol:
И што џабе пишав факултет, и така домаќинка ќе си бидам. :X3:
Да не е без ич.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Драга, у последно време се насобрале на форумов големи експерти за тренери.

Се надевам ќе заврши сето тоа, не се трпат веќе.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Драга
Сакам да врискам да ме слушнат и отаде вселената....па ова не се трпи веќе............сите само работат само зафатени, или дечковци испофатиле па сега као искачаат во парови како дедовци и баби. Ми недостига клапата од Ниш барем они знаат како да се забавуваат......и да почна семестарот и тоа налет....:vozbud:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
кајги го мразам моментот кога зборувам на телефон или чат и кога ќе речам/пишам и тогаш ми текнува да прашам или да кажам нешто и ќе ми се исклучи
FML
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.026
Поени од реакции
36.807
Д.

Си купив Пауер Џусер и сокот што го праи таа направа е чудесија:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Едвај чекам да дое лето и да замрзнувам секакви миксови и после ладење да биде:ROFLMAO:

п.с си порачав гајба јаболки и моркови XD XD
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom