Документарци

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Одлична документарка како и речиси секоја од BBC посветена на едно од најубавите но и нај таинствени животни во светот Снежниот Леопард. Се работи за приказна направена од новинар кој поминал речиси 2 години во планините на Пакистан со цел за прв пат во историјата да прикаже уникатни снимки од ова митско животно.

 
„Пропаганда“ е шверцан од Северна Кореја. Типот кој го ставил на јутуб бил уапсен во Австралија заради нарушување на национална безбедност.
Ова е Мајкл Мoр на стероиди, многу поозбилна работа, пошто навлегува во историја, се навраќа на првата светска војна па се до денес.
Нараторот е психолог кој ги дели мислењата со Чомски и слични на него. Има и доста цитати од луѓе кои после може да се читаат. А ако уште не знаете кој е Чомски, Лакант, Фуко, Маркузе гугл одма. :cautious:
 
Дајте некој документарци, у стилот на овој :
Код:
http://www.imdb.com/title/tt1683876/
Нешто слично, барем вака според описот на IMDb, е Human Planet на BBC. Вкупно има осум епизоди и секоја зборува за животот на човекот во одредена средина од Земјата. Да се гледа во HD бидејќи снимките се совршенство.

Од Вернер Херцог го имам гледано Into the Abyss и ми се допадна ептен, па еве препорака.
 
Каде можам да гледам документарци ама со превод,македонски,српски :)
 
појма немам за што се зборува, го видов видеово па решив да го ставам тука :)
 
Каде можам да гледам документарци ама со превод,македонски,српски :)
http://izaogledala.com/ често се абдејтува сајтот со нови документарци ,преводот е српски или хрватски понекогаш ,има скоро се од документарци :)
 
Со оглед дека актуелна е смртта на Чавез, филмот на Оливер Стоун со јужноамериканските лидери би бил добар предлог за оние кои сакаат да дознаат повеќе.

 
Предлог да се преименува темава во Генерална дискусија за документарци по примерот на темите во останатите подфоруми, и да се постави за важна. Исто така кажете дали ќе отвораме теми по жанрови, теми за секој документарец посебно, или и двете. Да знам што и како да отворам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom