Џанго - почна прејако од сите аспекти, си викам еве го мојот избор за оскар... арно ама, од кога влегоа во приказната Ди Каприо и Џексон, не заради нив ама филмот си ја изгуби динамиката, почнаа многу да го тупат... На крај оцена 7.
Хобит - кога ги глеав оцените на критичарите и некои коментари ја мислев филмов ќе биде утка, ама не, не беше ЛОТР, ама дефинитивно не беше лош. Имаше некои смешки што беа глупи и ко извадени од некои детски цртани, ама 3 саата одма ми поминаа. Ко фан на ЛОТР не се разочарав, ја имаше таа магија ама ја немаше таа приказна, 8-ца.
Арго - од почеток до крај на филмот бев внесен, од почеток до крај го држеше истото ниво, се ми беше погодено од глума, сценарио, режија, сега ми е јасно зошто до сега секаде освои и режија и најдобар филм Арго, најдобриот од трите што ги режирал Афлек, 9/10.