Анастасија и Ѕвонливите кедри на Русија

  • Креатор на темата Креатор на темата PhantomerX
  • Време на започнување Време на започнување

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Да објаснам. Станува збор за книга која, според коментарите кои ги читам од читателите, а и од тоа што го имам прочитано, делува многу психолошки на вашата личност. И затоа тука ја сместувам темата.

Најпрво, ако некој се има запознато со сторијата убаво би било да сподели некој коментар.

Сторијата се состои од 8 книги, осмата книга има 2 дела.
Книгите се: Анастасија, Ѕвонливите кедри на Русија, Просторот на љубовта, Ко-креација (Создавање), Кои сме ние, Книга на лозата, Енергијата на животот, Новата цивилизација.

http://www.vladimirmegre.com/vladimir_megre_story.php

Анастасија е главниот лик во книгата. Таа вели за себе дека потекнува од античка руска цивилизација - Ведруси. Владее со голема енергија која и дава способност да комуницира со природата. И најбитно е дека таа и ден денес живее.... Значи постои.

Нејзиниот дедо вели дека е еден од неколкуте жреци (мудреци што го контролираат светот) кои комуницираат телепатски мегусебе.

Писателот Владимир, поранешен руски тајкун, запознавајќи ја Анастасија оди да живее со неа во руската тајга оставајќи задсебе се материјално што има.

Друго... Кедар - руски бор кој живее околу 500 до 800 години, расте до 45 метри, и долгиот живот се должи на тоа што растат само 40 - 50 дена во летниот период. Тие собираат енергија од вселената која не ја емитираат. На крајот од својот век, тие испуштаа звуци - ѕвоно поради количеството енергија кое го имаат. Затоа ги викаат ѕвонливи кедри.

Книгата ни преставува неверојатни настани кои би ви изгледале ептен нереални а сепак со аргументи, објаснети. Најчесто од парапсихолошка природа. Исто така ке ни открие и дел од историјата на Античка Русија како и историјата на Ведрусите која ја немаме сретнато никаде порано. И како најглавно, ќе видите за еден нов концепт на живот, оној кој не доведува до она вистинското, природното!

http://www.anastasija-zvonecikedri.com/
Линков преставува некакво објаснување на поимите што јас тука сакав да ги доловам и што треба да се знаат околу сторијава.
 
Имаш прочитано некоја од книгите или од прераскажување само си добил впечаток дека се добри? Инаку прочитав по нет дека и 10-та книга ќе имало па ако се стварно добри да земам да ги прочитам. BTW на пајрат беј ги има сите 8. :)
 
Ги имам дома на бугарски.... Се мачам... Татко ми ми преведува некои зборови .... На македонски ја има само седмата `Енергијата на животот`
И земи ги нема да зажалиш... Само ништо не праиш од еднаш читање :))
 
најверојатно се овие http://www.4shared.com/dir/VUwe0DYC/Anastasija.html

--- надополнето ---

Anastasija kaže u trecoj knjizi:

»DUŠOM OTVORENOM NA ŽIVOT POKUŠAJ DA POGLEDAŠ.
OCISTI MISAO OD TAŠTINE JALOVE I TADA CEŠ UGLEDATI SVET,
TVORCA VASELJENE I SEBE«.
Хахах ова ми личи на некоја од сутрите на Буда...ај ке видиме што кажува понатака.
 
Jaс ја имам првата. Стилот не ме воодушеви, но интригантна е. Ако целта била одлично литературно дело - хм.; ако целта била пренесување на еден спритуален идеал - jackpot.
 
Можеби насловот не алудира на ништо познато, но оние кои го имаат прочитано серијалот на книги, ќе знаат за што се работи, Ја отварам темата за да може да се започне дискусија на темите обработувани во книгите, како и паралели во реалниот секојдневен живот.

Неколку почетни генерални прашања за фина дискусија:

1. Што мислите, постоела, или може ли да постои, личност како Анастасија?

2. Мислите ли дека сето ова е измислица на Мегре за да профитира?

3. Зборовите на Анастасија експлицитно укажуваат дека секој поединец го содржи целото знаење на универзумот. Моќно, нели?

4. Сте се сретнале ли со личност во вашиот живот која содржи квалитети кои се опишани во ликот на Анастасија, или барем дел од квалитетите?

5. Зарем е можно идеја од 18 годишно девојче од сибирските шуми да го промени светот?

За оние кои немаат поим за што се работи, еве еден воведен линк: www.ringingcedars.com
 
Имаше ваква тема, ама добро е што ја актуелизираше.
 
Големи беа шансите да ја има, ама не најдов ништо. Може линк до темата?
 
Можеби насловот не алудира на ништо познато, но оние кои го имаат прочитано серијалот на книги, ќе знаат за што се работи, Ја отварам темата за да може да се започне дискусија на темите обработувани во книгите, како и паралели во реалниот секојдневен живот.

Неколку почетни генерални прашања за фина дискусија:

1. Што мислите, постоела, или може ли да постои, личност како Анастасија?

2. Мислите ли дека сето ова е измислица на Мегре за да профитира?

3. Зборовите на Анастасија експлицитно укажуваат дека секој поединец го содржи целото знаење на универзумот. Моќно, нели?

4. Сте се сретнале ли со личност во вашиот живот која содржи квалитети кои се опишани во ликот на Анастасија, или барем дел од квалитетите?

5. Зарем е можно идеја од 18 годишно девојче од сибирските шуми да го промени светот?

За оние кои немаат поим за што се работи, еве еден воведен линк: www.ringingcedars.com
Мене ми се интересни книгите но сепак според мене се само една многу бујна фантазија и по нешто(0.1%) вистинито... т.е. спиритуална фантастика во која авторот насетил по нешто реално и вистинито па го загугулил во авантуристична (да не речам) митолошка персона... нешто слично на Карлос Кастанеда ако си го читал...
 
Ок, тогаш јас ќе се отворам на кратко. Имам сретнато досега 3 личности кои имаат помал-или-поголем дел од квалитетите опишани во ликот на Анастасија. Штета личноста што квалитетите (способностите) и беа најмоќни, беше сеуште несвесна за нив и живееше според законите на општествена реалност, а не универзумска.

Инаку, веќе е факт дека во последниве 2 децении се повеќе доаѓаат дека на овој свет кои ги етикетираат како Индиго или кристални деца. Тоа се тие деца кои ќе допрва ќе се развиваат во насока која што ја опишува Анастасија. Веќе тоа и се случува и го имам лично искусено.
 
Не е дека они треба да се развијат.....проблемот е со тиквите на земјава. А дека ќе се развиеле тоа тешко....може само лоша карма да си накалемат. Инаку во друга смисла сите се кристални и индиго деца, ама допрва треба да се самореализираат.:)
 
Добро ова е процес кој би се развивал со векови за да се дојде до радикална квантитативна промена на светско ниво. Не разбирам, зошто лоша карма да си накалеметат?
 
Добро ова е процес кој би се развивал со векови за да се дојде до радикална квантитативна промена на светско ниво. Не разбирам, зошто лоша карма да си накалеметат?
Отидена е многу работава на земјава....можноста да се претопиш во колективот и да усереш е голема. Е сега, тука и слободната воља кога ќе влезе во равенката испаѓа дека можно е да се дојде до лоша карма. Скоро сум убеден дека е неизбежно.....
 
Се обидувам да сфатам и ја не разбирам поентава. :) Инаку генерално ја отворив темава за да видам што размислуваат форумџииве за прашањата што прoизлегуваат од книгите, било да се експлицитно или имплицитно поставени. И дали има форумџии кои барем во минијатурна верзија чувствуваат дека во нив тече крв која што ги освестува дека се богови кои шетаат на земјата.
 
Инаку покрај деветте книги, тазе има излезена и десета. Буричкав низ интернетов и гледам сеуште нема превод на англиски, така да кој е заинтересиран, ја имам на руски.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom