Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Абе Гумерсбах му е подобра опција. Таму си е стандарден, а противниците се многу посилни во Германско отколку во Данско првенство. Во Колдинг највеојатно резерва би бил, така да пдообро да игра отколку да дреме.
 
На СП бевме тактички неподготвени




Признанието за најдобар спортист во 2012 година замина во рацете на ракометарот на Металург, Наумче Мојсоски. Награда заслужена со настапите во репрезентацијата и клубот минатата година.



Ракометарот на Металург и на македонската репрезентација Наумче Мојсоски е победник на 57. избор на најдобар спортист на Македонија. Признание кое заслужено оди во рацете на еден од главните актери во македонскиот национален тим и екипата која успева од натпревар во натпревар да ја наполни скопската арена "Борис Трајковски".

"Ова признание значи многу, 2012 година беше година во која македонскиот спорт бележеше добри резултати. Конкуренцијата беше силна и затоа ова признание добива тежина", вели Мојсоски.

- Ракометот, сепак, беше број 1 минатата година..

"Најголемиот успех беше што успеавме да ја вратиме во јавноста вербата во македонскиот спорт. Успеавме да 'однесеме' 20.000 Македонци во Србија на првенството. Не верувам дека некои други, не само спортисти, би успеале да направат такво нешто. Целиот амбиент, се што се случуваше таму беше нешто посебно".



- Годинава, сепак, не тргна како што посакувавме.

"Не почнавме добро, но имаме време да се поправиме. Мислам дека имаме доволно квалитет за да се пласираме на ЕП Данска и да го продолжиме континуитетот.

- Македонската репрезентација заврши на 14. место на мундијалот. Колку си задоволен од твојот настап на СП?

"Не сум задоволен од тоа што го прикажав на првенството. Знам колку можам, а колку одигравме. На СП бевме тактички неподготвени. Се промени тактиката, не го игравме тоа што најдобро го знаеме. Беа воведени многу нови комбинации, почнавме да играме некои нови акции кои се невоиграни. Можеби таа е најдобрата тактика, но нам не ни одговараше. Сепак, игравме тоа што се бараше, не е наше тоа да го менуваме. Но, потребно е многу време таквите акции да се воиграат и усовршат за да функционираат против тимови какви што имаше на СП. А ние време немавме и отидовме така, неподготвени, и на терен излегувавме смешни. Тоа најмногу се одрази кај мене и Миркуловски. Почнавме да правиме технички грешки кои јас во живот ги немам направено. Не можевме да профункционираме, да се најдеме на теренот, бевме како изгубени Германци. И не се соочивме со грешките, одевме така од натпревар во натпревар. Ние не сме репрезентација која ќе биде изненадување како во Хрватска и Србија. Сега н$ познаваат, се подготвиле за нас. Знаат кој е Мојсоски, што игра Миркуловски, кој се враќа, кој се менува. Ако не го играме тоа што најдобро го знаеме и ако не го правиме тоа со максимум, не можеме да победуваме".

- Ниту оранизациски не се "прославивме"



"Мора еднаш се да се каже за нешто да се промени. Се влечкавме со торбите по аеродроми, вадевме, претуравме од една торба во друга за да можеме во авион. Ние од Србија сме вратени два чекора назад и на тој план. Не може Металург како клуб да биде 20 светлосни години подобро организиран од репрезентацијата. Таму имаме с$, овде немаме ништо. Едно це -де за 'анализа', ни да ти каже некој нешто... Имаше уште многу работи, не ни беше бистра главата, а и заморот си го направи своето. Но, работите мора да се менуваат. За да им оставиме на играчите кои доаѓаат по нас нормални критериуми, да можеме да им априраме на другите".

- Ќе има нов селектор, најава за промена во РФМ.

"Морам да кажам една работа. Постојано се провлекува дека вршам притисок за брат ми да игра во репрезентацијата. Брат ми не беше на СП во Хрватска, на ЕП во Србија не одигра ни минута, а во Шпанија играше само на најнебитниот меч, со Чиле. Ако правев притисоци во тој поглед, ќе играше многу повеќе.

Новиот селектор, кој и да биде, ќе мора да го извади на терен најдоброто од секој индивидуалец. Мораме со бистри глави во продолжението на квалификациите. Треба да се 'ресетираме', да заборавиме се што се случи од ЕП Србија до сега. Посебно ова СП и дуелот со Португалија. Треба да одбере тим за кој смета дека е најдобар без никаков притисок и сите да ја почитуваме неговата одлука. И кога ќе излеземе на терен да мислиме само на тоа како дадеме максимум. И 'најслаб' тренер да е, ако сме единствени и даваме меѓусебна поддршка, ќе имаме успех".

- Договорот со Металург ти истекува во јуни.

"Да, договорот ми истекува ова лето. Клубот веќе почна преговори со некои играчи, јас уште не сум разговарал на таа тема. Прво ќе разговарам со нив. Ако клубот има намера да остане амбициозен и во следните сезони, тогаш би останал. Металург напредуваше многу како клуб, се издигна над другите на секој план. Ако клупските планови се уште се да има силен тим, да останат, не знам, Станиќ, Вугринец итн., и планира и натаму да се подобрува, тогаш јас можам уште неколку години да играм квалитетно и сакам да играм во клуб со амбиции".

-Алтернативи?

"Гепинген веќе има конкретна и добра понуда. Треба да им одговорам најдоцна до 1 март. Имам понуди и од Блискиот Исток, финансиски одлични, но нив им реков дека ми е се уште рано да одам натаму. Прво ќе разговарам со Металург во секој случај, од тоа зависи се".

- Металург е обично најслаб по настапите на репрезентацијата



"Тоа што се работи во репрезентацијата се пресликува врз играта во клубот. Промена на тактика, нова игра, поинаква атмосфера, целата организација која е таму, сето тоа влијае. Сега ни следат многу важните натпревари од продолжението на Лигата на шампионите. Добро е што ќе бидеме во Словенија неколку дена. Да ни се избистрат главите и да заборавиме на СП. Потребна ни е концентрација, да се вратиме назад во ритамот кој го имавме во клубот пред СП", изјави Мојсоски.

Овде го "затворивме" офцијалниот дел од разговорот со Мојсоски. Одмор за ракометарите нема. Мојсоски продолжува со Металург на подготовки, кои вклучуваат и натпревар со БГК Мешков во Белорусија на 3 февруари, а по тоа екипата од Брест за Словенија каде ќе остане се до одигрувањето на натпреварот од продолжението на Лигата на шампионите, со Горење на 9 февруари.
http://www.idividi.com.mk/sport/ostanatsport/825686/index.html
 

Море сочен вокабулар на Начевски. Мадафака! :pos: Се пресмеав на муабетот: " БезБол палка у гз ќе му пикне. Не знам дали тогаш палката би се викала БезБол ":pos:
 
Само ние имаме таков генетски потенцијал да произведиме вакви МУЖИ:D..
Кога го гледам дечково,како се резили со секој свој настап сеуште се чудам како е можно сеуште да имаме ракомет во Македонија...:tapp:
Како е можно едни двајца големи тајкуни како Михајло и Минчо сеуште да не можат да ги тргнат овие МУЖИВЕ....
Преку таковото шо имаат врски во ЕХФ,шо им даваа/т судиска логистика.шо Драганчо е главен на судиите,преку се....
Па пичка му матер,и оние мангупите од владата нека видат малку кој се ни го ебава спортот.....и ЗОШТО СИТЕ НИ СЕ СМЕАТ?
Најдобриот спорт ,години ни е во заложништво на вакви луѓе....
И после бараме медали,олимпијади....:facepalm:
Кај го има ова бе?директор на репрезентација на едно СП,пред цела ракометна јавност да треси вакви глупости...
Па и онај Филе,објаснува нешто....абе земи искрши го таму пред сите....џабе си толкав вол....:tapp:
Михајло кај си да одговориш алоо....
Како рече некни на Сител не ми текнува,вика НАЧЕВСКИ РАБОТЕЛ КОМПЛЕТНО И ПОСВЕТЕНО така нешто беше.....
Море мрш таму сите....како не ви е срам да се појавувате во јавност со вакви индијански изјави.....
Мајмуни да пуштевме за Шпанија полесно ќе стигнеа до Севиља....а не национална селекција....:tapp:
И онај мангупот Левче и сите тие богаташи, ако дојди на функција,ако го задржи овај циркузант на било каква функција во РФМ нека не се појавува повеќе во јавност...
За вакви индијанци спортските сали мора да бидат најстрого забранети....најстрого....:eek:
 
На сево ова што го кажал Tomasino ако се додадат уште 600.000 евра буџет на федерацијата… за десет мечеви годишно...
 
ХАхаххаха па да ви кажам во право е до негде со муабетов Начевски, може е лопов ама добро го суреди волов што дрка на барса/
 
Кој хохштаплер и тешка сељачина е овој Начевски. Како на клоци досега не го исфрлија од РФМ. Ради него ни тоне оваа златна генерација на рфакометари.
 
Кој нормален играч,ракометар,професионалец би се ебавал со играње ракомет за оваа репрезентација со вакви луѓе во федерација бе ?

Брука.
 

Најновиот коментар од поставувачот на видеото:


Perseytube 2 hours ago
Ми врти некоја будала од 078 765 555 и ми вика ако не го тргнам видеово за Начевски од Youtube, ќе ми прател луѓе по дома да ми одржат лекција.
Неколку пати се обидов да му се прејавам но бидејќи не крева слушалка, од тука му порачувам на одговорниот дека видеото нема да биде отстрането. Нека престане да си игра играчки да не го снајде кривична одговорност. ;-)


До каде со вакви луѓе?Ако е вистина ова и брзо научиле кој е типот поставувач на видеово, долги им се пипците и мали им се мозоците.
А порано имаше едно нешто, го викаа одговорност.Сега е обичен збор.

Баш сакам да ги чујам тие со размислувањата дека отиде Шундо и сè ce среди...
 
Треба да се најде и снимката од пријателскиот меч со Романија во сала Борис Трајковски што се играше. Оној другиот Начевски беше во елемнт па ја пцуеше публиката цел натпревар гледајки у публика, а син му тепаше еден дечко од публиката.
А после емитувањето на такво нешто одлично би одел спотот за "и ти си Македонија".:facepalm:

Јас незнам кој треба да ѓи тргне мафиозиве од таму, но едно знам како можеме ние да помогнеме а тоа е да не одиме на натпреварите на репрезентација. Знам дека со тоа ќе се одмогне на репрезентативците, но подобро е да се исече ова што е можно поскоро. Пошо досега никој не најде како попаметно тоа да се направи, бојкотот ми изгледа како единствено решение.

И не ставајте dislike на видеото оти можат од youtube да го бутнат, иако не е за like ставајте like.
 
Кога навијачите, публиката, ние, сме ги исвиркувале и плувале по Начевци ? Никогаш. А требаше да се превземе оваа работа во свои раце по дебаклот во Шведска. Но ние спиевме, нанкавме и уште нанаме. Ако така ни треба нека не дупат во здрав мозок, кога незнамеме да ги иселиме со се гашти. Никаков бојкот не е решение, него прва утакмица и право на трибина, да се каже, дека навивачите не ги сакаат говедава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom