До и Од модераторот на подфорум Религија

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Браво за тој што ја отвори темата прашања за атеистите, сакав јас денес да предложам да се отвори таква, некој ме претекна. Ај сега да ги видиме "модерниве"

Атеизмот е далеку од модерен. Сите се раѓаат атеисти. Подоцна се наоѓа некој да им го расипе умот со прикаски :).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Оооооо...нов модератор а....ај честито.

Одма една молба до тебе, истата што денес ја пратив до киселиот.....еве

Acid, ај ќе те замолам ако сакаш да отвориш анкета по ова прашање.....
Дали Будизмот е Атеизам?
Да биде јавен.....да може да се види кој како гласал...
Благодарам однапред.

И изјасни се што си , за да знаеме со кого ќе си имаме кавги...се смеам, не се сите толку лоши како мене на овој подфорум
 
Атеизмот е далеку од модерен. Сите се раѓаат атеисти. Подоцна се наоѓа некој да им го расипе умот со прикаски :).
Имаш мала грешка......се сведува на дефинирање на поими. Се раѓаат сите гностици, а не атеисти. Атеизмот со знаењето нема допирни точки......што да се прави, така е дефиниран.
 
Оооооо...нов модератор а....ај честито.
...
Одма една молба до тебе, истата што денес ја пратив до киселиот.....еве
....
И изјасни се што си , за да знаеме со кого ќе си имаме кавги...се смеам, не се сите толку лоши како мене на овој подфорум

Фала на честитките.
Анкетата(темата) за будизмот/атеизмот е отворена.

дополнето:

Ни казнени, ни банови, ни ништо... бришам све што нема допирна точка со насловов на темава. И не ги злоупотребувајте моите методи за воведување некаков си ред. Нема смисла.
 
Како модератор, Никола на онаа тема “христијанки и муслиманки (споредба)“ имаше доста дискусии кои не требаше да се избришат, иако имаше офтопици, но она што е од 91ва страна па натаму е ептен офтопик, национална и верска нетрпеливост, пцуење, колнење и уште што не, пожелно е да се избришат.
 
Се ќе биди во свое време, не сум на дугме..
И како нов овде, морам прво да направам добра анализа што и како се случувало досега, пред да преземам чекори.
Имајте разбирање.
 
Тврда ти душа......
 
Членот е баниран 7дена од темата поради недолично однесување.
Причина: И покрај 5+ опомени, немаше резултат.

НАСЛОВ НА ТЕМАВА:
До и Од модераторот на подфорум Религија
Се друго освен тоа го сметам за оф топик и ќе биде избришано.
 
Може ли темата Божји својства во Куран и Библија да биде заклучена или избришана?
Многу нетрпеливост,навреди и провокации предизвика и ќе предизвикува.
Поздрав.
 
Сакам да дадам мој скромен предлог до новиот модератор.
Имено, религијата е совршена тема за дискусии и за препукувања и може се да оди до бескрај, и затоа треба да се искористи шансата и да се даде можност и услови за тие дискусии барем да бидат малку попрегледни и поцивилизирани.

На овој форум има прилично провокатори и моментално нема некои квалитетни мислења. Се пишува на десетина теми и тоа по неколку страни во еден ден и тоа веднаш предизвикува одбивност кон новите членови кои сакаат да останат во тек со новите дискусии.
Гледам во последно време има наплив на Муслимани и огромна активност на теми за Исламот и за споредби меѓу Христијанство и Ислам. Сметам дека ова е една фаза, за кратко време ќе се проретчат тие препукувања.

Што предлагам? Прво да се отворат две општи теми: „Општи дискусии за Христијанството“ и „Општи дискусии за Исламот“. Значи, не како порано што беше со прашања, и тие теми и така се претворија во општи дискусии и да им се даде можност на провокаторите таму да се препукуваат.
Кога ќе се започне некоја солидна дебата за некое поконкретно прашање, модераторот може да ги пренасочи во веќе постоечка тема или да се отвори некоја нова тема.
И така моментално во неколку различни теми се водат исти општи дискусии.

Друг предлог би било да не се бришат „офтопик“ дискусии. Може да се префрлат во соодветна тема, ама демотивирачки е да се бришат мислења кои можеби се солидна основа за некоја дебата, само затоа што не се во контекст на насловот на темата во која се напишани.

И уште еден предлог, новите теми од Религија да не одат во лентата Нови теми на почетната страна. Така само уште од почеток се привлекуваат членови кои и не би дошле во Религија да не го виделе провокативниот наслов и тие што читаат и придонесуваат редовно во Религија би биле поштедени од нивните (не)размислувања.
 
И уште еден предлог, новите теми од Религија да не одат во лентата Нови теми на почетната страна. Така само уште од почеток се привлекуваат членови кои и не би дошле во Религија да не го виделе провокативниот наслов и тие што читаат и придонесуваат редовно во Религија би биле поштедени од нивите (не)размислувања.

Очекуваш од модераторот да бдее над монитор само за да му преместува на некој постови затоа што на тој некој сам не му текнува дека може треба во посоодветна тема да ги постира истите мислења? Не е работа на модераторот тоа. Не е ставен за тоа го прави. Ако некој не научил каде за што се дискутира, модераторот нека мава казнени и брише мислења. Да видиш како повеќето учат да внимаваат после тоа.

Друго, ако не сакаш одредени нови членови да дискутираат на тој подфорум, преку запознавање со дискусиите од Нови Теми делот, тогаш не критикувај колку биле лоши редовните дискутанти на тој подфорум. Да ги смениме дискутантите ако сакаш, да се по твој мерак? Да ти оставиме можеби на тебе да регрутираш атеистички интелектуалци со респектабилен пристап и религиозни сколари кои можат да бидат објективни?
 
Сакам да дадам мој скромен предлог до новиот модератор.
Имено, религијата е совршена тема за дискусии и за препукувања и може се да оди до бескрај, и затоа треба да се искористи шансата и да се даде можност и услови за тие дискусии барем да бидат малку попрегледни и поцивилизирани.

На овој форум има прилично провокатори и моментално нема некои квалитетни мислења. Се пишува на десетина теми и тоа по неколку страни во еден ден и тоа веднаш предизвикува одбивност кон новите членови кои сакаат да останат во тек со новите дискусии.
Гледам во последно време има наплив на Муслимани и огромна активност на теми за Исламот и за споредби меѓу Христијанство и Ислам. Сметам дека ова е една фаза, за кратко време ќе се проретчат тие препукувања.

Што предлагам? Прво да се отворат две општи теми: „Општи дискусии за Христијанството“ и „Општи дискусии за Исламот“. Значи, не како порано што беше со прашања, и тие теми и така се претворија во општи дискусии и да им се даде можност на провокаторите таму да се препукуваат.
Кога ќе се започне некоја солидна дебата за некое поконкретно прашање, модераторот може да ги пренасочи во веќе постоечка тема или да се отвори некоја нова тема.
И така моментално во неколку различни теми се водат исти општи дискусии.

Друг предлог би било да не се бришат „офтопик“ дискусии. Може да се префрлат во соодветна тема, ама демотивирачки е да се бришат мислења кои можеби се солидна основа за некоја дебата, само затоа што не се во контекст на насловот на темата во која се напишани.

И уште еден предлог, новите теми од Религија да не одат во лентата Нови теми на почетната страна. Така само уште од почеток се привлекуваат членови кои и не би дошле во Религија да не го виделе провокативниот наслов и тие што читаат и придонесуваат редовно во Религија би биле поштедени од нивните (не)размислувања.

Политиката на форумот не ја менува модераторот, и постојат јасни правила за начинот на работа во подфорумите.
Јас сум овде нов модератор, но тука си е и стариот, тука се и админите.
Значи некој драстични промени сега за сега - нема да има, но секој добар предлог ќе биде разгледан и највероватно прифатен.
Поздрав.
 
Сакам да дадам мој скромен предлог до новиот модератор.
Имено, религијата е совршена тема за дискусии и за препукувања и може се да оди до бескрај, и затоа треба да се искористи шансата и да се даде можност и услови за тие дискусии барем да бидат малку попрегледни и поцивилизирани.

На овој форум има прилично провокатори и моментално нема некои квалитетни мислења. Се пишува на десетина теми и тоа по неколку страни во еден ден и тоа веднаш предизвикува одбивност кон новите членови кои сакаат да останат во тек со новите дискусии.
Гледам во последно време има наплив на Муслимани и огромна активност на теми за Исламот и за споредби меѓу Христијанство и Ислам. Сметам дека ова е една фаза, за кратко време ќе се проретчат тие препукувања.

Што предлагам? Прво да се отворат две општи теми: „Општи дискусии за Христијанството“ и „Општи дискусии за Исламот“. Значи, не како порано што беше со прашања, и тие теми и така се претворија во општи дискусии и да им се даде можност на провокаторите таму да се препукуваат.
Кога ќе се започне некоја солидна дебата за некое поконкретно прашање, модераторот може да ги пренасочи во веќе постоечка тема или да се отвори некоја нова тема.
И така моментално во неколку различни теми се водат исти општи дискусии.

Друг предлог би било да не се бришат „офтопик“ дискусии. Може да се префрлат во соодветна тема, ама демотивирачки е да се бришат мислења кои можеби се солидна основа за некоја дебата, само затоа што не се во контекст на насловот на темата во која се напишани.

И уште еден предлог, новите теми од Религија да не одат во лентата Нови теми на почетната страна. Така само уште од почеток се привлекуваат членови кои и не би дошле во Религија да не го виделе провокативниот наслов и тие што читаат и придонесуваат редовно во Религија би биле поштедени од нивните (не)размислувања.

1 предлог: Пошто сега сме двајца ќе се отворат темите Прашања до Ислам и Прашања до Христијанство ... белким ќе можеме да ги зауздаме.
2 предлог: Офтопик дискусии се казнуваат со соодветни санкции. 10 души да сме модератори тука неможе да стасаме да бараме кој пост за каде е ... по дефолт се смета дека членовите кои се на форумов се доволно писмени да знаат на која тема за што се дискутира.
3 предлог: Тоа е начинот на функционирање на форумот и неправедно е да не се појавуваат темите од Религија на почетна на нови мислења. од мене не се прифаќа а до администрација можеш да предложиш.
 
Ај уште еднаш...
Ај отклучете ја темата за Ошо... доста долго ја држите под клуч... а триста други тапа теми оставате да се припукаваат форумџииве...:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom