Сакам да дадам мој скромен предлог до новиот модератор.
Имено, религијата е совршена тема за дискусии и за препукувања и може се да оди до бескрај, и затоа треба да се искористи шансата и да се даде можност и услови за тие дискусии барем да бидат малку попрегледни и поцивилизирани.
На овој форум има прилично провокатори и моментално нема некои квалитетни мислења. Се пишува на десетина теми и тоа по неколку страни во еден ден и тоа веднаш предизвикува одбивност кон новите членови кои сакаат да останат во тек со новите дискусии.
Гледам во последно време има наплив на Муслимани и огромна активност на теми за Исламот и за споредби меѓу Христијанство и Ислам. Сметам дека ова е една фаза, за кратко време ќе се проретчат тие препукувања.
Што предлагам? Прво да се отворат две општи теми: „Општи дискусии за Христијанството“ и „Општи дискусии за Исламот“. Значи, не како порано што беше со прашања, и тие теми и така се претворија во општи дискусии и да им се даде можност на провокаторите таму да се препукуваат.
Кога ќе се започне некоја солидна дебата за некое поконкретно прашање, модераторот може да ги пренасочи во веќе постоечка тема или да се отвори некоја нова тема.
И така моментално во неколку различни теми се водат исти општи дискусии.
Друг предлог би било да не се бришат „офтопик“ дискусии. Може да се префрлат во соодветна тема, ама демотивирачки е да се бришат мислења кои можеби се солидна основа за некоја дебата, само затоа што не се во контекст на насловот на темата во која се напишани.
И уште еден предлог, новите теми од Религија да не одат во лентата Нови теми на почетната страна. Така само уште од почеток се привлекуваат членови кои и не би дошле во Религија да не го виделе провокативниот наслов и тие што читаат и придонесуваат редовно во Религија би биле поштедени од нивните (не)размислувања.