Фан Клуб: Интер

Igraci koji su dosli u Inter u ovom prelaznom roku:

Rocchi , 35 godina
Kuzmanovic, 26 godina
Kovacic, 18 godina
Schelotto, 23 godina
Carrizo, 28 godina
Laxalt, 19 godina



И Лахалт официјално е играч на Интер?
 
Овој Скелото ми се чини од Аталанта е.
Неколку пати што сум го гледал добар е и во дефанзива и офанзива.Со оглед на тоа што сомон (Переира) врска си нема, очекувам овој да го седне на клупа и да се свести за кого се платени 15 милиони. :facepalm:
Иако не е некое идеално решение за екипа како Интер, но со оглед на настаните и Интер не е тоа што беше.
 
Икарди немаше шанса да си оди сега од Сампдорија, тимот не сака истата грешка да ја направи ко со Пацини и Касано кои ги даде во Јануари а на крајот испаднаа ...
Наводно, биле одбиени и Јувентус а играчот ги преферирал Интер ко опција но не сега туку во Јуни, во секој случај ништо поконкретно нема али еве како што видовме како го земаа Ковачич, едноставно не знаеме што се случува зад големата врата.

Овој уругваецов мислам дека во Јуни ќе дојде а сега е договорен, имаше проблеми со пасошот, па најверојатно од Јуни ќе го гледаме во Интер.
Каризо е одличен за втор голман, во послаби екипи од Калчото комотно може да е и прв голман, 28 години има, незнам лично за него колку е паметна опцијата да биде класична замена во Интер али тоа е негов проблем како и да е.

p.s. Кузманович има 25 години, не 26, во Септември тек ќе пуни 26.
 
Добар играч е Скелото. Како трансфер добар е. Ама кога ќе ви се погледне цел трансфер период се гледа дека ептен тапа управа имате. Нешто ко нашиве али вие немате толку пари :(
Ај со среќа нека ви е сезонава па догодина со пласман во ЛШ можеби ќе се донесат подобри играчи.
 
Во Јануари талјаните ретко кога склапаат јак тим, може Милан у последниве години сеа со Балотели и претходно со Касано, Интер мислам Адријано го вратија на времето и Мур кога беше, Пандев кога дојде ко џокер у покер, кога е во прашање Интер тоа е, кој очекувал нешто woow зимоска очигледно не знае како стојат работите за Италија и Јануари. Интер многу ретко пазареле асално во овој период, ако Коваичич, Скелото и Кузманович се покажат ко идеални за дресов ондак ова ќе биде топ трансфер јануарски период кога е во прашање Интер.

Главната грешка беше направена со Снајдер а и еве ќе кажам, Коутињо, на тој тим на Интер плус Ковачич, Кузманович и Скелото и ете ти убер јак Интер за италијански услови, за првите двајца, можеа да почекаат бар до Јуни за да ги продаваат, кога можат да се направат други асални трансфер маневри.
 
Ај со среќа нека ви е сезонава па догодина со пласман во ЛШ можеби ќе се донесат подобри играчи.
Не сакаме да се пласираме.
Страв ни е.
 
Не сакаме да се пласираме.
Страв ни е.
Тоа второто не мораше да го напишеш, со останувањето на Снајдер, и со неговото играње а не замрзнување по Јуве, и со овие играчи сега што дојдоа, Интер сега ќе беа први на табела, до последните кола ќе се бореше за титулата а на едно 9 кола до крајот веќе ќе имаа обезбедено место во ЛШ.
Енормна штета му беше нанесена на Интер периодов, енормна, и тоа не смее да се заборави па макар Ковачич е новиот Зидан а Кузманович се покаже ко Гуарин што импресионираше у дресов, истото важи и за Скелото. Тоа што го направија со Снајдер, Интер го оддалечи од битка за голем успех сезонава, т.е., му ги откорна шансите за такво нешто, и ако нешто ја означи сезонава тоа е пред Се ова, ја по ова најмногу ќе ја памтам оваа сезона на Интер, кога луѓето од управата (не)свесно сработија во корист на Јуве ... па и Милан и Наполи.
 
Тоа второто не мораше да го напишеш, со останувањето на Снајдер, и со неговото играње а не замрзнување по Јуве, и со овие играчи сега што дојдоа, Интер сега ќе беа први на табела, до последните кола ќе се бореше за титулата а на едно 9 кола до крајот веќе ќе имаа обезбедено место во ЛШ.
Е па до Јуве јас прогнозирав и титула, ама после управата ни влезе на терен и сега нејќу појќе ЛШ да видам. Во ЛШ сакам само ако имаме некаква шанса, барем да сме на нивото на Интер со Манчини. И да испаднеме да не е брука. Вака сме топовска храна, ќе налетаме на некој офанзивен тим од Шпанија или Англија, цревата ќе ни ги истурат.
 
Е па до Јуве јас прогнозирав и титула, ама после управата ни влезе на терен и сега нејќу појќе ЛШ да видам. Во ЛШ сакам само ако имаме некаква шанса, барем да сме на нивото на Интер со Манчини. И да испаднеме да не е брука. Вака сме топовска храна, ќе налетаме на некој офанзивен тим од Шпанија или Англија, цревата ќе ни ги истурат.
Ти знаеш што ќе биде приоритетот у ЛШ ? Да се помине групната фаза и да се ќарат тие пари од тв права и бонуси, толку, све друго ќе е само плус и ирелевантно, значи целта ќе се парите, тоа ќе им е приоритетот, потоа евентуалниот успех кој секако нема да дојде.
А у Серија А ќе идат на титула, сезонава ни се исцрта колку малку е потребно за тоа но ете, видовме кој удри на ручна, зашто ... само они знаат.
 
Да се надеваме дека Милан и Јувентус ќе почнат да се засилуваат од лето. Оној нашиот пари има, и начини има како да ги ували во клубот ако сака. Проблемот е што ги виде Милан и Јуве боси и реши и тој се собуе, пошто нели и вака и онака е во трка за скудето ама вака џебот му е пополн. Само силни конкуренти можат да го натераат да го смени курсот.

И овој малиот што го земавме, и Лонго, и сите што ќе ги пробаме, немој да мислите дека им даваме шанса за еден ден да бидеме како Барса. Им даваме шанса затоа што за 4 години еден од нив да успее ќе вреди 40 милиони во Англија или кај арапите. Ништо што вреди нема да остане повеќе од 4, нам ни остануваат само Џоната, Силвестре, Киву и сите други кои ни еден клуб не сака да ги прибере.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom