Проценка на конфигурации и помош за купување

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Да не се мешам...
Не бе, у реду е.... Веќе некое време не пратам цени и не знам како се движат. Затоа прашав тука... пошто знам дека има луѓе кои пратат такви ствари, па да добијам реална слика.

Мада што, Quad Core конфигурација за 100€, јас барем не видов нигде. :toe:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.541
Поени од реакции
33.686
Пошто се предомислив за купување од АМЦ, составив ново парче, па некој да ми каже дали е ок :) И ако нешто фали што фали :)

MB ASUS P45 CHIP
RAM 4GB APACER 800
HDD WD 500GB SATA2
DVD-RW SAMSUNG 22x SATA2
CPU INTEL CORE @ QUAD 2,5 GHz
nVIDIA GTS250 1GB DDR3
COOLER 775S
napojuvanje REAL 550w

Толку :)
Добар воедначен избор. Неколку предлози:
- за не многу голема доплата имаш 3 пати поголем хард диск
- ако можеш да си дозволиш земи подобро напојување...
- монитор не поголем од 22" со таа видео карта
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ај кој е упатен во цени на хардвер деноиве... Колку би процениле вакво нешто:

CPU: Intel Core 2 Duo @ 2.33 GHz
RAM: 8 GB DDR2 Dual Channel
VGA1: nVidia GeForce 7300GT 256MB
VGA2: nVidia GeForce 6600 256MB
HDD1: 200GB SATA2
HDD2: 250GB SATA2
Нормално, идат сите стандардни тракатанци плус... DVD-RW, Audio 7.1, Ethernet, бла бла бла....
200 евра ако е со Линукс, 250 евра ако е со Њињдос, 300 евра за со OS X.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Добар воедначен избор. Неколку предлози:
- за не многу голема доплата имаш 3 пати поголем хард диск
- ако можеш да си дозволиш земи подобро напојување...
- монитор не поголем од 22" со таа видео карта
Зошто поголемо напојување? Еднаш веќе ми го зголеми тој откако стави подобар процесор и графичка. Пак има некој проблем?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Зошто поголемо напојување? Еднаш веќе ми го зголеми тој откако стави подобар процесор и графичка. Пак има некој проблем?
Најверојатно мисли за во иднина, ако надградуваш.
Или пак мисли на "подобро"; односно некоја марка. Стварно, пиши што марка е напојувањето. :)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Главата ќе ми прснеше периодов од сето техничко инфо (кое за мене е воглавно неразбирливо, затоа што сум аналфабет за таа тематика), али у морето избор на лаптопи, конечно се одлучив за еден.
Па, ќе бидете ли фини да ми кажете дали вреди да си го купам? :pipi:
Asus N61JV-JX002

Intel Core i5 430M (2.40 GHz)

4 GB DDR3 RAM, 1066 Mhz

500 GB HDD 5400 rpm

nVidia GT 325M 1GB VRAM
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Главата ќе ми прснеше периодов од сето техничко инфо (кое за мене е воглавно неразбирливо, затоа што сум аналфабет за таа тематика), али у морето избор на лаптопи, конечно се одлучив за еден.
Па, ќе бидете ли фини да ми кажете дали вреди да си го купам? :pipi:
Ѕверче е лаптопот во поглед на перформанси, процесор и графичка од најнова технологија, дури и за гејминг може да се покаже одлично (осеќам дека си јако гејмериште, ама нејќеш да се експонираш :))

Претпоставувам дека ќе биде малце потежок од просекот (околу 3kg) и веројатно батеријата нема да му трае многу долго поради моќните процесор и графичка (до 2 часа).
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.541
Поени од реакции
33.686
Зошто поголемо напојување? Еднаш веќе ми го зголеми тој откако стави подобар процесор и графичка. Пак има некој проблем?
Една од компонентите што најчесто се запоставува а директно влијае на стабилноста и сигурноста на целиот систем...

Во РС од 400+ евра барем 50 би требало да отидат на напојување. Инаку едно е колку вати ти требаат а друго е потребата напојувањето да е квалитетно... Бранд нејм + тешко да биде :wink: (мада тоа не е мерило само по себе)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom