Verdict
Galadriel
- Член од
- 21 мај 2012
- Мислења
- 2.197
- Поени од реакции
- 2.114
Незапирливо е соединувањето на Албанците, изјави во Тирана албанскиот премиер Сали Бериша, што во некои регионални медиуми е проследено како нова најава за проектот голема Албанија. За таквата идеја се расправало, имено и во текот на неодманешното одбележување на сто годишнината од основањето на албанската држава, пишува порталот „Слободнадалмација.хр“.
Уште во крајот на 2010 година Коча Данај, директор на Институтот за регионална прогноза и советник на тројца албански премиери, рече дека во 2013 година по мирен пат би требало да се оформи нова албанска држава која би ги опфаќала териториите каде живеат Албанците. Додека некои аналитичари тврдат дека новата албанска држава е реален проект кој може да предизвика нови тензии, други наведуваат дека зборовите на Бериша се целосно погрешно интерпретирани.
Американскиот проект за создавање голема Албанија всушност со дипломатски и воени средства полека се реализира долги години. Постои историја на американското ангажирање во регионот, но кога станува збор за овој проект, треба да се потсетиме на неколку клучни точки. Тоа е американско-НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година, откако НАТО на Косово распореди 50.000 добро вооружени војници.
Тука е Охридскиот рамковен догово, проект на САД, со кој е започнат процес на политичко реформирање на Македонија низ уставни промени и усвојување на низа нови закони кои им осигураа значително повеќе права на македонските Албанци.
Третата клучна точка е американската поддршка за независноста на Црна Гора и Косово, со што ослабува Србија. Извршена е нејзина декомпозиција и со тоа е воспоставена регионална рамнотежа. Американската политика со овој дипломатски-воен ангажман го подготви проектот голема Албанија, вели Јадранка Половиќ, политолог од Хрватска.
Таа укажува на значењето на Косово како дел на југоистокот на Европа.
Југоистокот на Европа, еднакво, како и во минатото, и денес има значајно геополитичко, геоекономско и геостратешко значење кое ја одредува политичката иднина на регионот. Поврзан со Медитеранот, Блискиот исток, подрачјето на Кавказ и средна Азија, но и со средна Европа, отсекогаш бил предмет на интерес на гоемите сили. Поради растечкото значење на енергенсите во геополитиката во 21 век, овој простор станува простор на наметнување на глобалните центри на моќ. Имено, југоистокот на Европа е најкраток пат помеѓу западна Европа и нафтата и плинот на богатото подрачје на средна Азија и каспискиот басен и како таков станува дел на „новата голема геополитичка игра“, односно простор на кој ривализираат интересите на САД, Русија и Турција, вели Половиќ.
Таа додава дека како проектот на воспоставување на америкаската доминација во Евроазија започнува токму на југоистокот на Европа со Албанија, а завршува во Кина. САД својата геостратегија кон средна Азија ја потпираат на мрежата на проамерикански држави на југоистокот на Европа-Албанија, Романија, Бугарија, Турција, Грција, Македонија, а во најнов контекст и Косово, како и земјите од каспискиот регион-Азербејџан и Узбекистан, но и Грузија и Украина, на кои , како што вели таа, се шири злочудна стратегија на унификација на американскиот свет.
Токму примерот на Косово како нова држава создадена со употреба на американските политички инструменти стана показател на продолжението на американската доминација во регионот и настојувањето да се одржи американското униполарно водство не само на југоистокот на Европа, туку и пошироко, на просторот на Евроазија, вели Половиќ, додавајќи дека овој „успех“ во воведувањето на правилата на демократијата, усвојувањето на лекциите на слободниот пазар и отворање врати за странските инвеститори.
Може ли да се очекуваат немири?
Не очекувам немири. Имено, лидерот на Албанското национално движење изјави дека САД и Русија се договориле за прекреирање на границите на начин што Прешево, Косово и најверојатно дел од Македонија и Црна Гора, ќе се најдат во рамки на голема Албанија. Национаолните држави губат смисла, глобалните актери напредуваат низ проектот за ширење на демократијата, човековите права и слободниот пазар, кој подразбира глобализирана бедна регија. Новите држави се потполно зависни од странскиот капитал…
Вилијам Енгдал, историчар и економски истражувач наведува дека последица од американската политика по бомбардирањето на Србија била изградбата на големи мрежи на нови американски воени бази. По војната на Косово, САД воспоставија воена база на границата меѓу Косово и Македонија, како гравитациска стожерна точка која на американските воздушни сили им осигура пристап до нафтата во богатите региони на Блискиот исток и Каспиското езеро, како и контрола на источниот Медитеран Во време кога е изградена, воената база со околу 7.000 војници беше најголема американска воена база изградена во светот по Виетнамската воја, по што е продолжено со изградба на нови воени бази во Унгарија, БиХ, Албанија и Македонија, истакнува Половиќ.
Извор: „Слободнадалмација.хр“
http://denesen.mk/web/2013/01/31/amerikancite-so-godini-go-podgotvuvaat-proektot-golema-albanija/