Помош: Фотоапарати, сервис, општи прашања околу опрема и фотографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tyson
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам нема. Едино ако земеш скап апарат, тек тогаш нема голема разлика. И пак може да не ти се допаѓаат, така јас со мобилен супер, е супер доаѓам дома ми иде да скршам после кога ќе видам на цело. :D
Па мислам дека Canon EOS 600d е доволно скап апарат, како и да е .. фала :icon_lol:
 
Па мислам дека Canon EOS 600d е доволно скап апарат, како и да е .. фала :icon_lol:
Ондак до резулуцијата е, како и да е може да корегираш на фотошоп ако знаеш да го користиш. Или ако сакаш да фатиш така повеќе бои сликај пред заоѓање на сонцето... Има поискусни од мене овде они нека ти кажат повеќе. :D
 
Зошто кога сликам на апарат сликата е многу добра и на телефон е исто така а на лаптоп се намалува квалитетот, не се толку добри боите ? Со фотошоп може да биде исто ама не е тоа тоа, во тој случај на телефон е многу потемна и никаква :(
Добредојде во светот на колор профилите :pos:
И јас сум го јадел истиот секс како тебе при префрлување на сликите. На дисплејот на апаратот супер, на во Lightroom супер, во Photoshop супер, на монитор - океј... На друг монитор - срање, на телефон - срање, испечатена слика - срање ипол! За да скратам со описот и да те поштедам од небитните информации, само ќе ти ја кажам причината: различни color профили!

Секој од овие уреди (апарат/монитор/друг монитор/телефон и тн.) па дури и софтвери за обработка и прегледување на фотографии (Photoshop/Windows Photo Viewer/ACDSee/Lightroom и тн.) се калибрираат и најчесто содржат различни color профили. Па често, она што ти го гледаш е сосема различно од тоа што другите го гледаат или каква е всушност фотографијата. Да, можеби некои слики ќе ти испаднат океј, ама при конвертирањето се губат доста особености (ОСОБЕНО ЦРВЕНАТА БОЈА), па сликите ќе ти изгледаат како „испрани“ или посрани од гулаб.

Преиспитај се:
Каков апарат користиш?
Во кој софтвер ги обработуваш фотографиите?
Во кој софтвер ги прегледуваш фотографиите?

Третото и нема да ти биде толку битно, доколку ги подесиш правилно колор профилите на првите две работи...

1) Влези во подесувањата на апаратот и во опцијата за Color space (или Color profile) наместо sRGB;
2) Влези во подесувањата на софтверот за обработка на фотографии, прочепкај низ менијата, побарај го соодветното подесување за Color space и наместо го исто така во sRGB;

Мене на пример во апаратот ми беше sRGB, во Lightroom Prophoto, во Photoshop нешто сосема трето... И можеш да замислиш каков резултат излегуваше на крај. Јас ги гледав фотките некогаш супер, некогаш со слабо-црвена боја, некогаш тиња, но никогаш не беа како што треба да бидат :)

Доста читав за ова, има еден куп решенија и одговори, но наједноставната и најфункционалната варијанта е таа што ти ја пишав погоре. Ќе ја видиш и сам разликата :)
 
Знае некој каде можам да најдам книги за фотографија (на англиски или македонски) во Скопје?
 
Јас најдов две мошне фини во англискиот културен центар пред 2 години. Едната беше нешто над 2000, другата беше под 2000 ако добро ме држи сеќавањето.
 
Знае некој каде можам да најдам книги за фотографија (на англиски или македонски) во Скопје?
Има доста ПДФ книги на таа тема, ако не ти пречи читање од екран. Јас имам околу 40 ПДФ изданија за фотографија и за обработка на фотографија.
 
Не ми е баш по кејф читање од компјутер, ама добра варијанта е принтање на ПДФ фајловите како што ми препорача Зоран.

Фала ви на сите.
 
Не ми е баш по кејф читање од компјутер, ама добра варијанта е принтање на ПДФ фајловите како што ми препорача Зоран.

Фала ви на сите.
Па во недостиг на принтани изданија , и ПДФ е добар, кај нив е корисно што можеш со search веднаш да најдеш шо ти треба, по збор, поим... јас не ги читам така страна по страна повеќе ги користам кога нешто конкретно ќе мми затреба
 
Едно прашање... дали ваква батерија "EN-EL3e Rechargeable Lithium-Ion Battery" е компатибилна со Nikon D7000...?
Ви благодарам однапред :)
 
Ок :) , ондак да не знаеш нешто слично на таа батерија што би била компатибилна..?
Има на Реклама5 една фирма од Скопје која има во понуда доста батерии (и полначи) и оригинални и компатибилни, јас на времето за еден апарат од таму зедов, укуцај таму во пребарување батерии (за Скопје) и ќе излезе, тие би требало да знат шо се компатибилно на неа има.
 
Iako sum Canon-as (he he ) se obidov da prasam kaj cicko Google.
Izgleda ne e kompatibilna .Taa odgovara za modelite:Nikon D50, D70, D80, D90, D100, D200, D300, D300s, D700
Za D7000 tipot e EN-EL15
 
Фала ви многу...:) како и да е ќе се снајдам некако, еве видов и на пиксплус има нешто ама за никон д7000 ќе да нема, ај негде странство сигурно има... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom