Зошто кога сликам на апарат сликата е многу добра и на телефон е исто така а на лаптоп се намалува квалитетот, не се толку добри боите ? Со фотошоп може да биде исто ама не е тоа тоа, во тој случај на телефон е многу потемна и никаква
Добредојде во светот на колор профилите
И јас сум го јадел истиот секс како тебе при префрлување на сликите. На дисплејот на апаратот супер, на во Lightroom супер, во Photoshop супер, на монитор - океј... На друг монитор - срање, на телефон - срање, испечатена слика - срање ипол! За да скратам со описот и да те поштедам од небитните информации, само ќе ти ја кажам причината:
различни color профили!
Секој од овие уреди (апарат/монитор/друг монитор/телефон и тн.) па дури и софтвери за обработка и прегледување на фотографии (Photoshop/Windows Photo Viewer/ACDSee/Lightroom и тн.) се калибрираат и најчесто содржат различни color профили. Па често, она што ти го гледаш е сосема различно од тоа што другите го гледаат или каква е всушност фотографијата. Да, можеби некои слики ќе ти испаднат океј, ама при конвертирањето се губат доста особености (ОСОБЕНО ЦРВЕНАТА БОЈА), па сликите ќе ти изгледаат како „испрани“ или посрани од гулаб.
Преиспитај се:
Каков апарат користиш?
Во кој софтвер ги обработуваш фотографиите?
Во кој софтвер ги прегледуваш фотографиите?
Третото и нема да ти биде толку битно, доколку ги подесиш правилно колор профилите на првите две работи...
1) Влези во подесувањата на апаратот и во опцијата за Color space (или Color profile) наместо
sRGB;
2) Влези во подесувањата на софтверот за обработка на фотографии, прочепкај низ менијата, побарај го соодветното подесување за Color space и наместо го исто така во
sRGB;
Мене на пример во апаратот ми беше sRGB, во Lightroom Prophoto, во Photoshop нешто сосема трето... И можеш да замислиш каков резултат излегуваше на крај. Јас ги гледав фотките некогаш супер, некогаш со слабо-црвена боја, некогаш тиња, но никогаш не беа како што треба да бидат
Доста читав за ова, има еден куп решенија и одговори, но наједноставната и најфункционалната варијанта е таа што ти ја пишав погоре. Ќе ја видиш и сам разликата