Мирољубивата држава на Америка
Радикалниот ислам се шири во Јужна Србија и Косово, пишува австрискиот весник Стандард.
На Косово моментално владее растечка сиромаштија и невработеност, додека истовремено се зајакнува радикалниот исламизам. Се проценува дека во овој дел од Балканот има околу 50.000 следбеници на конзервативниот ислам, пренсеува винескиот Стандард.
Овој австриски весник вели дека главната џамија во Приштина е преполна и оџите проповедаат дека „Непријателите на Алах заведуваат млади муслимани“, дека интернетот има подеднакво штетно влијание како и алкохолот и дрогата и дека тие имаат за цел да ја сопрат силата на исламот. Сето ова го привлекува вниманието на косовските безбедносни служби.
Косовските исламисти сметаат дека секуларниот Устав на Косово ги дискриминира верниците. Тие затоа бараат да се ублажи законот кој забранува верски симболи во државните школи, како и жените да носат марами.
- Ако некој тврди дека уживаме слобода во верата, тогаш тоа не е точно, истакнува Шефќет Красничи, оџа во главната џамија во Приштина и додава дека муслиманите на Косово бараат исти права како и муслиманските верници во Лондон и САД.