Пред некое време имаше случка во која беа вмешани преку 20 машки од различни градови и држави, случајно и јас виртуелно се знаев со девојката која беше патолошки лажго и која успеа да излаже толку многу машки, да ги натера сите да веруваат дека ги сака, да ги натера да плаќаат огромни сметки на телефон, да и праќаат подароци и што ти ја знам
а некои од нив биле толку наивни што дури и слики и праќале (како од мајка родени) па типката им направила со тие слики лажни профили каде комуницирала со мажи и на некој начин ги направила педери
Девојкава е толку болна во мозокот што отишла до таму... направила 10тина лажни профили на машки и женски и сите тие се демек нејзини бфф и и пишуваат коментари и оставаат песни, само колку да изгледа профилот што по вистинит. Не се знае ни дали навистина е она на тие слики што ги имала кај нејзе на ѕид и дали навистина така се вика, затоа што кога едниов од машките (после 8 месеци акање по керамиди) земал да прочепка низ нејзиниот профил, да ја бара на други сајтови и сервери каде што играла (а може да се види според никот на gametracker) и кога почнал да распрашува други луѓе што комуницирале со неа, каков им е односот .. сватил дека сето тоа што го слушал и гледал претходните 8 месеци било лага... измислица... сето тоа што му го велела нему, го велела уште на 20 други. Истите пораки ги испраќала на сите, со една разлика.. на сите им кажувала различни работи за нејзе и нејзините.
Не знам навистина како би и се помогнало на таква личност, затоа што мислам дека таквите случаи се за во некоја институција, каде ќе бидат ставени под лекарства и контролирани. Затоа што тоа нема да престане со обичен разговор, тоа нема да се реши за еден ден. Таквите работи не започнуваат од една случка и од еден ден, јас мислам дека луѓето кои стануваат такви, имаат сериозен проблем, кој се створил многу одамна и кој со текот на времето само се натрупувал. Некои работи што на нас ни изгледаат како обични ситници, за некого може да бидат доволно добра причина за да се уништи, или да уништи некој друг што нема никаква вина нити е поврзан некако со проблемот на таа особа.
Ќе се обидам да ја земам особава што погоре ја опишав за пример. Ако навистина беше вистина тоа што ми го кажуваше таа за машките, за тоа колку пати била повредена од мажите и како секој маж во нејзиниот живот ја разочарал (а мислам дека тоа беше вистина) можам многу лесно да ја најдам причината и коренот на целиот тој проблем и зошто таа се одмаздува на мажите на таков начин, зошто си игра со нивните емоции и зошто толку далеку отишла со сето тоа. Ако е вистина дека нејзиниот татко никогаш не и ја пружал таа поддршка што ја барала, а нејзината мајка постојано е незадоволна од неа и ја потценува без разлика што и да прави и колку и да се труди да и угоди, можеме да заклучиме дека таа особа има потреба од внимание и љубов која не ја дбива од своите родители (а сите знаеме колку е битно тоа за едно дете).Кога не ја добва од оној што треба, нормално особата ја бара во други работи..
Ако навистина се случило тоа да ја изневерил секој маж во животот нејзин, тогаш тоа се ситници кои полека ја полнеле чашата се додека еден ден не прелила, е кога дошол тој ден, тука веќе нешто тргнало наопаку.. нешто избегало од контрола, тука е тој момент кога едноставно некои луѓе не можат да се справат со реалноста и наоѓаат начини како да ја ублажат болката и како да се убедат себеси дека сеуште имаат контрола над својот мозок.
Нејзиниот начин бил тој измислен свет, каде нејзе сите ја сакаат и сите и обрнуваат внимание а она е таа што бира кому ќе му посвети внимание, кому ќе му каже "те сакам"... во нејзиниот измислен свет таа е центарот на сите случувања, околу нејзе се вртат сите работи и таа ја одредува судбината на сите луѓе. Така кога ќе помисли дека некој не може без неа,таа се трга и го остава тој човек за да пати и да ја осети болката што длабоко во неа се крие. Затоа е многу тешко со обичен разговор да се допре до таа особа и да се врати во реалноста, затоа што во нејзиниот мозок вие сте уште една нејзина играчка.
Единствено што можев да го извлечам како поука од сето ова е дека човек треба секогаш да биде свесен за она што го кажува и го прави и да размисли како тоа се одразува на околината, како околината го прифаќа сето тоа. Се надевам само дека во иднина родителите ќе обрнуваат повеќе внимание на своите деца и на тоа како тие се развиваат. Не е лесно да се биде родител... али ако веќе си се фатил за орото, играј го до крај и играј го како што треба..