Да згодеше Хауард повеќе слободни ќе изгледаше дека е вклопен, плус ни 30 минути не изигра. И сето ова против Перкинс кој е можеби најдобриот чувар во нискиот пост, само сети се лани во плејофот колку го силоваше Бајнам. И пак покрај толку опции што ги имаат во нападот пак беше во ситуација да постигни 15тина поени, ама то е слободните не влегоја.
Општо за утакмицата, повеќе ме израдва одбраната него нападот. Имаше агресија и комуникација, и освен некоја грешка на Кларк против Дурант немаше некои други проблеми. Во однос на нападот мислам дека покажаја цел арсенал на начини на кој што можат да дојдат до поени, од пикенрол, лоб пасови, агресивни offball влезови, а на крајот репетитивниот напад каде Коби ја добиваше топката подлабоко и изолираше над Сефолоша и преку влез кон кошот асистираше. Преместувањето на Гасол на клупата се покажа како најдобар потег сезонава. Во последните 4 утакмици откако е на клупата има просек од 15 поени со реализација од 57% , а не игра ни 30минути, плус не игра одбрана на периметар и пикенрол, автоматски и одбраната не е толку ранлива.
Коби покажа дека можи да игра улога на плејмејкер и сега претставува двојна закана, и ги отвара опциите во нападот и способноста на тимот да употребува различни играчи да го водат истиот. Против ваков разновиден тим тешко е да се адаптираш во одбрана , што и беше причина во летото да ги прогласат за неофицијални шампиони. Можеби сега конечно ќе дадат конкретна причина за тоа.