Го спомнав Bastard, има 5 епки, ама мангата е многу појака. Многу.
Иначе што е приказната? Силите на злото сакаат да разбудат некој заспан бог кој ако се разбуди ќе го уништи светот, кралот на замокот каде го чуваат заробен богот мора да ослободи еден мноооооооооооогу моќен волшебник кој е заробен во тело на детенце. А може да го разбуди само бакнеж на девица. Фентези е, не е дарк многу, ама е преполно со референци на метал бендови и во многу ситуации се крши четвртиот зид-ликовите да комуницираат со публиката.
На пример богот се вика Антракс, има замоци Металика и Ајрон мејден. Главниот лик е у фазон на сероња фраер оти ги врти сите можни џенцки, во една прилика ќе сака да ја ќари девицата преправен ко Дедо Мраз.
А да, има и сцена каде се бори со еден свој другар мечувалец кој се здружил со лошковците, во една прилика вели-јас сум убавиот главен лик кој секогаш победува, ти си стандард глупиот спореден лик кој секогаш умира.
А да, има и едно чиче во војската на добрите, мислам дека е поручник, типов го газат камења, џинови, паѓа у провалии, го поплавуе лава итн, и пак се враќа ко ништо да не му е.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Ама овие работи ги има во Bastard мангата.