- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.587
Турција одамна се пренасочи да ги развива економските односи и да тргува со земјите во централна Азија, блискиот и далечниот исток и пошироко.
Но сега Ергодан отворено зборува дека е време да и се каже збогум на ЕУ. Тоа е силна политичка порака која до пред 5-6 години би била земена со вчудоневидување и потсмев.
Им здодеа чекањето: Турција бара алтернатива за ЕУ, Ердоган веќе разговарал со Путин

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на една телевизиска станица го критикуваше односот на ЕУ кон Турција.
Како што јави агенцијата Анадолија, а пренесе Вијести, Ердоган рече дека Турција бара алтернатива за ЕУ.
„Нашите претставници постојано патуваат во Европа и редовно нè известуваат за напредокот со ЕУ. Сепак, ЕУ не е целосно отворена и јасна во своите односи кон Турција. Таа сака да нè заборави, но некако се двоуми. Јасно нека ни кажат што сакаат со нас“, порача Ердоган.
Турција, додаде тој, бара алтернатива за ЕУ, зашто „во односите меѓу ЕУ и Турција се случија многу негативни нешта“.
„Неодамна и на рускиот претседател Владимир Путин му реков дека сме спремни да влеземе во Шангајската организација за соработка (СЦО). Реков дека сакаме да станеме членка на СЦО и на ЕУ да ѝ кажеме ‘Збогум’. Да се разделиме“, рече Ердоган.
СЦО е меѓудржавна организација за безбедност, која во 2001 година во Шангај ја основаа лидерите на Русија, Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.
http://www.mkd.mk/93271/svet/na-turcija-i-zdodea-od-chekanje/
.