Албанија: три братчиња никогаш не излегле од дома зашто се фатени во вителот на крвната одмазда

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Албанија: три братчиња никогаш не излегле од дома зашто се фатени во вителот на крвната одмазда


Браќата Зефи (12), Марсел (7) и Марсела (9) никогаш нема да ги запознаат сите радости на растењето. Тие не одат во училиште, не ги посетуваат пријателите, а играњето фудбал во дворот е строго забрането. Тие целиот свој живот го поминале затворени поради опасноста од крвна одмазда.


Трите деца што цело детство го поминале заклучени дома

Момчињата го имаат поминато целиот свој живот затворени во куќа во селото Бардај во Албанија, на 100 километри од главниот град Тирана. Поради крвната одмазда за нив е премногу опасно да ја напуштат безбедноста на својот дом.
Браќата се жртви на древниот код познат како канун, кој му дава право на едно лице да го убие својот непријател, или неговите роднини, во знак на одмазда поради убиство што го сторило тоа лице. Овие браќа се тројца од вкупно 900-те деца што се во опасност.
Оваа практика постои уште од средниот век, а некои историчари велат дека нејзиното потекло датира дури до бронзената доба, пишуваДејли мејл.


Кодот се однесува и на христијани и на муслимани и важи за сите аспекти на животот, меѓу кои злосторствата, семејството, бракот, преносот на имот, како и личните и општествените правила на однесување.
Иако во времето на комунизмот беше задушен, со текот на времето овој код повторно се врати, токму во време кога Албанија се мачи да се претстави како модерна и успешна демократија, додека голем број луѓе тврдат дека не веруваат во сегашниот правен систем.
Иако крвната одмазда датира далеку во средниот век, многу од „правилата“ не се приспособени на модерните времиња, па мошне често се случува одмаздата да продолжи сè додека сите машки членови на семејството не се мртви.


На децата дома им доаѓаат наставници од околните училишта за да им помогнат со образованието

Според правилата на канунот, убивањето жени, деца и постари лица е технички забрането, но сепак го има, па многумина се принудени да се кријат или да останат затворени дома.
Во обид да им помогне на заробените деца како Зефи, Марсел и Марсела, Министерството за образование на Албанија три пати неделно им испраќа наставници, за да им помогнат во нивното образование.
Заменик-министерот за образование Халит Шамата вели: „Помагаме со испраќање наставници од училиштето што е најблиску до домот на детето. Во повеќето случаи претпочитаме наставници што и претходно ги учеле овие деца, кога нормално оделе на часови. Подучувањето во овие околности е тешко, но наставниците даваат сè од себе за да им помогнат на овие деца.“
http://www.mkd.mk/93139/svet/albanija-krvna-odmazda/
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Dardan-ia абе како во оваа толку развиена економски , политички и општествено држава како тоа се уште применува крвна одмазда? Пак ли Македонците им ги кршат човековите права па се прави крвна одмазда.П:С И викаш Албанија ќе ја стигнала Македонија за брзо време:DП.С.С . Со кој јас живеам во оваа држава:facepalm:
 
Член од
26 декември 2012
Мислења
79
Поени од реакции
129
Абе кај сега на ладново ќе излагаат. Нека си седат дома. Грип не искина сите. Среќа нивна што имаат одговорни родители.

Шала на страна. 21 век....:facepalm:
 

Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
Е не... ќе излезат ќе излезат ама цввввврц.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.238
Поени од реакции
1.296
Ако овие деца никогаш не го напуштиле својот дом тоа значи дека нивните семејства биле "закрвени" уште пред тие да се родат. Па зошто тогаш правиш толку деца бе, деца што нема аир цел живот да видат, ја да сум, родителите на стрелање !
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Сеа дочитав и тоа пази, наместо да им помогне државата и да го искорени ова ретардирано нешто од камено доба, не презема ништо туку само им праќа наставници дома, јаооо :pos: значи се ова со крвната одмазда е нормално и за власта. Капак на се, се ова се дешава на 100 км од Тирана, Тиранааааааа, главниот град на земјата со најголем развој во регионов :pos:

Греота само за децава, наместо да напреднат ќе останат затуцани или па ќе се самоубијат кога тогаш.
 
Член од
24 мај 2010
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.640
гревчиња... :(



демек куќите им се оградени со триметарски ѕидови заради жените да не им ги гледаме... шипациии, ете зашто се толку затворени и заградени, заради глупава традиција...
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Колку ми е јако, кога и да прочитам нешто за албанците во темава дарди е тагиран минимум двапати. Можда е офтопик ова ама не е тој крив за тие работи, можда јаде мед за нив и делува како да им лиже нешо на неговите ама признајте дека ви е повеќе интересно да го боцкате.. Поентата ми е, тој скоро никогаш не цитира македонци кога има некоја тема за срање ситуација кај нас. Не сум им симпатизер, да не ме сватите погрешно, ама мислам човек си е човек и дека мислам дека е доста коректен.

А сеа за темата..
Има луге кои живеат свои правила, тие дали ги наследуваат или ги креираат не е битно, ама не приметуваат колку штета нанесуваат заради нивните кретенски мозоци. Срамота и нека бурн ин хел.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
дојдете во Македонија
„ ОВДЕ НИКО НЕ СМЕ ДА ВАС БИЕ “
а кога ќе пораснете ве чека служба во државна администрација, за факултет и диплома ,мало гајле,
а по потреба и ако треба ајмо у планине,за права разбира се.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Дива работа, феодални односи. Таа крвна одмазда изгледа е посилна и од италианската омерта затоа албанската мафија е од нај силните во Европа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom