ја не можам стварно да ги сфатам родителите што ги делат децата

алоооо 21ви век сме, чукнете ги малку главите.
како може едно дете да се сака повеќе, а друго помалку кога двете се твоја крв, дел од тебе ??? што има врска полот???
стварно не разбирам...............
ја само еден пример знам: во комшии имаше семејство (сега се преселени) со две ќерки. и мајката повеќе некако како да ја форсираше помалата, едностано како да и беше миленичка. личеше како неа, и во фаца и во карактер, а оваа постарава беше, како татко и, многу помирна и понаивна од помалата. ама татко им исркено не го гледав многу, по цел ден на работа, и не знам повеќе кон која бил наклонет ама за мајкава со свои очи гледав. дури ми текнува дека и стрина ми еднаш рече: - Еее што ти значи мајка.........и ја помислив дека постарава е посвоена. ги прашував ама нивна си била, а вика гледај како се понаша со неа

кај мене нема делење. пошто сестра ми е помала можеби малку кон неа се однесуваат по убаво ама не е ништо страшно, порано кога се тепавме јас го јадев стапот ама ај. ако побарам пари ми даваат, ако побарам алишта ми купуваат, нов мобилен, лаптоп.....исто и таа што да побараа (нормално ако можат) и купуваат.
па подобро кога ќе размислам можеби и кај братучедите постои разлика. братучед ми е постар, а братучетка ми помала. оваа како да е разгалена од повеќе. на братучед ми само му викаат, да фател да работи, за ништо не го бивало, по цел ден само седел, не ни учел.....а во братучетка ми се колнат. пари ако побара одма и даваат, дедо и и баба и повеќе неа како да ја сакаат, а овој не дај боже пари да побара

инаку братучед ми тренира фудбал (не е важно каде) и плус студира. добро е барем што му ги плаќаат сите трошкови. ама тој кутриот за се е крив. порано кога се тепаа, тој го јадеше на крај, ако нешто и се случи на сестра му пак тој крив.......и ко ќе видиш торбата на рамо и германијо чекај ме.
--- надополнето: 26 јануари 2013 во 01:52 ---
п.с. сестра ми се обидува да ги придобие, за да и даваат повеќе и да и дозволуваат да прави што сака.
на пр. секој ден ги бацува, па дај да те гушнам, леле колку ми недостигаше денеска, си те сакам најмногу на свет, кога ќе добие помала оценка одма се "натажува" за да ја тешат и сл....ама јас еднаш неделно и одам на мама и викам: мајчице моја од кога се немаме видено, ќе почнам да ја масирам и успат на уше и шепнувам: дај ми 300 ден. ќе ти ги вратам

сепак се неутрални и сметам дека подеднакво не сакаат