Делење на деца во семејството

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека алудираш на мојот пример, се сложувам дека треба да се заштити послабиот, ама во моменти кога јас ќе им забележам дека се премногу остри на мене или премногу млаки на сестра ми они ми враќаат со „глеј си ја својата работа не го гледај другиот“ или „типично македонче си гледаш само за други“ или „сега за тебе збориме“ како да им објаснам дека тоа е нај незрел екскјуз и дека треба да прифатат совет па и од дете, и да гледаат малцe надвор од нивниот tunnel vision..?
Неможеш... И да можеш ќе те гледат ко да си допатувал од некој друг универзиум... Криво им е дека твоето ниво на интелегенција и желба за еднаквост е 100% поголемо од нивното и неможат да се соочат дека нивното дете е веќе израснато во зрел човек... Затоа има тиквари на денешницава... Исто како јаничарски одред... Гледаш црвен ѕид, ти викаат плав е...
-Абе не е плав, црвен е!
Абе сеа ти ли мене ќе ми кажуеш за сите е плав, за тебе црвен...
И така и ти ќе се сложиш дека е плав и ќе бидеш македонско тикварче
 
зашто би било погрешно да барам да ја научат на некој основни методи(како да јаде со нож и вилушка,до кога да останува вечер,кога да носи деколте кога не,да има општа култура и сл.) По натака јас ќе бидам единствен преостанат, сестра ми треба да ја продолжи лозата понатака со мене, не би сакал да се срамам од сестра ми. Плус самиот лимит ќе ја научи на некој работи во живот, да ти биде се дозволено не е убаво,гледам сега почнала да се дружи и со некој лоши фаци, како да ја натерам на прав пат ако мојте не сакаат да сфатат дека е улизател и примерна само пред нив, дека е сосема различна работа надвор и пред другите?

Силата и лимитирањето не решаваат ништо и само можат да го продлабочат проблемот. Секој од нас порано или подоцна се нашле во лоши друштва, некои кратко, некои долго а некои само на поминување. Добро е да има праведна советодавна строгост а уште подобро е кога таа доаѓа од братот/сестрата затоа што тврдам дека скоро и не постојат родители кои знаат како со деца, генерациската разлика е преголема а луѓето едноставно не се трудат, такви се по природа а исто така и брзо забораваат...
Имај ја на мукает сестра ти како што ја имав и јас и многу други ама одржувај блискост и не ја оставај на милост и не милост на родителите - непријател број еден (секако, не сите). Лимитирање и забранување создаваат обратен ефект...биди и најдобар другар :)
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 01:03 ---
Вчера немав пари да купам доручек на работа, дојдов дома мртва гладна, денес станувам, татко ми станал пред мене сендвичи ми направил :)

Блазесити, мене ми се закануваше во тинејџерските години дека ќе ме бркал од дома и дека не можел да ме гледа, се срамел од мене во пијана состојба...во многу наврати. Вака кога ќе си приспомнам сеуште се прашувам зошто!?
Затоа научив правината со сила да си ја земам (кога можам и каде можам, не сум најсилен и семоќен секако:) ) и тоа што ми следува како човечко суштество и да им се најдам на блиски мои колку можам доколку се во слична ситуација :)
 
Види, моите мене не ме виделе во пијана состојба, посебно не како тинејџер. Сега, да не речам никогаш, не ни паметам толку, меѓутоа многу сум внимавала на однесувањето.
Имав јас расправии со нив тогаш, ехее, ама тие беа врзани со мојата визија за иднината, која се разликуваше од нивната. На крајот излезе по мое, ама не ме сфаќаа сериозно кога имав 13-14 години. До 18ти роденден имав ограничувања за тоа до колку смеам излезена да бидам, во 1 морав дома да бидам, освен во некои посебни прилики. Одев по журки на Саем, па така што и кога имаше журка, ограничувањето беше да не се вратам со леб сабајлето ;)
Со сила убавина не бива, ама кога ќе си приспомнам колку сум дебатирала и објаснувала, се прашувам сега од кај ми била силата. Со годините научив дипломатски, мирно, да го добивам тоа што го сакам.
Ниту ден денес со татко ми немаме многу заеднички нешта, он бил каде каде подив од мене, животот му се сведувал на излегувања и кафани додека јас не сум се родила, а јас немам ни трошка желба да одам по дискотеки, кафани... Компромисот и почитта си го прават своето, скоро секој ден не е во право, ама не можам да променам човек од 50 години. Железото се кова додека е жешко.

Денес да речеме има доверба во мене, па ме остава за се сама да одлучувам, ама од друга страна, па ни јас не сум криела и не кријам ни добро ни лошо.
Гледам сестра ми пробува да тера правдини со нив, ама таа е попаметна од мене, многу порано укапира дека на поинаков начин се добиваат нештата :)
 
Сега видов како сум напишал, ти арно си сфатила (према напишаното) ама јас не сум приметил како сум напишал. ТОЈ во пијана состојба :) Не дека јас не пиев.

Во афект пишував :P:D
 
Сега видов како сум напишал, ти арно си сфатила (према напишаното) ама јас не сум приметил како сум напишал. ТОЈ во пијана состојба :) Не дека јас не пиев.

Во афект пишував :P:D

Хах, кај него на нервоза удира пијанството. Јас не сум многу по пиење (на мајка ми сум јас ,,синот,,) ама татко ми си го имаше меракот, сега веќе со годините не толку. Ама па тој па, удри бригу на весеље, убаво е да е весел човек, ама сите трезни околу него.. не им беше до толку интересен. :)
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 01:51 ---
И бидејќи темава е за браќа и сестри, нормално, сестра ми, на татко Тодора, жива пијаница ќе биде. А ручаме, никој алкохол не бара, таа пиво сака. А начека на маса нешто, одма да си г`тне, да си проба.
Еднаш, мала беше тогаш ептен, во кујна гледа пластично шишенце, а јас и мајка ми замуабетени. И не прашува дали е вода, тоа, ние не ни проверивме, и викаме вода е. А тоа ракија... шо убо си се напи, да бев јас ќе се угушев, таа поштено си голтна и си побара вода :D
 
Колку и да се правиме слепи, сепак и ваквиот ,,феномен,, постои на ова поднебје.
Верувам не е нешто изразито голем, но сепак постои.
Лично знам за само еден пример, каде што на ќерката не и дозволија да студира зошто брат и бил машко и за него требало.

Ти, како иден психолог, што би презела за да се реши ваквиот „феномен“?
 
Кого ќе го едуцираш и како ќе го едуцираш?

Сегашните и идните генерации. Тоа едуцирање веќе трае, самото образование се движи во тој правец и се повеќе се кинат дискриминирачките традиционални сфаќања.
 
Сегашните и идните генерации. Тоа едуцирање веќе трае, самото образование се движи во тој правец и се повеќе се кинат дискриминирачките традиционални сфаќања.

Пумо, многу стручно ми го објасни ова... :icon_lol:
Те прашав за конкретни мерки, оти едукација, само како запознавање и препознавање, не значи и решавање на ваквиот проблем. Психологијата мора да има развиено некој метод за решавање на ваквиот проблем.
Имаш еден пропуст во препознавањето на проблемот. Не мора да значи дека овој проблем влече корени од едно „заостанато“ минато, па сега во „модерново“ време ние треба да вложуваме екстра напор за да го искорениме. Секој се развива различно, независно од периодот во кој живее. Не мора да значи дека овој проблем се јавува поради „традиционалното сфаќање“, причините не се секогаш во минатото.
Во моето опкружување немало ваков проблем, сум разговарала со луѓе од различни возрасти. Морам да ти кажам и дека како долгогодишен волонтер, во мојата пракса, не сум наишла на ваков проблем во семејствата, но тоа не значи дека го нема - ние не сме го регистрирале, ниту во разговорот со децата ниту во разговорот со родителите. Повторувам, ако јас не сум го сретнала проблемот кај тие семејства, не значи дека го нема кај други. Сме наишле на проблем кога за едното дете имало финансии да се обезбеди облека, а другото дете морало да чека да си дојде постарото за да ги земе патиките и да трча на школо. Но, тука проблемот не е ирационален, туку е многу реален - нема финансии за уште еден пар патики. Морам да ти нагласам дека ова не сум го видела во семејства каде некој од родителите е алкохоличар или уживател на опојни дроги, туку напротив, стабилни, но финансиски немоќни семејства. Дисфункционалните семејства намерно не ги земам како пример, оти тие се друга тема за разговор и воопшто не вклопуваат во оваа тема, иако некој може во ваквата поделбата на децата, од страна на родителите, да пронајде причина и да ги смести во дисфункционални. Последиците од ваквите поделби може да доведат до огромни проблеми, не само во семејството, туку и општеството во целина.

Ме интересира сето ова, оти, на крајот на кариштата, не можеш да ги едуцираш само малите деца... Што преземаат психолозите за родителите, оти очигледно, според воведот во темава, тие ја прават поделбата? Кај која возраст најмногу е изразен овој проблем? Како ги едуцирате? Со флаери, со разговори на релација деца - родители - психолог, а можеби и само релација деца - психолог или родители - психолог. Колку родителите се спремни и отворени за разговор? Значи те прашувам конкретно, школски да ми одговориш. Јас не сум психолог, затоа те прашувам тебе, тоа ти е струката.
 
Хич, сосема добро те разбрав, но јас ниту сум истражувала, ниту пак имам намера да го истражувам истото. Посебно не како иден психолог, моите интереси се од сосема друг вид.
Не знам што конкретно преземаат ниту психолозите, ниту педагозите, ниту социјалните работници, затоа што како што веќе ти кажав, не е мое поле на интерес истото. Затоа и на овие прашања не можам да ти одговорам.
Онака школски, детето ќе почне да се буни против истото некаде пред пубертет, а ситуацијата ќе стане алармантна некаде околу 18тата година кога детето ќе сака да ги земе работите во свои раце, ќе биде несигурно, бурно ќе реагира и ќе нема близок однос со родителите.
И родител, кој вели дека синот треба да се образува зошто е машко, а ќерката па и не мора зошто е женско, не би седнал да разговара со психолог. Колку и да е пожелно истото.

На прашањето колку родителите се спремни за разговор, не можам да знам конкретно, не сум имала пракса во училишта (каде што прв пат родителите бидуваат повикани на разговор кај психолог ако има некаков проблем со детето). Од клиничка пракса, можам да ти кажам дека не се спремни ниту на детето да му дозволат разговор, а не пак самите така да го сфатат проблемот.
Единственото дете со кое сум имала можност да се запознаам на пракса, беше дете кое се чувствуваше помалку сакано (поради бебето во домот), но тој проблем психијатарот кој го имаше случајот го реши полесно затоа што самите родители побараа помош.Односно, родителите беа спремни да го сменат мислењето и чувствувањето на детето.

Едукативните мерки не се дел од моето поле на работа, и нема да бидат, постојат психолози, социолози, социјални работници и психијатри кои се занимаваат со истото, за тоа што конкретно е едукативна мерка, тие би можеле да зборуваат.

Инаку, за родител да смениш тој треба посебно и специјално да дојде на разговор, за да воспитуваш дете ти треба училиште. Се пристапува, како што веќе кажав, со едукација на децата, заради тоа што тие се идните родители, и тие нема да направат вакви или онакви грешки. И не станува збор за самото родителство утре, туку за спремање на единката да биде продуктивна и корисна за општеството.
 
Хич, сосема добро те разбрав, но јас ниту сум истражувала, ниту пак имам намера да го истражувам истото. Посебно не како иден психолог, моите интереси се од сосема друг вид.

Пума, кои се твоите интереси како психолог?
 
Кога во видов насловот на темава ми текна, меѓу другото, дека семејствата се предвидени за множење, а не за делење :)
Абе секакви родители и деца има. Има и такви родители што никогаш не прават поделби. Подеднакво не ги сакаат сите нивни рожби и се пишман што ги направиле. Има и деца на кои ништо не им е доста.
И во просечни, горе-долу нормални семејства со повеќе деца, некое ќе се издвои. Дали тоа ќе биде најмалото, најпослушното, нејнемирното, најболното, најубавото или најгрдото зависи од афинитетите на родителите. Мајката ќе му биде понаклонета на синот, таткото на ќерката или обратно.
Од друга страна посветувањето поголемо внимание не мора да значи поголема љубов. Родителот може да оцени дека едно дете е посамостојно, поснаодливо, па не треба секаде да го води за раче. Другото, најчесто постарото, може да заклучи дека тоа е поради вишок неправедно поделена љубов, па ете проблеми и трауми од детството. Слично на ова, еден родител може при поделбата на имотот, да тргне од претпоставката дека некои од децата не се баш најспособни да заработат, а на другите им оди сосем добро, па ќе гледа даде таму каде што мисли дека е потребно повеќе.
Има и единци кои лошо си поминуваат со родителите. Не мора да има класични поделби. Едноставно, родителите не се задоволни од психо-физичките перформанси на своето дете. Децата на нивните роднини, пријатели се секогаш поинтелигентни, подобри, поснаодливи и поубави. Е сега, дека тоа е најчесто така (ако е така) поради самите родители, на истиве никако да им текне.
Значи, се` и сешто има, не постојат правила ни законитости. Луѓето не се совршени, нивните деца не се совршени, нивните односи не можат да бидат совршени.
 
Слично на ова, еден родител може при поделбата на имотот, да тргне од претпоставката дека некои од децата не се баш најспособни да заработат, а на другите им оди сосем добро, па ќе гледа даде таму каде што мисли дека е потребно повеќе.
Секој според можностите, секому според потребите!
 
Во мојот случај има делење на децата во семејството. Кога бев малечка, се беше во ред. За моето детство не можам да кажам ниту еден лош збор. Но, се почна кога им признав дека сум лезбијка.. Тогаш настанаа сите промени. Едноставно, престанав да постојам за моите родители. Ми ги спакуваа куферите и ме оставија сама да се снаоѓам. А сестра ми, стана милениче. Во брак е, си роди дете, и се премногу блиски со неа. Мене ме заборавија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom