Ја читав сега реакцијата на Прециози и човекот е во право.
Ова што го прави Јувентус (Конте, управа, играчи) е силеџиство, арогантност и недостаток на стил! Многу добро запазување од негова страна.
Веќе им стана навика вака да се однесуваат, поради вакво силеџиство минатата сезона се исплашија судиите да признаат гол против нив. Штом се доведат во малку тешка состојба, веднаш креваат галама. А тоа го прават на крајно шабанерски начин. Милан и кога плаче, плаче со стил!
Сега се во мала криза и веднаш правење проблеми. Го гледав Конте после натпреварот, галамеше што галамеше, па тргна накај соблекувалната, но потоа му текна дека треба да се врши уште притисок, па повторно почна да галами и отиде накај судиите. После натпреварот повторно Марота и Конте со крајно плачипичкарски и шабанерски изјави. Кога ќе се досуди нешто против нив веднаш креваат галама, а потоа знаат и од револт да престанат да комуницираат со медиуми, кога ќе биде судиската грешка во нива корист, тогаш излегуваат со изјави дека се работи за обична судиска грешка, дека ова е фудбал и нормално е да се случуваат вакви работи.
Титулата ја имаат освоено, 99,9% е во нивни раце, ептен нешто самите ако не искомплицираат, но и во ваква ситуација не знаат да се однесуваат со стил.