Инвалидска пензија

  • Креатор на темата Креатор на темата MajMyH
  • Време на започнување Време на започнување

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Се извинувам ако ја поставив на погрешно место оваа тема. Се работи за татко ми. Работи во државна фирма, но последните неколку месеци фирмата била во криза и почна да не му исплаќа придонеси за сини картони, и пензиско. Пред неколку недели му открија на татко ми рак на белите дробови, но поради немањето на сини картони секаде плаќам се на приватно. Е сега докторите ми викаат дека со оваа дијагноза следувало инвалидска пензија (бидејќи нема отидено веќе месец и пол на работа почнаа да го бараат да оди), дали сте некој информиран кои документи треба да ги соберам и каде да одам за да ја средам таа работа, со што би имал барем сини картони да не плаќам секаде се на приватно и да не го замараат повеќе од работа бидејќи е во премногу тешка здраствена состојба.
 
Се извинувам ако ја поставив на погрешно место оваа тема. Се работи за татко ми. Работи во државна фирма, но последните неколку месеци фирмата била во криза и почна да не му исплаќа придонеси за сини картони, и пензиско. Пред неколку недели му открија на татко ми рак на белите дробови, но поради немањето на сини картони секаде плаќам се на приватно. Е сега докторите ми викаат дека со оваа дијагноза следувало инвалидска пензија (бидејќи нема отидено веќе месец и пол на работа почнаа да го бараат да оди), дали сте некој информиран кои документи треба да ги соберам и каде да одам за да ја средам таа работа, со што би имал барем сини картони да не плаќам секаде се на приватно и да не го замараат повеќе од работа бидејќи е во премногу тешка здраствена состојба.


http://www.piom.com.mk/prava_osigureniot/invalidska_penzija/32.html сe поднесува барање за инвалидска пензија, барањето се поднесува до подрачната единица на стручната служба на фондот на пиом на чие подрачје осигуреникот бил последен пат осигурен, али најубаво е да идеш директно до пиом со целосната документација, таму ке ти кажат детално што точно ти треба, па потоа една комисија одлучува за пензијата, ја за мајка ми одев, прво отидов у пиом па од таму по едно списоче од врата у втата... се надевам дека се ке биде ок :)

ова ти е број од инвалидската комисија 3065-184 и 3065-215 или централа на пиом 3250-100

од прилика ова треба за почеток, е сега зависи и од дијагнозата и од некој други пропратни документи...


потребни документи​
Барање за остварување право на старосна, семејна и инвалидска пензија (образец ЕП-10);

работна книшка и докази за пензискиот стаж што не е упишан во работната книшка (решенија, уверенија, потврди и др.);

извод од матичната книга на родените со впишан единствен матичен број или лична карта на увид;

образец бр. 3 издаден од матичниот лекар, (Предлог за утврдување на инвалидност со наод и мислење за здравствената состојба и за работната способност на осигуреникот);

медицинска документација пропишана со Одлуката за задолжителен минимум на обемот и содржината на медицинската документација во постапката за остварување права по основа на инвалидност;

пријава за повреда на работа (ако осигуреникот е повреден на работа);

покрај наведените докази, со барањето може да бидат приложени и други докази заради утврдување на фактите во врска со остварувањето на правата (решенија за користење на некои права од пензиско и инвалидско осигурување, пресуди за доделена издршка, уверенија-потврди за заснован работен однос или вршење на дејност и др.).
 
ПЛИКО = 3000-5000 Еври
-----------------------
можда е Оф Топик,ама е ова најважниот документ
дури и лица со тежок инвалидет-без една рака или нога,
не можат да стасат далеку,без овој документ.Така е за жал.
А многу здрави си земаа пензија со ист таков документ-плико.
Дури и имаше тел.број на лица посредници во оваа работа.
Со години тоа така функционираше во оваа држава.
А некој се офајдија од таа нечесна работа-аир да не видат.
 
ПЛИКО = 3000-5000 Еври
-----------------------
можда е Оф Топик,ама е ова најважниот документ
дури и лица со тежок инвалидет-без една рака или нога,
не можат да стасат далеку,без овој документ.Така е за жал.
А многу здрави си земаа пензија со ист таков документ-плико.
Дури и имаше тел.број на лица посредници во оваа работа.
Со години тоа така функционираше во оваа држава.
А некој се офајдија од таа нечесна работа-аир да не видат.
Извини вака, знам дека си постар и лошо ми е што ќе го речам иако е доста вистинито ова што го кажауваш но начинот на кој му го кажуваш на членот мене лично не ми се допаѓа со оглед на ситуацијата во која е татко му и дијагнозата.
Пензија ќе му дадат само што она другото, а тоа е здравјето, за жал нема да можат да му го дадат...

За авторот...
Биди јак пријателе, само тоа може во овај момент не ве повлече надолу сите околу...
 
Во која држава живеете? Без гореспоменатото плико нема пензија. Татко ми има вградувано стентови и незнам што во срце по инфаркти, се шприца инсулин секој ден со години, скоро е глув итн итн има медицинска историја поголема од книга на Толстој. Сега доаѓа интересното:

1. Оди на Комисија за инвалидна пензија;
2. Му велат дека иако ги има сите документи ќе биде повикан повторно поради некои нивни бирократски причини;
3. Поштата не ги доставува поканите, татко ми трча од пошти до фондови 3 години;
4. Конечно после 3 години нова покана;
5. Здравјето му е 10х полошо од првиот пат и си има документи од доктори, дијагнози и сл.;
6. Си играт мајтап со него на Комисија демек не сакал пензија затоа што не се одзвал на поканите (читај точка 3 околу поштата);
7. Му праќаат решение дека е целосно здрав и способен за целосно работно време.

Човеков е веќе над 60 години, нон-стоп повраќа или паѓа, изгуби најмалку 20-30 кг последниве години поради болести и си играат к..от со него додека околу нас има луѓе што земаат инвалидска заради операција на жолчка. Ти ебам и држава и се.
 
Multivitamin јас знам и за херпес што зеле некои

Да се отворат архивите ќе се најдат и такви за акни што имаат земено. Кој се снашол се снашол, корупција во државава има од одење на лекар до станување претседател и не е ништо ново, ама за сметка на оние што земале за жолчка и херпес сега не даваат на луѓе што навистина заслужуваат и им треба оваа пензија. И така ќе оди за 3-4 години во нормална пензија, целта им е да цркне па да заштедат. Нашле на која категорија на луѓе да заштедат.
 
Еве, дај боже уште од идниот месец да си добие човекот
пензија,што секако и ја заслужува во ситуацијава.
Но јас ја кажав само вистината како беше во изминатите 20години,можеи е сега нешто подобрено,после онаа јавно обелоденета афера со земањето мито за инвалидска пензија.
Тоа пак беше најактуелно по распаѓањето на големата држава
т.с. - во првите години на самостојност на Македонија и со голем број на затворени фирми како и работници технолошки вишок или стечајци.Е најповеќе од нив тогаш тие години ја искористија таа „евтина“ можност, да одат-земат потполно здрави и инвалидска пензија.Се беше поврзано и подмачкано и утка немаше,кој даде зема пензија,се поштуваше зборот,а сега да ти е страв и да дадеш,секој гледа да те заебе.
Поточно и ова,без таа постапка пак стварно тешко болните неможеа и неземаа инвалидска пензија,мислејќи дека се во право се изначекаа а никој и починаа,не дочекаа ни редовна пензија.
Има и такви случаеви со повреда на работно место,тежок инвалидет,да не ти даваат пензија,ќе те мотаат се додека не го исплниш главниот услов за тоа т.с.ПЛИКО со .......
 
А ако не си работел ништо и немаш никаков стаж а си инвалид цел живот дали следува инвалидска пензија????Баш би сакал да знам..
 
off.net.mk-33034.jpg

Со сликата сакам да ти кажам дека и колку да си неспособен за работа докторот ке ти каже 3000 пати сум ти кажал дека имаш болест во превод 3000 евриќи да му ги спремиш и добиваш.Или ако имаш некого завршуваш работа како горе на сликата
 
Прегледај го приврзокот 56948

Со сликата сакам да ти кажам дека и колку да си неспособен за работа докторот ке ти каже 3000 пати сум ти кажал дека имаш болест во превод 3000 евриќи да му ги спремиш и добиваш.Или ако имаш некого завршуваш работа како горе на сликата
Жално е ова што ми го кажувате дека се случува во нашава држава. Лекарите ни се катастрофа, секој ден сум по тие врати и таму е хаос. Човек со ваква дијагноза не бил хитен ниту за снимање, ниту за резултати да ми дадат. Прво му ја погрешија дијагнозата, јас уште пред 3 месеци му спомнав од што се плашам на лекарот тој ме направи будала. Рече еве ехо се му напрајвме не е ништо такво. А ова на сликата незнаев дека имаме живи луѓе родени 1800 година кои носат име Елица а се од машки род. КАТАСТРОФА ДО КОГА И ДО КАДЕ ВАКА ?
 
Додека не пукне ама ме фаќа страв дека тоа во блиска иднина нема да се деси додека имаме лаком и прост народ ке чмаеме во место
 
grujo go zategna malku zdravstvoto,no sepak daleku e od dobro:)
toj sto si ima pari ke ode vo privatnite bolnici,toj sto nema samo gospod neka mu e na pomos
 
Знаете ли некој конкретен случај на којшто не му е одобрена инвалидска пензија? Ми треба човек кој би ми раскажал низ кои се процедури поминал а бе добил пензија? Пишувам тема за тоа, би ви била благодарна.
 
Зошто кај некои матични тој образец да ти го пополнат е безпари, а кај некои 1300 ден?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom