Се извинувам ако ја поставив на погрешно место оваа тема. Се работи за татко ми. Работи во државна фирма, но последните неколку месеци фирмата била во криза и почна да не му исплаќа придонеси за сини картони, и пензиско. Пред неколку недели му открија на татко ми рак на белите дробови, но поради немањето на сини картони секаде плаќам се на приватно. Е сега докторите ми викаат дека со оваа дијагноза следувало инвалидска пензија (бидејќи нема отидено веќе месец и пол на работа почнаа да го бараат да оди), дали сте некој информиран кои документи треба да ги соберам и каде да одам за да ја средам таа работа, со што би имал барем сини картони да не плаќам секаде се на приватно и да не го замараат повеќе од работа бидејќи е во премногу тешка здраствена состојба.
http://www.piom.com.mk/prava_osigureniot/invalidska_penzija/32.html сe поднесува барање за инвалидска пензија, барањето се поднесува до подрачната единица на стручната служба на фондот на пиом на чие подрачје осигуреникот бил последен пат осигурен, али најубаво е да идеш директно до пиом со целосната документација, таму ке ти кажат детално што точно ти треба, па потоа една комисија одлучува за пензијата, ја за мајка ми одев, прво отидов у пиом па од таму по едно списоче од врата у втата... се надевам дека се ке биде ок
ова ти е број од инвалидската комисија 3065-184 и 3065-215 или централа на пиом 3250-100
од прилика ова треба за почеток, е сега зависи и од дијагнозата и од некој други пропратни документи...
потребни документи
Барање за остварување право на старосна, семејна и инвалидска пензија
(образец ЕП-10);
работна книшка и докази за пензискиот стаж што не е упишан во работната книшка (решенија, уверенија, потврди и др.);
извод од матичната книга на родените со впишан единствен матичен број или лична карта на увид;
образец бр. 3 издаден од матичниот лекар, (Предлог за утврдување на инвалидност со наод и мислење за здравствената состојба и за работната способност на осигуреникот);
медицинска документација пропишана со Одлуката за задолжителен минимум на обемот и содржината на медицинската документација во постапката за остварување права по основа на инвалидност;
пријава за повреда на работа (ако осигуреникот е повреден на работа);
покрај наведените докази, со барањето може да бидат приложени и други докази заради утврдување на фактите во врска со остварувањето на правата (решенија за користење на некои права од пензиско и инвалидско осигурување, пресуди за доделена издршка, уверенија-потврди за заснован работен однос или вршење на дејност и др.).