Каква кола имате/сакате?

  • Креатор на темата Креатор на темата SLaCk
  • Време на започнување Време на започнување
Ова го имам
2i78u4k.jpg

А покрај ова, да се разбереме од кадетот не се отказувам но покрај ова би сакал и нешто вакво, бмв 850 цси не е нов модел ама е буквално најдобро технолошко остварување во своето време. А и реално може некогаш да се купи не се многу скапи и покрај тоа што се одлични.
images

bmw_1992-850CSi-008_1.jpg


--- надополнето ---

850cs_interior.jpg


Еј досега ја сакав а после темава си ја гледам како мое возио во иднина не е многу скапа од 5000 па до 12000 се движат цените во германија.
Пример видете ја оваа убавица за 9000 евра:)
линк
 
Имав можност да видам вакво BMW во Грац, Австрија.. иако колата беше стара околу 15 години изгледаше толку напредна нешто што може да се спореди со денешниве коли.. и однадвор и одвнатре... КОСКА... би сакал и јас нешто вакво :) Инаку колку што се информирав од газдата троши негде ~25L/100 ама да имам ваква воопшто не го жалам бензинот :)

@kimi брат.. за таа пара ова е гром! Ја како идна кола гледам кадет Ц хехе ама после тоа може BMW E46 или вакво ко ова ти што го покажа...
 
Има вакво BMW така оставено во Аеродром во близина на стара Стела. Црна боја!
 
Има вакво BMW така оставено во Аеродром во близина на стара Стела. Црна боја!
Ако се сеќаваш пред 5-7 години имаше вакво златно во Битола на Баљари... заврши трагично - му го запалија.
 
Ако се сеќаваш пред 5-7 години имаше вакво златно во Битола на Баљари... заврши трагично - му го запалија.

Е де...се проврткаја едно 2-3 низ Битола вакви. Имаше и црно и црвено ...едната 840...другата 850 мислам беше
 
Е де...се проврткаја едно 2-3 низ Битола вакви. Имаше и црно и црвено ...едната 840...другата 850 мислам беше
И црвеното беше на Баљари, ама незнам шо го напрај... не му остана долго кај него.
 
Знам дека има едно вакво црно во скопје дури ако не се лажам и на пазар3 го имам видено. А најжалосно е дека и мвр има едно вакво запленето и така пропаѓа и на снег и на дожд и на сонце стои надвор без да го никој допре. Жално за колата.
 
реално, или ајде да сонуваме? баш бев загреан за една Форд Фиеста 1.4 Тренд со овие предновогодишни попусти, ама изгледа ништо, ќе се почека уште малку. Алас, можеби догодина ќе начекам попуст на некој од оние сјајните модели на Фабија со 1.2 ТСИ мотор - дури и попримамливо (но и малку поскапо) од Фиестата.

а фантазија? мислам дека ЦЛС-от (стариот) веќе го спомнав некоја страна назад.
 
imam pezo 206 i si ja sakam kolickava a i za mene kako zensko e dovolna...a bi sakala i edno mece ama samo sakam ne velam da mi se kupi :helou:
 
Имам Daewoo Racer (еден од 3-4те хеџбека во Битола) и моментално е кола која ги задоволува сите мои потреби како тазе шофер :wink:

А инаку каква кола сакам... скромно во рамките на можностите би преферирал некој французин Renault конкретно (Megane или Laguna) или во предвид доаѓа Шкода Јети, која ми изгледа како совршено возило за не многу пари :smir:
 
немам кола а ни татко ми нема имаме комбе хундај тип незнам не се ни замарам не ме интересраат коли и такви глупости а би сакал да го имам она најновото БМВ :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom