Не знам колку но сигурен сум дека ова Барса до сега ми има одземено неколку години живот.Ни треба да створиме 10 шанси (а другите тимови сонуваат за такво нешто целиот меч) за да постигнеме 1 гол а пак од 3 шанси (полушанси) на противникот примиме 2 гола.Не еднаш или два пати,секој меч иста приказна....
Плус има и една работа,на почетокот на сезоната шутираа од далеку и постигнувавме многу голови,но сега пак почнаа како лани.Да,тоа ни е играта но при вакви мечеви мора да се проба од далеку....
Иако и на двата гола имаше грешка на судијата (при првиот гол,противникот што ја започна акцијата ја зпре топакта со рака,а при вториот мораше слепецот да ја запира играта поради повреда на Цеск) катастрофални интервенции направија Маскерано (веќе не е тој стариот) и Пинто....
Ок,разибрам респект за некој фудблер,но не до толку.Знаеме дека Пинто брани за купот но мајката не го играј кога го имаш за противник Мадрид.Премногу лесни голови примаме од нив кога Пинто е во голот.Се надевам ќе се смени ова ситуација.....
Зошто не играше Капитенот ?
п.с Очекував тежок меч (а беше) и не верував дека ќе одиме понатаму.... Честито победа....