Користиш протестантски финти, но еве одговор и за тоа.
Неспорно е дека лажните сведоци лажно и сведочеле против Христа., исто како што е неспорно, оти е запишано и може да се прочита во двете евангелија, дека и Марко и Матеј не запишале ниту една лага од лажните сведоци (недостојно е во Светото Писмо да биде запишана лага!...), но и двата Апостоли запишале безмалку исто сведочење, кое се однесува на „храмот„, неговото „растурање„ и неговото „тридневно обновување„ и тој Апостолскии запис не е случаен, туку е намерен, оти во него нема место за лага, а има длабока вистина.
И она кое е најбитно: богословите точно ги толкуваваат тие Христови зборови, кои се однесуваат на смртта и воскресението Христови, но не толкуваат ниту една лага од лажните сведоци, оти на сите кои тогаш биле присутни, им било јасно дека сведоците лажат, заради противречноста од нивните изјави, но не лажат и за она кое Христос го кажал, иако нивните сведоштва биле упатени против Христа.
Конечно, лукавиот ги излажа Адама и Ева со вистина. ветувајќи им дека ќе станат како богови, оти тоа и беше Божјата промисла за наште пра-родители: да бидат богови по благодат. Така лажеа и сведоците протов Христа, користејќи реченица искажана од Христа, но против Христа.