Досега си вежбав по дома, но бидејќи спрема мене не можев да го постигнам тоа што го сакам во домашни услови се зачленив со другар во теретана за да видам како е, да се навикнам на вежбите,но бидејќи треба време да го направам телото како што сакам, а и за уште некој месец ни се ближат доста работи, сакаме да пробамe некој суплемент.Се одлучивме за Animal Pump, ке земам со другарчето едно паковање, по 15 паковчина за двајцата.Е сега некои ми велат дека за почетници не е тој креатин, а некои викаат нема врска, баш подобро ќе ти биди.Во врска со пиењето на вода запознаен сум, ќе внимавам на исхраната и сетоа тоа, но ме интересира кој се негативните последици од ова… како што кажав некои кажуваат едно, некои друго, главата ми е наполнета од многу луѓе, едните велат земи го, другите не земај го, ќе имаш проблеми со спиењето, бубрезите, срцето и уште што ти знам таму... Инаку имам 18 години, висок 1,80+-, 75-80 кила.Во врска со вежбањето имам и пријател со неколку годишно искуство кој ќе ми помогне во врска со вежбите и се друго.Еве и слики каков сум сега, па доколку можете одговорете ми на прашањата, ви благодарам многу.