S
Stef Bachatero
Гостин
Се е битно не можам да кажам дека само тренингот со тежини е добар за раст.Тој помага како секој спорт.Ако се користи како што треба сигурно секој би бил задоволен од резултати.Но секогаш има луѓе што не знаат што сакаат и која им е целта во теретаната и никогаш немаат никакви резултати.Не сакам да се правам паметен на темава, оти и моите сознанија не се толку опширни за да држам лекции некому.
За да го завршам муабетов, кој веќе личи на „мерење“, ќе речам само дека балансот (на енергија, ако сакаш) во еден организам не зависи само и исклучиво од „внатрешните“ (генетска детерминираност, хормонален статус, базален метаболизам итн.), ниту само и исклучиво од „надворешните“ (физички напор, климатски услови итн.), ниту само од метаболичките фактори (стимулации и инхибиции), ниту од биомеханичките фактори....
Можеби најдобро би било да се рече дека енергетскиот баланс зависи од сите набројани и од мноштво други ненанбројани фактори (сигнални патишта на молекуларно ниво чија активација или инхибиција се поврзува и со надворешни и со внатрешни фактори, но сеуште не се доволно објаснети или сфатени)....
затоа, да тврдиш дека со дигање товар во пубертет се станува повисок е премногу еднострано и незасновано тврдење, или во најмала рака е површно.
Тоа што се земаш себеси како критериум е аналогно на "рецептите“ на @BlackGuard;.
Поздрав