Колку сте високи колку сте тешки? Проблеми, ситуации?

  • Креатор на темата Креатор на темата Solider
  • Време на започнување Време на започнување
160 cm 14,5 godini za 2-3 meseci ke polnam 15 me intersira dali ke mozam da izrasnam uste bidejki eden moj drugar od kosarkata za 1 godina 20 cm izrasna i potoa imase problemi so kolenata :D.

Кој може да ти каже дали ќе растеш? Се зависи до човекот. Би требало уште некој сантим да пораснеш.

Инаку јас сум 176 со 69 и супер ми е:D
 
Со кој да се посоветува? Со нашите ''доктори'' што кога ќе им кажеш дека зимаш веј протеин те гледаат како наркоман? Тоа било штетно а млекото било здраво. Fuck logic:facepalm:

Штетно е да вежба на 14 години? Зошто?

На 14 години само спорт, фудбал, кошарка, ракомет, одбојка теретана и терет е најлошиот животен избор во тие години.
 
На 14 години само спорт, фудбал, кошарка, ракомет, одбојка теретана и терет е најлошиот животен избор во тие години.
Ако го прави со лесни тежини има бенефиции.Јас на 16 години сум почнал и сум висок 182 цм повеќе е генетиката и други работи.Плус хормонот за раст е најголем тогаш.Згибови,чучњеви,склекови и било кој вежби со сопствено тело се добри за градење на основата за почетен бодибилдинг.Нема никаква научна докажана студија дека бодибилдингот пречи раст.Помага и те како.
 
Најлошиот животен избор поради фактот што... ?
Поради фактот што премногу ти се затегаат тетивите, а во тој период растат децата и мускулите треба да бидат по опуштени.
 
Најлошиот животен избор поради фактот што... ?

Спречува раст и правилен развој на тело. Може да дојде до сериозни повреди во тие години бидејќи сеуште не се развиени коските, мускулите односно градбата природна на тело е во развој. На тие години за здравје и кондиција само спорт со топка е тек тогаш ќе се постигне правилен раст и развој па од 17-18 години може тежини. Работа со тежини да му дадеш на дете е дебилска ствар, нема ниту да има напредок со раст пример за разлика ако тренира кошарка, ниту кондиција ниту подобро здравје. Од искуство.
 
Вежбањето не го спречува растот, вежбањето воопшто не влијае на растот. Тоа е мит.
Докажи го спротивното, приложи некои резулатати од некое медицинско истражување.
Зошто да не добие кондиција? Во теретана не се вежба само со тегови. Исто така тинејџерот на 14 години и да сака не може да крева големи тежини, напротив ќе ги изведува основните вежби со оптимални тежини. Тоа, плус ако ги изведува вежбите во правилна форма не може да дојде до повреда. Кај мене во маало имам двајца 15 годишни фудбалери на кои составен дел од тренингот им е теретана, значи едното не го исклучува другото. Во теретана не идат само бодибилдери.
 
Хормон за раст се лачи највеќе со вежбање со терет.Како може тој хормон да спречува раст не ми е јасно.Кога е во цутот на младоста и кога хормоните му работат теретаната е добар извор на зајакнување на мускулатурата.Глуп мит кој не е докажан се е до генетиката,а плус има и вежби кој помагаат во растот.
 
184-185 cm со 68-69 kg. до пред некое време играв нон-стоп секој ден фудбал да речам професионално во второ лигашки клуб па престанав да одам.Но сеуште активно трчам,скоро секоја вечер си правам стомачни и склекови по неколку серии,не внимавам баш на исхраната,но сепак сум задоволен од конструкцијата на моето тело.
Некој ќе ми рече ептен сум слаб,но сепак мислам дека имам некое мускулче. :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom