Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

А

Анноун

Гостин
Абе он зашто ме цитирал :tapp:
А се израдував ми одговорил некој на прашањето за филмот.

Ќе го сменам кога портпаролот на фан клубот на А.Х , господинот Драгонски ќе ги натера цел фан клуб Челзи , со се него да ги сменат аватарите.
 
А

Анноун

Гостин
Малку ти беше една опомена?
Kаде бе таа опомена ? Во вид на известување ли доаѓа ? Не сум видел . А ако е била усна опомена , не ме зезај . Ај ноу д рулз.

Туку сега па не ми ни одговарате на прашањево кое го поставив за филмот :( Колку е во право Калимеро само .
--- надополнето: 21 јануари 2013 во 22:01 ---
Ааа сум имал опомена стварно . Ради недозволен потпис и тајтл .
Е сега дури ќе ги сменам ...





... бадник вечер кога ќе биде на 29ти Февруар :pos:

Деца, не се игра со СЕ . ;)
 
А

Анноун

Гостин
За гледање ми е следен Zero Dark Thirty .
Пак бигалоу , пак гад блес америка .
Де некој нека потврди дека не е исто :гомце: како The Hurt Locker , oти краток сум на нерви со ваква тематика . Да не го слегнувам воопшто ако е таква работата.
Дека никој не ми одгоровори , си го слегнав и го гледав . (Дај бе дружејте ме малце , само Ио ме цитира да ме потсети дека Опомена ми дал )

И прилично добро течеше во првиот час , се додека не се убација на Revenge-mood американците.

Не е никаков спојлер според мене следниов епик дијалог , ама за да не добијам бан на вака најаден Ио , ќе го ставам во спојлер , пожелно е да се отвори .

Во самоубиствен напад ќе загинат 6-7 американци , и еден американски црнец ја прашува Џесика Честејн :
-What are you gonna do ?
- I'm gonna smoke everybody involved in this Op ...
...And then I am gonna kill Bin Laden

Грешка бев бе , ова не ме нервира . Се згазив од смеа на муабетов , морав да споделам .

Ќе го догледам утре , до овој муабет сум и повеќе од задоволен за денеска. :pos:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Дека никој не ми одгоровори , си го слегнав и го гледав . (Дај бе дружејте ме малце , само Ио ме цитира да ме потсети дека Опомена ми дал )
Site od fan klub Ane ke te stavat na ignore. You will feel the loneliness!

Vo megjuvreme:
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 19:41 ---
Silver Lining Playbook (2012)
http://www.imdb.com/title/tt1045658/



Со оглед на тоа дека чув многу позитивни коментари решив да му дадам шанса на филмов, а и романтична комедија номинирана за Оскар е доволно добра препорака. Сепак морам да кажам дека сум тотално разочаран. Нема да пишувам за што е филмот бидејќи има веќе неколку постови за истиот.

Јас би рекол многу галама за ништо, сосема обична романтична комедија. Доколку не беше одличната глума на Купер ке беше веројатно уште поглуп филмов. Приказната е можеби уникатна но сепак досадна. Најдобра сцена беше онаа со танцот каде имаше одлични кадри со камерата, 2 часа за ваков филм е реално премногу. Де Ниро е одличен глумец но приказната со рагби утакмиците беше ужасно досадна (многу повеќе ми се допагаше тој во Meet The Parents).

Од мене добива 5/10 !
- Не, не беше сосема обична ром/ком
- Не, не одглуми само тој добро.
- Не беше воопшто досадна.
- Не, тоа беше најлоша сцена во филмот.
- Не се премногу, мене одма ми летна времето.
- Не беше ништо досадно, долови битен сегмент од филмот кој ти го пропушти.

Само сакав да потенцирам колку ти е дијаметрално спротивно мислењето од сите кои до сега пишаа за филмот. :)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
http://www.imdb.com/title/tt1258972/
Солиден филм што се базира на кинеска митологија,одамна немаме видено ваква комбинација во Холивуд.
Како прв филм на RZA е топ,филмов вреди да се погледне.
 
W

Werther

Гостин
http://www.imdb.com/title/tt1258972/
Солиден филм што се базира на кинеска митологија,одамна немаме видено ваква комбинација во Холивуд.
Како прв филм на RZA,вреди да се погледне.
Оф леле,кој ти е тој РЗА (РЗА ВТФ ! ) некој рапер ?

Да кажеше првиот филм на Дастин Хофман ќе земев залет од Ѓорче 2,ама РЗА...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Оф леле,кој ти е тој РЗА (РЗА ВТФ ! ) некој рапер ?

Да кажеше првиот филм на Дастин Хофман ќе земев залет од Ѓорче 2,ама РЗА...
Е добро де,ти ако не го знаеш некој друг можда го знае,а и шо е битно кој е режисер ако е ОК филмот ?
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
А

Анноун

Гостин
Кратко резиме за Zero Dark Thirty :
- уште едно американско :гомце: од филм режирано повторно од Бигалоу . Кога ли го снимија филмов за убиството за Бин Ладен побогу ?! Небаре со камерите биле во Пакистан и чекале да го убијат па да почнат да снимaат.
- Џесика Честејн викате била главен фаворит за оскар ?
Несомнено има талент за глума девојчето , но оваа улога нема ама баш никаква оскаровска тежина . Ништо посебно не понуди , ама ќе и дадат оскар чисто да се направи атер на филмов , да не остане без оскар , веќе кога ќе мора на Линколн да му дадат доста други оскари.
- колку глупавo-смешни дијалози имаше на 2-3 пати . Од стол паднав.
- ако треба да издвојам добра страна , сцените со експлозиите беа и повеќе од солидни.

Баш ме интересира кои се членовите кои гласале за филмов во темата за оскарите . :facepalm:
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.285
Поени од реакции
8.462
Онака рандом. Вчера беа 5 години од смртта на Хит Леџер (n)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
- Не, не одглуми само тој добро.
- Не беше воопшто досадна.
- Не, тоа беше најлоша сцена во филмот.
- Не се премногу, мене одма ми летна времето.
- Не беше ништо досадно, долови битен сегмент од филмот кој ти го пропушти.

Само сакав да потенцирам колку ти е дијаметрално спротивно мислењето од сите кои до сега пишаа за филмот. :)
Да знам дека е спротивно затоа и го напишав колку да не биде се розево за филмот за кој сметам дека не го заслужува тоа. Уште не ми е јасно како може да се најде во конкуренција за Оскар за најдобар филм. Секој си има свое мислење мене воопшто не ми се допага Џенифер, може да беше некоја друга во нејзината улога немаше да бидам толку разочаран од филмот. За сцената со танцот ми се допагаше како монтажерот си играше со кадрите со камерата, доколку можеш погледни ја пат сцената ќе видиш за што зборувам. Како и да е барем знам дека нема шанси да освои оскар бидејки ги изгледав Линкол и Зеро Дарк !
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 08:27 ---
Кратко резиме за Zero Dark Thirty :
- уште едно американско :гомце: од филм режирано повторно од Бигалоу . Кога ли го снимија филмов за убиството за Бин Ладен побогу ?! Небаре со камерите биле во Пакистан и чекале да го убијат па да почнат да снимaат.
- Џесика Честејн викате била главен фаворит за оскар ?
Несомнено има талент за глума девојчето , но оваа улога нема ама баш никаква оскаровска тежина . Ништо посебно не понуди , ама ќе и дадат оскар чисто да се направи атер на филмов , да не остане без оскар , веќе кога ќе мора на Линколн да му дадат доста други оскари.
- колку глупавo-смешни дијалози имаше на 2-3 пати . Од стол паднав.
- ако треба да издвојам добра страна , сцените со експлозиите беа и повеќе од солидни.

Баш ме интересира кои се членовите кои гласале за филмов во темата за оскарите . :facepalm:
Филмот според мене е солиден, за тоа дека чекале со камери во Пакистан работата на Бигалоу на оваа тема почнала многу одамна со цел да сними филм за бегството на Осама од Американците и кога во Мај го убиваат таа ја менува темата нормално. Ама за дијалозите се сложувам имаше на неколку пати очајни дијалози а врв беше помеѓу Маја и главниот за ЦИА во Пакистан кога таа му се закануваше дека доколку не добие тоа што и треба ке мора да му одговара на претседателот.

Американците се закачени на темава и не ме чуди големата фама околу филмов, тоа е исто како кај нас кога имаше фама за филмот за Александар со Анџелина (каде е копчето за иронија).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom