СП Шпанија 1/8 финале: Германија - Македонија 20.01.2013 15:45ч

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Германија според мене е далеку подобра опција од Франција.Да ни се паднеа Французите ќе немавме скоро никакви шанси да ги поминеме,а со швабиве имаме какви такви шанси.Сигурно и мотивите на нашите ракометари се на највисоко ниво и утре очекувам да изгинат на терен.Можеби Германија е подобра репрезентација од нас но имаме простор за изненадување и искрено се надевам дека ќе ги изненадиме.Само да се намали бројот на технички грешки и да му тргне шутот на Кире...ништо повеќе не ни треба.Многу важно ќе биде и ние да си ја играме нашата игра т.е долг и смирен напад.Ако се решат да се наттрчуваат со швабите готови сме и тешко да го видиме бушењето на панцирите.
 
Чекај до вечер сите ќе станат експерти за германскиот ростер и игра :D
Колку што јас со мое лаичко познавање на ракометов можев да забележам во досегашните дуели на Германија а ги гледав тие против Тунис и Франција, имаат доста несигурни периоди и падови во играта. Особено против Тунис имаа такви серии на грешка во грешка, против Франција сепак во граница на дозволеното.
Она што го играат фантастично е нападот со играч помалку, имаат извонредно варијабилни акции за движење без топка, блок за бековите од пивотот или крилата, двоен пас, ракометен pick&roll :icon_lol:. Навистина ме импресионираа, полесно напаѓаа со 5 одошто со 6 играчи особено со една француска одбрана.
Она пак што ние го правиме добро, тоа е наметнување на нашата игра. Колку и да делува убиствено досадно за неутралните гледачи па и за нас, јасно е дека тоа ни е единствениот пат кон триумф. Не смееме да влеземе во брз ракомет, фантастична контра имаат, заедно со Данска и Хрватска веројатно најдобра на шампионатот.
Клајн може да му држи лекции по ракомет на Манасков, како за одбрана така и за напад и контра. Исто така и Хајнветер одлично ја дистрибуира топката при контрите, нешто што им фали на нашите голмани. Одлично ги брани и ударите од крила, проблем му се бомбардирањата од бек, дури и преку 9 метри. Кире е на потег, доколку го затворат очекувам уште една "вардарска" партија на Филип и конечно разиграни Мојсо и Миркуловски. YNWA :D

Значи анализата односно статистиката што е на официјалната страна се си кажува.
Од девет метри имаме скоро идентичен процент и скоро идентични шутеви. Слаби сме на крила Германицте имаат далеку повеќе шутеви и повисок процент. Голманите се тука некаде. Е сега ако се земе дека овие во групата имаа и посилни противници тогаш се е друго !
А техничките грешки се на наша страна убедливо засега. 78 спрема 30 и неколкуте на Германија и тоа повторно со далеку посилни противници во група беа тие.

ПС.
Утре е Свети Јован Крстител, кој меѓу народот се смета за голем христијански празник, а традицијата покажува дека нашите ракометари победуваат кога играат на голем празник.
На Водици минатата година, Македонија во клучниот натпревар за пласман во следната фаза ја совлада Чешка со 27:21 и ја оствари целта. Исто на Водици во 2009 година Македонија ја совлада Полска и си ги подотвори вратите на втората фаза од Светското првенство во Хрватска.
Македонските ракометари тогаш го победија светскиот вицешампион со 30:29 во Вараждин, потоа продолжија во Задар и на крајот во Загреб го освоија 11. место.
Да се надеваме дека оваа традиција ќе продолжи и утре и нашите ракометари со победа над Германија ќе обезбедат пласман меѓу осумте најдобри во светот. :cool:
 
Туку знаете ли зошто му ја дадоа титулата играч на мечот на данскиот селектор? Пошто виделе од организација дека тренериве си играат комбинации без да се замараат за резултат, решиле да ги пошибаат малку.

Има и светски сајтови кои викаат дека намерно сме изгубиле.
 
Значи анализата односно статистиката што е на официјалната страна се си кажува.
Од девет метри имаме скоро идентичен процент и скоро идентични шутеви. Слаби сме на крила Германицте имаат далеку повеќе шутеви и повисок процент. Голманите се тука некаде. Е сега ако се земе дека овие во групата имаа и посилни противници тогаш се е друго !
А техничките грешки се на наша страна убедливо засега. 78 спрема 30 и неколкуте на Германија и тоа повторно со далеку посилни противници во група беа тие.
Кога ќе земеш в предвид каква игра покажавме против Чиле и Катар, далеку под моменталните можности за разлика од Германците кои мораа сериозно да влезат во секој меч, статистиката е помалку повеќе меродавна. Голманите тука некаде, одлично е што Борко брани веќе пола сезона во Бундес па одблиску се запознава со играчите и стилот на игра, крилата за класа послаби од германските, бековски неблагодарно е да се зборува знаејќи ја променливата форма на Филип Лазаров, Миркуловски и Наумче. На пивот сме и подобри. А за техничките грешки срамота и греота е да бидеме најfаil на првенството, ако се земе в обзир дека Австралија повеќе е туристичка експедиција одошто национална ракометна репрезентација.
 
Туку знаете ли зошто му ја дадоа титулата играч на мечот на данскиот селектор? Пошто виделе од организација дека тренериве си играат комбинации без да се замараат за резултат, решиле да ги пошибаат малку.

Има и светски сајтови кои викаат дека намерно сме изгубиле.
На прв поглед така изгледа, е сега дали е вистина незнам...
 
Туку знаете ли зошто му ја дадоа титулата играч на мечот на данскиот селектор? Пошто виделе од организација дека тренериве си играат комбинации без да се замараат за резултат, решиле да ги пошибаат малку.

Има и светски сајтови кои викаат дека намерно сме изгубиле.


Титулата беше за фер плеј најавена. И тој со адидас наградата си остана, не му ја даде на Вилбек. Незнам што се деси организаторите потфрлија на повеќепати досега, сајтот им е некако крш, статистика им потфрла. Неточно понекогаш известуваат. Воглавно лоша организација.
 
Сега правиш фејспалм, али има некоја доза вистина во ова што го кажа Зоте, не се Германците вонземјани, меѓутоа се луѓе со карактер кој е далеку подобар од лузерскиот начин на мислење на Шундо (као демек сеа ќе се штедиме со Катар и Чиле) кое доведе помала гол разлика која доколку победевме со Данска ќе имаше многу значаен удел.

Друго мислам дека доколку ги победевме Чиле и Катар со огромна гол разлика тоа ќе влијаеше многу позитивно на репрезентацијата од психолошка гледна точка...

За жал нашите спортисти имаат уште долг пат за да го стигнат тоа психолошко ниво на Германците, а психологијата е многу битна (без неа немаше ни кошаркарите ни ракометарите да стигнат до овде)
Dobro a ti kako eden prosecen makedonec dali imas mentalen sklop kako eden germanec?Koa nie ke go stigneme toa PSiholosko nivo najverojatno I nasite sportisti ke go stignat.
 
Можам само на двете екипи да им посакам среќа.Нека победи подобриот.
 
Реално според тоа што го видов од Германија против Франција, тоа беше страшен перформанс, дури и за миг помислив дека е подобро да се игра со Франција место со Германија, а во истиот момент тоа го прокоментира и коментаторот на сител3 :)
Меѓутоа, после невозможната победа против Литванија на кошарка, верувам дека време е и у овој спорт да се оствари една квалитетна невозможна победа ... и ако може да се направи таква, сигурно ќе биде против германија!
 
Едно прашање. Недај боже ако изгубиме дали ќе играме уште една утакмица?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom