dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.427
- Поени од реакции
- 85.400
Дојде и тој момент. Нокаут фазата на светското ракометно превенство што се одржува во Шпанија започнува на голем начин.Хојбергер против Шундовски. Меркел против Груевски. Октоберфест против Прилепски пиво вест. Лена Мајер Лаундрут против Ноне Неделковска. Германија против Македонија.
Повторно добро познат противник на нашата репрезентација. Сеуште ни е свеж во сеќавањата неуспехот против Германската репрезентација на Европското првенство во Србија. Сеуште ни се свежи пцовките против Рогиш и судиите.
До сега имаше простор за маневрирање. Сега една грешка може да значи збогување со светското првенство. Со пораз нашите ракометари се враќаат во Македонија, а имајќи го ова во ум сигурно нашите ракометари ќе дадат 102,3 % за да останат во Шпанија.
Германија на ова првенство покажа дека е ранлива репрезентација со поразот од Тунис но и дека можат да бидат вистински гладијатори на терен со победата на Французите.
Дали Столе ќе докаже дека није пиво ракија а wurst кобасица? Дали ќе клајме поќе голој од ними? Дали спонтано ќе испраќаме другарки на плоштад? Дали Челзи ќе го победи Арсенал?
Сево ова ќе го дознаеме оваа недела.
За крај ќе порачам да не победи подобриот туку да победиме ние. Пошто на крајот на краиштата не е битно да си прв, битно е да си пред вториот. Или што би рекол Шундо не е битно да победиш битно е да клајш поќе голој од нив.
На брзинка го направив видеово како предвидување што би се случило после мечот
знам дека има грешки али пробајте да ги игнорирате пошто на крај краева битно е да победиме.
со среќа нека ни е.
знам дека има грешки али пробајте да ги игнорирате пошто на крај краева битно е да победиме.со среќа нека ни е.




