Pink Floyd

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Темава ја исчитав од прва страна и немам зборови, неверојатни сте:cuc: никад нема да ми се исполни желбата да одам на концерт на кој ќе бидат Сид и Рик....
 
Не знам дали имате приметено, ама насловот на последната песна од последниот албум на кој соработувале Гилмор и Вотерс (The Final Cut) се вика - Two Suns in The Sunset.

Интересна коинциденција. :D
 
Денеска имав интересна дебата за бендов со исто голем фан на Пинк Флојд. Само шо имавме несогласување на Флојд со Syd Barret и Gilmour, кога биле поубај :) Јас со првиов помераклија сум некако.
 
Голема штета е што Сид завршил така како што завршил... И со него не биле само уште еден психоделичен бенд, имале свој уникатен звук. Ама, мора да признаеме дека и Гилмор е поим за гитарист. Дури и нешто повеќе од тоа. Кога сме кај периоди, најголем мерак ми прави периодот на албумите пред Dark Side, односно експерименталниот период на бендот.
 
Точно, најголем пробив со маестрото прават :) на кој капа симнувам. Но мразам кога некој ги потценува како такви претходно, само затоа што страшните психоделии на гитара поизостанувале.
 
Мора да признаеме дека во никој период не заостануваат. Посебно не во психоделичниот, со вакво парче:
 
Точно, најголем пробив со маестрото прават :) на кој капа симнувам. Но мразам кога некој ги потценува како такви претходно, само затоа што страшните психоделии на гитара поизостанувале.

Колку и да ја нејќи некој ерата на Сид, ако не бил Сид немало ниеден асолен албум да напрат после. Чоеко му бил инспирација како на Вотерс така и на сите останати во бендот. Можи да ги замислите Флојд без Wish you were here ? Без Сид албумот немаше да постој. Инаку фан на Гилмор ерата.

А за то кој период најмногу ми се свиѓа, хм, тешко, многу тешко. Аtom heart mother ми е еден од подобрите албуми, го сакам чувството на олабаеност во Momentary lapse of reason, како гласот на Вотерс продолжва во саксофон во The Gunners Dream, вселенските звуци од Intertellar overdrive ...
се на се не можам да се одлучам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom