Кој е Исус Христос?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да де, реков јас - Твојот Христос е вистината, затоа што ти така си решил, затоа што е твој....мислам има ли поголем аргумент и доказ од тоа!?
Има: духовниот опит. Доказите барај ги во лабораторија...
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 00:36 ---
Вистина која се крепи со "жими мајка" позната е под името бајка.
Да, има бајки за мали деца, има бајки за возрасни деца, а има и од Бога откриена вистина.
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 00:39 ---
А зошто го трпел пред да го избрка ?

Нели Бог е нетемпорален,знаел што точно ќе се случи ?
Бог не го трпел лукавиот, иако Бог го увидел отпаѓањето од дотичниот ангел. Бог Е слободно волен и Он на човекот му ја дарил/вградил слободната волја, па сега, ако Он Е дародавецот, нечесно би било кога Он би притискал врз дарот. т.е. врз слободната волја човекова, претворајќи се себе си од Бог Творец и човекољубец, во тиранин и насилник.
 
M

Muranyi

Гостин
Бог не го трпел лукавиот, иако Бог го увидел отпаѓањето од дотичниот ангел. Бог Е слободно волен и Он на човекот му ја дарил/вградил слободната волја, па сега, ако Он Е дародавецот, нечесно би било кога Он би притискал врз дарот. т.е. врз слободната волја човекова, претворајќи се себе си од Бог Творец и човекољубец, во тиранин и насилник.
Мики,ако за тебе не е тиранија и насилство да уништиш и запалиш цели два града,да го потопиш целиот свет и едноставно да збришеш се што постоело на него,тогаш не знам што е.Ова му доаѓа исто како Холокаустот,а знаеме Хитлер колку е обожаван е ценет во денешно време.Каде е тогаш таа љубов на Бог кон својата креација,јас навистина колку и да сакам да ја увидам и сфатам,едноставно не можам.Нели е малку наивно да тврдиш дека Бог ја почитувал слободна волја човекова,т.е. дарот божји за човекот,ама бидејќи човекот се понашал како што не му било по кејф на Јахве,ги удавил сите луѓе.Не,нема никаква логика.Да кажеш можеби,дека сето тоа е симболично напишано во Библијата и има некое преносно значење со кое Бог ни ја предава својата мудрост(каква-таква) ќе те разберам,ама вака?Од тоа па произлегува,ако Библијата е пишувана во преносна форма,тогаш кој е методот на нејзино толкување,како ќе знаеме кој стих што значи и како треба да се толкува?Ако е вака,тогаш сите христијански верувања и догми паѓаат во вода,бидејќи се толкувани буквално.Еве под претпоставка да постои Бог,би признал ти дека е можно да постои клуч за толкување на Светото писмо?Или толку многу си комфорен во својата вера кон Црквата?Ова последново не ми е грешно,зашто јас имам впечаток дека твојата вера во Бог е на исто рамниште со твојата вера во институција раководена од човекот-Црква.
Сепак,Бог со самото тоа што е сезнаен,тој ги знае сите можни настани кои ќе се случат и тоа ја негира слободната волја кај човекот,кој некој упорно сака да ја сервира а таа всушност не постои.Слободна волја може да има само Бог,а не и човекот,бидејќи кај човекот се е предодредено и се знае однапред.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Бог не го трпел лукавиот, иако Бог го увидел отпаѓањето од дотичниот ангел. Бог Е слободно волен и Он на човекот му ја дарил/вградил слободната волја, па сега, ако Он Е дародавецот, нечесно би било кога Он би притискал врз дарот. т.е. врз слободната волја човекова, претворајќи се себе си од Бог Творец и човекољубец, во тиранин и насилник.
Ако купам телефон кој има карактеристики што не треба да ги има, неразумно е за тоа да го обвинувам телефонот!
Гневот, љубовта, љубомората, среќата, тагата, разумот....се особини кој се дел од луѓето! А не особини кој луѓето сами решиле да ги имаат! Крадењето, лажењето, убивањето се ПОСЛЕДИЦИ на дел од тие особини! Со сила се правиш мутав или мутав си? Ако тие особини се со некоја цел, тогаш што мајка бара судењето и пеколот?! Нели тие имаат цел, ако нешто има цел значи дека не е непотребно! Ако пак е непотребно, тогаш значи дека потекнува од несовршен креатор!
Само битие кое е несовршено има потреба да казнува, затоа што казната е реакција со која казнувачот го санкционира однесувањето на казнетиот бидејќи е спротивно на неговата волја! Ако се е според волјата на креаторот, единствена причина за казната е садизмот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Бесполезно вртење во круг. Не постои логички начин да се помири семоќта на Бог со постоење на слободна воља кај луѓето, исто како што е невозможно да се помири семоќта на Бог кој е љубов со постоење на злото.

Или верниците ќе си прифатат Бог кој не е семоќен, кој во својата борба со материјата понекогаш е тежок шарлатан, или за секогаш ќе бидат предмет за подсмев на секој кој барем малку размислува...

Roma locuta, causa finita...
 
M

Muranyi

Гостин
Бесполезно вртење во круг. Не постои логички начин да се помири семоќта на Бог со постоење на слободна воља кај луѓето, исто како што е невозможно да се помири семоќта на Бог кој е љубов со постоење на злото.

Или верниците ќе си прифатат Бог кој не е семоќен, кој во својата борба со материјата понекогаш е тежок шарлатан, или за секогаш ќе бидат предмет за подсмев на секој кој барем малку размислува...

Roma locuta, causa finita...
Јас не гледам проблем да се признае дека Бог не е семоќен,сезнаен.Еве,јас,сметам дека доволно е тоа,хипотетички кажано-доколку постои Бог,да се каже дека тој е живототворен.Вака,само се препелкаат во очигледни нелогичности и Христијаните и Муслиманите.Самиот концепт со кој е претставен Јахве е контрадикторен сам на себе,а таа контрадикторност е очигледна во светите книги.Но,секој со своите убедувања.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас не гледам проблем да се признае дека Бог не е семоќен,сезнаен.Еве,јас,сметам дека доволно е тоа,хипотетички кажано-доколку постои Бог,да се каже дека тој е живототворен.Вака,само се препелкаат во очигледни нелогичности и Христијаните и Муслиманите.Самиот концепт со кој е претставен Јахве е контрадикторен сам на себе,а таа контрадикторност е очигледна во светите книги.Но,секој со своите убедувања.
Рисјаните и муслиманите сакаат да се онадат, но не сакаат да им влезе. Сакаат да имаат слободна воља, но да бидат под заштита на семоќен Бог.

Досадни, глупави, бесмислени приказни кои полека ќе завршат на ѓубриштето на историјата...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Добар си,твои постови ќе читам,теорија нема.

Ова последново ми упадна во очи,во кое го спомуваш Рим,а истото и Ривера го кажува во неговите списи.

Затоа те прашав.
Не кењај...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
‘Воа е некоја Твоја мудрост, црковно именувана како „..мудрување телесно...„.

Бог го створи човекот по Негов „...образ и подобие...„ а не како морон, кој ќе си го помине животот еднодимензионално, живеејќи исклучиво на телесно-сетилно ниво‘.
Мене не ме интересира црквата што ќе каже... тој поим е толку замрсен и чуден што... нема потреба да се спомнува. Не го ценам нејзиното мислење воопшто бидејќи е чисто верување, а јас не сакам верување многу... мене ме интересира ти што задни замисли моткаш низ умот кој нели, треба да ти открие добро-зло...
Или биди зол или биди добар...
Или врти образ или напаѓај, нема и да и не... или да или не.

Веруваш дека некој бог во кој веруваш дека постои создал се ... тука малку е моронски веќе да се дискутира....бидејќи што е муабетот?
Ти веруваш и зборуваш за нешто во кое веруваш... и веруваш дека тоа треба да помогне за да се спасиш ти од некакви си гревови?
Некој исус кој веруваш дека е син на бог во кој веруваш дека постои, и веруваш на некои дедовци, дека ќе те спаси од себе самиот?
НЕ!
Еднодимензионално размислуваат религиозните и верници кои имаат песок наместо цврста карпа како надеж во нивните животи...
Не префрлај ја топката кај другите...
Не играме така... Твоја вера, твој проблем... ние сме тука да ја критикуваме и верата и боговите и Исус како бог спасител и Мухамед како последен пратеник... Луѓе :)

Ако вашата вера дека Исус спасил некој (светот на пример) и да беше сето тоа точно: немаше да се појави исламот!Ова така малку... да дадете верски „докази“ како се е предвидено и како сепак ќе страдаме и да веруваме...
Некој ќе скокне да ми каже: ове е под-форум религија... да, точно и тука сме да критикуваме ;)

Значи вие може да тролате дека и кога сакате, по слободна воља, а ако се дирне вашата секта, почнувате да вреѓате и да плачите кај киселиот.
Значи момак, ДИШИ, не се тепај со мене :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики бог го смислил тоа,не го увидел.
За да можеш со сигурност да кажеш дека тоа е Божја смислица, треба и самиот да бидеш на Божјото место и улога во Светов.
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 09:00 ---
Не,нема никаква логика..
Има логика, но која е Твојата логика?
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 09:01 ---
Еве под претпоставка да постои Бог,би признал ти дека е можно да постои клуч за толкување на Светото писмо?
Клучот за точното толкување на Светото Писмо се самите Свети Оци и Боговидци, а не јас...
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 09:03 ---
Сепак,Бог со самото тоа што е сезнаен,тој ги знае сите можни настани кои ќе се случат и тоа ја негира слободната волја кај човекот,.
Ова е фаталистичко учење, кое е масовно застапено во повеќето религии, но не и во Црквата.
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 09:04 ---
Слободна волја може да има само Бог,а не и човекот,бидејќи кај човекот се е предодредено и се знае однапред.
Објасни го поимот „...образ Божји...„ и ќе видиш дека и човекот, кој е „...одблесок Божји....„, има слободна волја.
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 09:07 ---
Не го ценам нејзиното мислење воопшто бидејќи е чисто верување,
Учењето до Црквата е начин на живеење, а не испразна апстрактна философија.
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 09:09 ---
... Твоја вера, твој проблем... /quote]
Немам никаков проблем, со мојата вера: од кај Ти е оваа мудрост?..
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 09:11 ---
Ако вашата вера дека Исус спасил некој (светот на пример) и да беше сето тоа точно: немаше да се појави исламот!
Исламот се појави како казна Божја за ереисте и поделбите кои се случија во Црквата во 6-от век, со појавата на монофизитското учење и одвојувањето на т.н. ориентални Цркви (антиохиската и александриската) од едната Црква.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не мора, но повеќето се такви: тоа го велам од мое забележување, а не од испразна теорија. Имено, кога ќе прашаш атест дали верува во „нешто„, редовно ги добиваш следните одговори:

- не верувам,
- верувам во напдриродна сила (која и каква ли е таа?..)
- верувам во себе или
- „има нешто„...(што ли е тоа?...).
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 20:30 ---


...се‘ додека Ти не ме просветли и не ми укажа на грешките...:icon_lol:
Не знам кои се тие атеисти за кои што ти велиш дека веруваат во ова шо си го навел.. али очигледно имаш погрешна претстава за нив.. или си тежок лажго.. (море комбинација од двете имаш у себе)...

Уффф. .дај „боже“ да те просветлев.. секој ден се молам да те просветлам, али никако да ми ги послуша молитвите севишнион..... на жалост изглеа дека не постои...... ти нема спас..
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не знам кои се тие атеисти за кои што ти велиш дека веруваат во ова шо си го навел..
„Тие„ атеисти се оние кои ги гледам околу мене секој Божји ден и чии одговори се сведуваат на посочените.
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 10:36 ---
.. или си тежок лажго.. (
9-тата Божја Заповед ми забранува лажење. Кој и што Тебе Ти забранува да лажеш?
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 10:36 ---
Уффф. .дај „боже“ да те просветлев.. секој ден се молам да те просветлам, али никако да ми ги послуша молитвите севишнион.....
Изгле‘а користиш некоја „сумљива„ молитва...упатена кон „сумљив„ бог.
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 10:37 ---
...... ти нема спас..
..рече MEDDLE...

“...Дојдете при Мене...„, вели Христос...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
9-тата Божја Заповед ми забранува лажење. Кој и што Тебе Ти забранува да лажеш?
Ти треба заповест од надвор за да не лажеш?

Баба ти и дедо ти не те воспитале доволно добро?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
А од кај знаат баба ми и и дедо ми што е добро а што е зло?
Ти се зезаш нели?
Треба ли бог да ти каже дека што е зло?

Следново не го сваќај лично:
Ако те удрам ќе те боли ли?
Ако ти ја онаквам жената мило ли ќе ти биде?
Ако ти украдам нешто од дома арно ли ќе ти биде?
Ако те излажам арно ли ќе ти биде?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom