- Член од
- 22 јули 2010
- Мислења
- 32.528
- Поени од реакции
- 81.968
Споредбата на РМ со Ливерпул не е према финансиска моќ,туку според волја да се најде правото решение за клубот(кажано со зборови на Ајре)
Нигде не реков дека се подобри играчите туку дека не одбиле поради недоволна активност,комуникација,знаење итн што се одразува на клубот како бренд.
Брат зар може некој да биде помизерен од Ален?
Мислам дека ти ми ја сваќаш поентата ама премногу веруваш во тимот моментално што дури те нервира кога се кажуваат вакви критики т.е се вади прљавиот веш на виделина
И ако не прочита јас на страната кај мене за Форен дадов позитивно мислење бидејќи од тој регион излагале многу добри дефанзивци такада немаше да го ругам пошто ќе беше замена и алтернатива за дефанзивците ништо повеќе.Да беше продаден Агер а земен Форен е тогаш ќе имаше урлањеали вака не.
Дел по дел ќе ти реплицирам, како што си ги одвоил и ти, полесно е да се разбереме

Споредба на РМ со ЛФЦ не може да се прави на ниедно поле во последниве 4-5 години. Ниту финансиско ниту со желби и можности. Плус брат, ти не можеш да кажуваш дали некој има волја или нема. Ти директно вака обвинуваш а немаш доказ. Доколку имаш, те молам презентирај го.
Не можеш да знаеш зошто не одбиле. Мислам, доколку знаеш, повторно ќе те замолам, презентирај ни докази на сите, да се увериме. Лесно е да се каже нешто а за тоа да немаш факти/докази. Можеби не одбиле, не велам не но јас не можам да кажам дали е вака или така, затоа што не знам.
Мислам, односно знам дека многу играчи можат и се помизерни од Ален. За пример земи ги поранешните наши Адам и Спиринг. Многу, значи многу подобро ја контролира играта од двајцата во одбрана, за напаѓачка гледна точка и иновација е Меси и Зидан заедно за Спиринг. Знам дека Адам имаше повеќе асистенции но играше и те како понапред. Плус, кога се повреди Лукас се изгуби и Адам. Ален играше без Лукас. Мада, доказ и се сложувам со тебе дека двајцата во тимот се гушат и нигде ги нема но, тоа е веќе друга тема. Ти кажав дека не ме нервираат издржани критики со факти и докази


За Форен се согласувам во целост но, доколку дојдеше, можеби лоши зборови од тебе немаше да излезат (стрикно за тој трансфер) ама свесен си и сам какви коментари ќе прштеа по социјалниве мрежи. Како еден ебам КПР купува играчи и има пари да ги плати а ние со треторазредни штопери се задоволуваме.
Знаеш што е проблемот кај Скаузериве? Ако се купи недоволно познат играч и игра за малку пари....се прави муабет, зошто не се купил квалитетен на кој би му се понудиле милиони на годишно ниво? Доколку пак се купи некој таков играч.....зошто да стануваме како Арапите, треба кај нас да играат играчи што го сакаат клубот и играат со срце и душа за ЛФЦ.
Не иде
