- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.453
- Поени од реакции
- 5.859
Албанија веќе има 61% долг , но ако следиш колку се инвестира во инфраструктура , ќе ти стане јасно и зошто е овој долг.За автопатите во Албанија и Косово секоја чест на тие земји,ама тие немаат никаква економска логика туку политичка.Двете земји се на периферија на Балканот и немаат меѓународни коридори кои поминуваат низ нив.Албанија веќе се приближува до 60 % долг од БДП.
А ние.Е за нас, се е кажано во насловот на темава.Да немаш железница/автопат кон Бугарија која е членка на ЕУ и НАТО,е многу заостаната работа.Исто и кон Албанија.Јас разбирам пред 20 + г. зошто не се нвестирало во инфраструктура кон тие земји,ама сега работите се драстично сменети.
Новиот автопат меѓу Косово и Албанија го зголеми бројот на патници помеѓу овие две држави , како и трговијата.
Гледаш каков пат бил порано тој во Албанија , со 50км/ч возење (и селските патишта се подобри) , чести трагедии , автобуси паѓаа во провалии , сега со 120км/ч дозволена брзина (на Косово 130км/ч).
А сеуште нема ни патарини , без никаков надоместок се употребуваат автопатиштата.
Според мене , ова е доволно , има голем број на возила , побрзо се вози , се потикнува развојот , Косово доби брз пристап до пристаништето.
300 милиони евра во автопат имаат поголема економска логика него 300 милиони во споменици.
Министерот за транспорт на Србија Мркоњич пред некој ден рече дека и Милошевиќ имал идеја да има автопатско поврзуванје на Ниш со Косово , а со тоа на Романија со Албанија.
А сега и од ЕУ изјавија дека ќе финансираат автопатско поврзуванје на Србија и Косово ( со тоа и со Албанија и Црна Гора)