Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Овој брат му на Јорде од другиот татко ром :D
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 21:29 ---
Вардар го раскина договорот со Игор Стојаковиќ, се „крчкаат" и новите засилувања

Дознаваме дека Србинот нема да биде единствен што ќе треба да си замине од „црвено-црното“ семејство оваа зима, ќе има најмалку уште 3-4 заминувања, а конечниот збор ќе го имаат стручниот штаб и раководството.
 
А зошто не земат некој млад десен бек што всуштност НИ ТРЕБА, ако не можат млад што не го земат Владе Лазаревски или Тодоровски што грее клупа во Полониа, креативец ни треба со оглед на тоа што Стојаковиќ има 30 и кусур години, може да се земе Филип Тимов, млад и екстремно брз и талентиран, а игра по ниви во Ерменија само видете на Јутуб, а дечкото е феноменален. Кај се скаутите, и зошто оваа управа не сфаќа дека треба да се носат млади таленти, а не излитени старци

што ви реков:D
 
И Златко Бошковски е шутнат изгледа...

А ќе лета еден од Захов и од Симов,Ѓешо,Борче,и тие се тие уште 3-4 што пишува на Екипа што ќе се пакуваат...
 
И Златко Бошковски е шутнат изгледа...

А ќе лета еден од Захов и од Симов,Ѓешо,Борче,и тие се тие уште 3-4 што пишува на Екипа што ќе се пакуваат...
Се надевам дека ќе бидат Симов, Ѓешо и Бошковски. Борче може да добие уште 6 месеци зашо ја донесе есенската титула :D
Стојаковиќ ич не ми се свиѓа што е тргнат.
П.С. Него ме интересира што ќе биде со капитенот пошто сигурно Тодоровски не се носи за на клупа!? Да не лета и тој...
 
Епа го нема Илчо,го нема Боби,да не го снема и Мичка? :D
Мене Тодоров не ми е по кејф,сеа пред неколку месеци го гледав за репрезентација кога играше,жив труп беше...

А Захов ако е паметен,ќе си бара нов клуб.Управата и со него си изигра курташак,не ни почекаа да се опорави,а веќе донесеа странец голман,а тој не е дојден за да му биде конкуренција,туку за да биде стартер...
Има квалитети Захов,може и во странство да се снајде...

А Злате изгледа потпишал со Работнички,тие па увек го собирале нашето ѓубре.:icon_mrgr:
 
Пак ќе кажам, ич не ми е јасен потегов со голманот. Захов сосем солидно си ја извршуваше работата. Зашто да се создава незадоволство кај што нема потреба!?
Игор бил уценуван,сакале драстично да му ја намалат платата,за да продолжат да му го плаќаат станот...
Со вакви потези, потврдуваме дека сме светлосни милји далеку од голем клуб. Клошари!
 
Пак ќе кажам, ич не ми е јасен потегов со голманот. Захов сосем солидно си ја извршуваше работата. Зашто да се создава незадоволство кај што нема потреба!?

Со вакви потези, потврдуваме дека сме светлосни милји далеку од голем клуб. Клошари!
Нов тренер,нови играчи,затоа нејќев сега да го тргнат Боби.Сеа ќе биде исто скоро како да почнуваме од нула,тоа што Илчо и Боби го градеа година ипол,се сруши за час.(n)

А за Захов,тоа е тоа,се нема респект за своите играчи.Затоа нека си бега од тука,нека иде негде кај што ќе биде почитуван и толериран.

И има уште клошарски работи кој што не се за на форум.
 
Што не земале надежен млад голман од кој ќе имаат можност утре да профитираат, стварно не гледам потреба од 28годишниов дечко кој Јонуз го препорачал, имаш милион подобри опции и тоа македонци, како Гачевски од Капфенберг, Ефремов, и другиве што греат клупа во странство како Кико Наумовски одма ќе се залетаат да им понудиш место во тим кој ќе излезе во Европа речиси сигурно, исто и со десен бек, језда Тодоровски е искусен, ни треба млад и брз десен бек kako Филип Најдовски или Бојан Ѓоргиевски, исто со средина контактирајте ги младите макендонски надежи кои се излажале со тоа странство како Тимов кој има инзонреден тален а игра по ниви во Ерменија
 
Со вакви потези, потврдуваме дека сме светлосни милји далеку од голем клуб. Клошари!
Тоа е со луѓе кои сакаат со сила да го подобрат тимот...
Многу неферски потег кон Стојаковиќ. Мене искрено ми е криво што заминува, ипак имаше уште што да покаже, иако неретко заработуваше повреди. Па од Маневски сигурно беше попотребен, а и Маневски не зема воопшто мала плата. Особено вреѓа начинот на кој го избациле. Има поддршка од мене и му посакувам се најдобро понатаму.
Се надевам од тимот ќе летаат Гешоски, Симов и Бошкоски.
Немаше потреба да се носи голман кој ќе стартува пред Захов. Чим го донеле овој сигурно за стартер го планираат. Криво ми е што Захов ќе го седнат на клупа...
А со тоа ќе му го спречат и развојот.
За Симов е време да си оди, доволен е Боби за трет голман, и така нема никогаш да брани (бар нека го позајмат некаде, ќе заборави да брани детето) :)
Бошкоски е тотално непотребен, слично како и Гешоски.
Александар Тодоровски би бил големо засилување, мада ќе треба капитенот на клупа да го седнат. Ќе биде голема конкуренцијата за десната страна. Планирале да носат некој Португалец за во средина и некој од Гана за во напад...
Незнам што ќе ни се уште средњаци, освен ако не е некој што игра како Стојаковиќ, зад напаѓачите...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom