- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.231
- Поени од реакции
- 4.104
Ако слушаш ти шо ти зборуваат сите, нема никогаш кола да купиш. По никнејмот претпоставувам од Прилеп си, а денеска во Прилеп сите (без исклучок) се експерти за коли и за механика... сите се’ знаат. Па и од мајсториве ко ќе почнат да ти тураат во мозок, не земај таква кола со таков мотор оти не чинат. Ами нема да чинат ко се носат од Бугарија со 400.000 километри и шест газди сменети (6 различни стилови на возење) и најмалце 3 држави сменето. Тоа е ко ќе земаш кола за 3000 евра, нарочито од повисока класа, нема шанси да не и фали ништо. И после ќе почнат да кажуваат не чинеле тие и тие модели, а од секој различен муабет ќе слушниш и никој не вика дека неговата кола не чини.Аман бе :O поарно ко така да не купувам ич ебагоДизеливе не се зачувани, плинот ќе ти го јаде моторот, бензин многу ќе троши, на едни им паѓаат моторите после 150 000, другиве од странство не чинат, НЕМОЈ НИКАКО ДА ЗЕМАШ ОД СТРАНСТВО!!! Земи си од тука...од тука па се раскантани по патиштава и тие не чинат! Голф 4 бензин не земај не чинат, Голф 3 плин не чини не земај!, Поло, Пежо 206, Пунто се ко конзерви, мали, тесни.....у пичку матер веќе!!!
Јас само сакам да земам конечно во животов нешто подобро од 101, да осетам шо значи да влезеш в кола и да не се плашиш дали ќе запали на втор, трет, десетти пат, седиштето да не ми пропаѓа, да не ми трокира кога преминувам лежечи полицаец, да не ми грчи кога менувам во рикверц, да бидам сигурен дека ќе ме искачи на Плетвар, Крушево, да појдам до Скопје, Охрид for god sake.....да можам да качам девојка внатре, а не да ми биди срам со шпедитер од 90-та кој треба да има улога на кола
Е тоа сакам!![]()
Денеска дојдоа половниве коли толку евтини што ќе ја земиш за 2-3000 евра и ќе ја возиш некое време па ќе ја шитниш ко ќе ти здосади и пак нема да бидиш во загуба со илјадници евра. Земи си без мислење то шо ти се вози за тие пари и ич не слушај таканаречениве експерти шо скажуваат. Нормално, земи си мајстор од доверба со тебе, за да ја види во каква состојба е и не очекувај дека ќе возиш којзнае што за 3000 евра.