од денешнава утакмица се покажа дека имаме одлична репрезентација, само ни фали лидер од клупата, кој би имал авторитет и тактичко знаење, а и еден лев бек, кој за жал го имаме, но не е земен заради лични интереси. ова е моето видување за секоја позиција од репрезентацијата, споредено со повиканите од шундо
голман-ристовски и митрески. реално, шундо згреши што го изоставо дивио, а и даскаловски, кој брани во добра форма. митрески во оваа конкуренција би бил само 4 според мене. ристовски можеби не е светска класа голман, но врши одлична работа. од 1 до 5, оценка 4.
лево крило-манасков. одлична перспектива, доколку се е во ред, тој е решението за следните10-15 години и можеби иден лидер на репрезентацијата. шундо МОРАШЕ да го земи и ојлески како 2 лево крило во составот. оценка 4
десно крило. темелков е на залез на кариерата и да не заминеше во луксембург, можеби ќе играше на високо ниво уште 2-3 години, а гоце е иднината на таа позиција. за златче не вреди да зборувам

оценка 3
пикер-во столе и никола имаме одлична иднина, а ванчо треба да се повлечи. оценка 4.
десен бек-за кире нема потреба да се зборува

ЅВЕР!!! само кој после него???

оценка 5.
среден бек. мојсо и миркулоски се одлични и тие треба да го намалат притисокот кој го има кире. на ова сп и не се покажуваат баш во најдобро светло, но се одличен тандем. оценка 5