СП Ракомет: Maкедонија - Русија 16.01.2013 15:45 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата olaf
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено , да нападнеше Русија сигурно даваше гол или ќе изнудеа 7м , но не сакаа .

Да де и Тито е жив уште :icon_lol: Абе што ви е на вас и од реми сте незадоволни..а губевме цела утакмица со 4-5 разлика...:pos: Ај ќе ја тепаме Данска..а ако не Франција ќе си ја тепаме..па послатко има ли :icon_lol:
 
То бе Никуч ги искина со заби на крајот..кој ги тркала хејтерите:):)

Нерешено нерешено кој ви дава..губевме едно време 6 разлика што очекувавте да победиме??..судиите педери..обично не ги свират престапите но на Манасков два гола му секоа..плус ако гледаат под лупа и на Ѓеорѓиевски на крајот беше престап ама ќе ја претераа
 
Столе ли ги промаши двата зицера со голман гледав без коментатор? и да после тоа ја исклучив не ја гледав сеа гледам нерешено..ете кој е малерот :icon_lol:
Не беше тој Столе тоа беше кретенот Марковски
 
Сега најјак е Киро, така? Ајде хејтери, кажете нешто сега за Киро.

Инаку џабе нерешеното ако не излезат другите резултати како шо треба. Вечер данците ако ги тепат Исланд ќе го обезбедат првото место и петок можи да ни ја пуштат нас како компензација дека заради нас го освоја лани европското и ете не нас на второ или трето место и избегнување на Нарцис и другарите. :icon_lol:

П.С. Игра голема улога тремата кај Манасков уште, за жал.
Мало сутра ова :D Кај скандинавски екипи нема пуштање освен ако не играат меѓусебе :D
 
- Некој сега нека ми каже дека Лазаров беше воопшто присутен на натпреварот со Исланд?(но општо тогаш никој не изигра како требаше)
- Леле дај нека му каже некој на Шундо овој да им каже на ракометарите дека ситните фаули се корисни за преќинување акции ( сиве натпревари ѓи играме без прекршоци освен оние што се конечни за шут, толку ли не приметуваааат?????????????

Ако ги тепаме Данска сме втори/трети во група, зависи со колку голови би ја тепале.
 
6 гола негатива намаливме во второ полувреме.
Второ полувреме > прво полувреме, зачудувачки добро го одигравме второто, Борко да имаше уште некоја интервенција плус, и Манасков да не направеше 2 престапи, ќе ги добиевме Русите, но ајде, и овака е добро, кога од изгубен натпревар се извадивме.
Секако победа со 4 и над 4 гола, немаше шанса да напраевме.
 
Покрај силната игра на нашите момци
се појави Шундо да мрси конци.
Тактиката негова е многу силна и јака,
а на тајмаут Кире им објаснува финти од рака.
Кога нашите момци во контра ке утнат
Шундо вели сите душмани да пукнат.
Кога губиме Шундо е полн со нервоза и бес,
ама затоа кога тепаме не излегува на прес.
Стасано е времето Шундо да си оди
за да може некој со акал нашите момци да ги води.
 
Браво! Да играа малце пожестоко во одбрана како на крајот - победа ќе беше.
 
Да де и Тито е жив уште :icon_lol: Абе што ви е на вас и од реми сте незадоволни..а губевме цела утакмица со 4-5 разлика...:pos: Ај ќе ја тепаме Данска..а ако не Франција ќе си ја тепаме..па послатко има ли :icon_lol:

И тоа што викаш, сега ќе набилдаат самодоверба до небеса :icon_lol:
 
Столе ли ги промаши двата зицера со голман гледав без коментатор? и да после тоа ја исклучив не ја гледав сеа гледам нерешено..ете кој е малерот :icon_lol:
Не. Никола Марковски ги промаши.
 
Нерешено подобро од пораз...
Мада овој босд, нема многу да ни помогне.
Максимум можеме да одиме сдо третото место и со тоа да ја избегнеме големата Франција.
За да бидеме трети ДАНСКА МОРА ДА ПАДНЕ...
Немаме друг избор, Данска мора да падне, ни бод ни ништо друго не не спасува.
По катастрофалните први 40 минути, во последниве 20 минути конечно заличивме на екипа што завршила на 5-то место на ЕП.
За жал зицерите на Манасков не коштаа победа, и тој пеналот на Кире...
СТОЛЕ не врати во живот, он не одржуваше а потоа се разиграа сите. Конечно погоди и Миркуловски нешто, Гоце беше одличен во напад, само слабо го проигруваа :facepalm:
Неколку пати чекаше топка од Кире овој не го гледа.
Кире одигра добро, погосди што требаше, си дојде до просекот, проигруваше до Столе и тоа е тоа.
Столе маестрален, колкуи пенали изнуди, колку гола даде, колку исклучувања изнуди.
Пак неможам да сватам кога се кршеше резултатот го ставија Столе на клупа ццц
Маркоски два зицери утна, голема штета :place:
Борко почна убаво, после топка не фати. До крај Митревски одличен, иако во првите минути откако застана на гол прими некои голови осд далеку.
Ја зацврстивме одбраната, али Темелков и Гоце беа немоќни на нивната страна, не избушија од таму...
Темелков многу слаб денес.
Бранче беше добар денеска, даде и еден значаен гол. Јоноски многу поцврст во фвторото полувреме. Тоа е тоа што ни треба.
Неможе бе еден фаул да не направат на 9 метри :facepalm:
Номче, Фичо и Манасков се изнагубија топки на почетокот. Колку што беше нивна грешка, толку и ради тоа што десната страна не се открива многу многу пошто повеќе внимаваат на Кире, и кога овие од лево ќе се насочат да додадат натаму немаат каде и ја шиткаат.
Фичо брцна некој гол, имаше и 4 асистенции до Столе, али пак е тука впечатокот дека е кукавица... Особено ситуацијата кога имаше празен простор пред него, а се обиде да врати повторно сдо Столе...
Манасков се гледа дека е преморен, како можат бе само со едно лево крило да отидат лелелелелелеле
Фали да одмори малку, да седне малце да напуни батерии. Погоди тоа што требаше, може не беше на ниво како од претходните мечеви, ама не ни имаше многу контри денес.
Штета што тогаш направи престап кога доби топка од Велко :(
Со последниве 20 минути може да жалиме што не тепавме. Тоа Атман педерчето не утепа со тоа педерските шутеви...
Сега нека седнат и нека одмараат.
Не изгубнивме, што значи остануваме во игра да ја избегнеме Франција. Е сега меч со две острици е дали да дадат се од себе против Данска, па да играат со некој друг, но да влезат изморени. Или да ја одбереме Франција, а против Данска да одмараат поважните играчи.
Данска нема да ризикува, они со втор тим ќе играат сигурно, мада и вториот нивен состав ќе сака да се покаже, не се наивни играчи. Да играат наш втор против нивен втор тим има 30 разлика да изгубиме :D
Јас би одбрал да дадат се од себе против Данска, пошто Франција нема теорија да ја поминеме па ако сакале 20 сдена одмор нека имаат.
 
Ако ништо друго,мушки до крај,со срце,бравос(y).
Стоилов,:cuc::cuc:,на кој лудак му текна само да го извади од игра,кога се креши резултатот:eek:.
Митревски:cuc::cuc:,кога беше најпотребно,браво дете.
Кире:cuc:,капитенски,тоа е кире,што сакамо да го гледамо.
 
Сеедно ќе беше и да победевме со 1 разлика , ништо не менува тоа , потребна е победа над Данска. :)
 
Не,Манасков прееба нема што тука,посебно вториот престап никако не смееше тоа да го направи,

Штета.

И на Марковски свињата двата зицери и тоа е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom